Пакомак награден конкурс: Trash for аrt

pakomak-raspisuva-konkurs-trash-for-art-povekjeКомпанијата ПАКОМАК со цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни...


...уметнички творби од амбалажен отпад, распиша награден конкурс Trash for art.  

pakomak-raspisuva-konkurs-trash-for-art-1

Готовите уметнички дела треба да бидат доставени во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје, од 5-ти до 7-ми декември 2011 година, од 12-19 часот, а победникот ќе се закити со вредна парична награда од 1000 евра!

Пакомак, како единствена лиценцирана компанија за управување со амбалажен отпад во Македонија, со оваа активност сака да ја разбуди креативноста каја луѓето и да ги поттикне да создаваат интересни уметнички дела.

Во креирањето на делата може да се употреби следниот амбалажен отпад: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии конзерви, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак пакувања, кеси од чипс итн. 

Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад и да бидат високи до 150 см.  

Компанијата “ПАКОМАК” е прва во Македонија која од Министерството за животна средина и просторно планирање доби дозвола за  селекција и преработка на отпадот од амбалажи. Таа претставува над 360 македонски компании и работи на исполнување на националните цели за количините амбалажен отпад кои овие компании ги пуштаат на пазарот.

Крајна цел на ПАКОМАК  е намалување на дивите депонии, продолжување на животниот век на постоечките депонии, рециклирање на над 60% од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување.

pakomak-raspisuva-konkurs-trash-for-art

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Љубов е припивање еден до друг под чадор, долго време откако престанало да врне.
Непознат автор