10 најголеми реклами на светот

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-povekjeОд појавата на адвертајзингот, секогаш постоел натпревар кој ќе креира поголема и позабележлива реклама. Со креирањето на најголемата реклама...


...на светот со сигурност се обезбедува медиумска покриеност и внимание насочено кон брендот или производот.

Најстариот рекорд за џиновски оглас датира од 1678 година кога фармер направил кружен дизајн на овесна нива во знак на протест за ниските плати, велејќи дека попрво би работел за ѓаволот. Рекламата понатаму се појавила во вид на памфлет наречен ‘The Mowing Devil’.

Ова се десетте најголеми реклами на светот, воедно фантастични примери за герила маркетинг:

1. Betfair.com - ги пречекуваше посетителите на европското првенство во фудбал во Виена во 2008 година. Биле потребни 4 месеци за да израсне рекламата од пченица, памук и невен која покриваше 50 фудбалски игралишта!


2. Реклама за
Gillete – Ликот на Роџер Федерер поставен на рагби терен на 70m x 50m. Повеќе од 1000 литри пена за бричење беше поставена на ликот на Федерер која потоа беше избричена.


3. Најголемото
Coca Cola лого. Лоцирано во Северно Чиле, 50 метри високо и 120 метри широко, а направено од 70.000 празни шишиња Кока Кола. Под него е испишано 100 anos- 100 години, направено по повод 100 годишнината на Кока Кола.

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-1


4. Swissair
- Се протегаше на Минхенскиот аеродром на 100.000 метри квадратни. Потребни биле 4 месеци за да се порасне и подготви рекламата.

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-2


5. Постер за Мајкл Џексон
– на 2.700 метри квадратни на нива во близина на аеродромот Хитроу во Лондон.

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-3


6. Дубаи билборд
– Најголемиот билборд направен од биоразградливи и рециклирани материјали. Реклама долга 1,5 километри, вредна $3.2 милиони долари. Овој билборд официјално ќе биде прикажан во Емиратите следната пролет. Дизајниран е за да биде комплетно еколошки, а веќе влезе во Гинисовата книга на рекорди со својата должина.

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-4


7. Трансформерс – постер за филмот
“TRANSFORMERS: Revenge of the Fallen” беше поставен на целата страна на Luxor Las Vegas хотелот. Пирамидата е висока 153 метри, а зафаќа повеќе од 9290 метри квадратни.

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-5


8. ‘Coop’s Paint’ Nationwide Insurance.
Импровизирана кампања за осигурување – боја истурена врз зграда, паркингот и автомобилите паркирани на истиот. Зафаќа повеќе од 400 метри квадратни.

kreativnost-10te-najgolemi-reklami-na-svetot-6


9. Најголемиот знак – Нокиа.
На 50 метри височина веднаш до London Bridge. Стрелката тежела повеќе од два тони,а била долга колку два дупли автобуси.


10. KFC – Логото на Kentucky Fried Chicken
може да се види и на Google Maps. Сместено е во Невада. Потребни биле 6 дена за да се изработи од 65.000 плочки кои покриваат 8130 метри квадратни.

Фаворит?

Би можело да ве интересира:

„Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми“ - Психолошки трикови кои секој треба ... Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми. Ако се фокусираш н...
Генијални изуми во маркетите ширум светот - потребни се и кај нас (фото) Рефус замрзната храна, колички за пазарење со мапа од продавницата и свежи соков...
На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...
Индиец силувал над 40 девојки и жени – Полицијата го бранела, па неговите жртви го линчувале во судн... Над 200 жени од Индија решиле да ја земат правдата во свои раце откако залудно г...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Доколку имаш намера да зборуваш, секогаш запрашај се - точно ли е, неопходно ли е, добро ли е?
Гаутама Буда (563-483 пр.н.е.)