Скенирање 3Д документи со HP

skeniranje-3d-dokumenti-so-hp-povekjeЕдноставниот мултифункционален принтер (MFP), со пристапни цени, HP TopShot LaserJet Pro M275, кој и беше претставен на јавноста на...


...1 февруари, им овозможува на малите и средните претпријатија да создадат материјали кои ќе им помогнат да се издвојат од нивните конкуренти, како и флексибилност да стигнат брзо до нивните онлајн клиенти.

skeniranje-3d-dokumenti-so-hp-1

HP TopShot LaserJet Pro M275 скенерот овозможува создавање на фасцинантни впечатливи слики, со што започнува револуција во скенирањето на 3D предмети и документи.

Опремен со HP TopShot Scanning – камера со висококвалитетни оптички леќи и сензор со висока резолуција кој е вграден во споените шарки над уредот, HP TopShot LaserJet Pro M275 претставува нова категорија на мултифункционални принтери.

Технологијата на овој принтер прави шест фотографии од еден 3D предмет – три од различни агли и три во различни амбиентално осветлени услови со различни нивоа на експозиција – кои потоа ги комбинира во една слика со висока резолуција и неверојатна длабочина на фокусот. Корисниците на новиот HP TopShot LaserJet Pro M275 можат брзо и лесно да скенираат документи и помали предмети и да ги интегрираат висококвалитетните слики во извештаите за работата на нивното претпријатие.

HPTopShotтехнологијата ми овозможи да заштедам време и пари.“  - изјави Ким Брајт, сопственик на „GraphicsinBloom“, мало претпријатие за графички дизајн. „Повеќе нема потреба да организирам комплицирани фото сесии, со специфично осветлување и поставување за да имам квалитетни фотографии од производите. Едноставно, го употребувам мојот HPTopShotи за само неколку секунди имам кристални дигитални фотографии.„


Континуирано „
cloudповрзување

Претпријатијата со динамично онлајн работење, или тие кои сакаат нивниот печатен материјал да се разликува од оној на конкуренцијата, ќе имаат голема корист од HP TopShot LaserJet Pro M275. Неговите „сè во едно“ карактеристики им овозможуваат на корисниците директно да прикачуваат слики од документи и предмети на интернет,  за практично чување, управување и споделување. Покрај тоа, сликите можат да се прилагодат за употреба во графички дизајн или лесно да се вметнат во брошури и флаери за принтање.

Новиот сеопфатен уред отвора нови можности за поголема креативност и соработка со директното поврзување на интернет и cloud. Во свет со постојана интернет конекција, HP TopShot LaserJet Pro M275 брзо им помага на малите и средните претпријатија подобро да им служат на своите клиенти.

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
На светот има толку многу за сите нас само ако имаме очи да го видиме тоа, срце да го сакаме и рака да го собереме.
Луси Мод Монтгомери (1874-1942)