Пробајте: Идеи за секс за секој ден во неделата

idei-za-seks-za-sekoj-den-vo-nedelata-povekjeКако да се најде повеќе време за сите благодети кои ни ги нуди сексот? Трикот е во тоа да го смените својот секојдневен пристап и да пробате нови идеи уште оваа недела.



Повеќето сексуалниот живот го ставаат ниско на листата со приоритети, многу под работата, сонот, грижата за децата, а понекогаш и гледањето натпревар е повисоко на скалилото на приоритети.

Сменете го распоредот со помош на следните идеи.

idei-za-seks-za-sekoj-den-vo-nedelata

Понеделник: Антистрес секс
Првиот ден во неделата е многу напнат. Викендот е завршен, а уште една напорна недела е пред вас. Победете го стресот со лесен релаксирачки секс еден час по вечерата. Почнете со еротска масажа.

Вторник: На брзина
Стигнавте дома по работа. „Фрлете се“ на еден брзински и страстен секс пред да ги наполните стомаците со вечера, потоа ќе ве мрзи да се придвижите. Кујната е одлично место за оваа кратка, но слатка епизода. 

Среда: Акција на кауч
Како повторно да сте средношколци. Легнете на кауч и гледајте филм. Додека филмот привршува почнете со вашата „акција“. Бакнувајте се по вратот и рамениците, а тој за неколку минути ќе посака да ја искине вашата облека.

Четврток: Мрзлив секс
Работната недела е при крај, а вие сте веќе изморени. Еве идеална поза која не бара многу напор, а дава големо задоволство. Двајцата треба да легнете на страна, мажот зад жената. Во оваа положба може да пробате неколку интересни пози.

Петок: Агресивен секс
Кој е најдобриот начин да ја употребите дивата енергија која од вас ја извлекоа проблемите на работа? Сексот, се разбира.
Дочекајте го партнерот уште на вратата и наместо да почнете кавга, како што обично правите кога ќе ве притиснат проблемите, бакнете го уште на вратата и почнете да го слекувате.

Сабота: Секс под туш
Ах, сабота! Кога би траела цела недела! Ден за уживање и одмор.
Предложете му на партнерот заедничко туширање, како добра предигра за страстен секс кој ќе следи.

Недела: Утрински секс (два пати)
Поминете половина ден во кревет, но не да гледате телевизија.
Искористете го неделното претпладне за секси лудории. Имате сила, вчера беше сабота ја повративте енергијата, па навалете.

Најмалку два пати, еднаш вие смислете сценарио, а вториот пат тој нека бира поза.

Би можело да ве интересира:

Секс поза „пајак“ – со бавни движења доведете ја партнерката до лудило (18+) Секс позата „пајак“ е одлична за сите оние што сакаат интимниот чин да трае подо...
Во која година од бракот партнерите почнуваат да размислуваат за неверство, според истражување? Кои се најчестите причини за афера и во која година партнерите почнуваат да разм...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
8 неочекувани работи кои посочуваат дека вашиот брак нема да трае засекогаш Научници ги анализирале браковите на 373 двојки во период од 16 години. До 16-та...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Маж (48) со исповед: „Партнерката е сексуално поискусна од мене – се плашам дека сум ѝ здодевен“ „Бившата сопруга не беше заинтересирана за секс, а таа е единствената жена со ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Верувам во сонцето и кога тоа не свети, верувам во љубовта и кога не ја чувствувам.
Непознат автор