Балканска журка во Метрополис

balkanska-zurka-vo-metropolis-povekjeМетрополис Арената во Скопје, на 16-ти декември оваа година ќе биде местото на случување на најголемата журка на Балканот, кога заеднички...


...концерт ќе одржат најбараните српски и македонски пејачи: Дадо Полумента, Џеј, Џогани, Панки и Рашо.

Артистите за најголемата журка на Балканот се ангажирани на барање на публика која на шестчасовната журка колку што ќе трае концертот, ќе ги започне предновогодишните празнувања. На сцената на Метрополис Арена на 16-ти декември ќе се појави уште еден пејач кој ќе биде изненадување за публиката.

Организаторите велат дека симболичната цена на влезниците од 400 денари е со цел македонската публика да ужива во шестчасовната концертна забава со единствените пејачи на Балканот кои знаат да направат вистинско предновогодишно лудило. На влезот на Метрополис Арена на самиот ден на концертот цената на билетите ќе биде 600 денари колку што изнесуваат и ВИП влезниците.

Картите во претпродажба можат да се набават во: Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Тобако Тугедер салоните низ Македонија.

Концертот ќе започне во 21 часот.

balkanska-zurka-vo-metropolis

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никогаш не било постигнато ништо големо без ентузијазам.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)