Тест: Какви сте во друштво?

test-kakvi-ste-vo-drustvo-povekjeОдговорете на следните прашања со ДА или НЕ и дознајте какви сте во друштво, кои особини треба да ги негувате, а што да одбегнувате. Под тестот се резултатите.



1. Дали по првиот состанок повторно ви се јавуваат?

2. Дали запознавате нови личности во последно време?

3. Дали ве загрижува тоа што другите се толку опуштени во ваше друштво и дали им е пријатно?

4. Дали зборувате за интимните детали од својот живот со новите познаници?

5. Ве интересираат ли луѓето со кои се запознавате?

6. Дали ви е пријатно кога седите сами во ресторан или кафуле?

7. Дали знаете да им се претставите на непознатите на забавите?

8. Дали ја отворате вратата ако некој ви заѕвони без разлика како сте облечени и ако имате маска на лицето?

9. Ги прифаќате ли сите покани без многу размислување за тоа што ќе облечете и со кого ќе разговарате?

10. Мислите ли како се вклопувате во просекот по број на пријатели?

Доколку имате повеќе одговори НЕ

Се чини дека ви недостасува самодоверба. Срамежливоста може да биде привлечна, но само ако е дозирана. Морате да поработите за да ги поправите комуникациите со другите. И другите, како впрочем и вие, не се совршени и многу е важно тоа да го прифатите. Ако од себе, а и од другите очекуавте совршенство во односите, нејчесто ќе завршите осамени. Ослободете се од комплексот што го имате. Бидете заинтересирани за другите. Секој си има своја приказна и ако се концентрирате на неа, разговорот станува полесен. Научете да слушате. Иста така е важно да ги прашуавте другите за мислење и да се заблагодарите на советот, а кога тоа ќе го кажете тоа и да го мислите.

10 особини поради кои никому нема да му бидете драги

-1- Ароганција - непријатно горделиво однесување со оставање впечаток дека сте поважни од другите или дека знаете повеќе од нив.

-2- Непристојност - Навредливи или напаѓачки изјави. Ако сте непристојни, другите можеби ќе ви се смеат, но нема да им се допаѓате.

-3- Гледање од височина - Самоволја и доминација. Личностите кои никого не слушаат и се обидуваат да ги контролираат другите, а при тоа ја наметнуваат својата волја во поново време се движат по работ и ги сметаат за злоупотребувачи. Тоа не само што не е убаво, туку и ја надминува границата на дозволеното.

-4- Неискреност - Зборување невистини. Сите лажат, но голема е разликата ако некој постојано лаже или пак понекогаш знае да ја „разубави“ приказната за да го заштити своето достоинство, или пак за да заштити некој друг. Што почесто бидете искрени, тоа луѓето повеќе ќе ви веруваат и вашето мислење ќе има поголема вредност.

-5- Избувлив темперамент - Личности што го менуваат своето расположение ненадејно. Не треба да се биде санта мраз. Емоциите се дозволени, но ситници не смеат да ве вадат од такт.

-6- Умисленост - Високо мислење за себе. Нервира исто како и ароганцијата. Одлично е да се има висока самодоверба, но кога тоа ќе го покажувате пред другите, тие се чувствуваат мали и многу е непријатно.

-7- Зависност - Ако секогаш се ослонувате на други за помош. Тука зборуваме за луѓе што се претерано зависни, особено во блиските односи. Ништо повеќе не ја лади другата страна отколку кога ќе покажете дека без неа не можете.

-8- Песимизам - Тенденција на сè да гледате негативно и да ги нагласувате само лошите страни. Ако сте депресивно мрчало, ќе им се допаднете само на негативните луѓе кои од вас ќе бараат потврда дека ним им е најлошо.

-9- Неверодостојни - Ако на вас човек не може да се ослони ниту да ви верува. Кога некој е неверодостоен луѓето автоматски кон тоа ги надоврзуваат и другите особини како што е мрзеливост, себичност, неорганизираност...

-10- Попустливост - Претерана понизност, улизување и додворување. Очигледно е дека нешто сакате од другите или пак не сте изградена личност. Во секој случај, ниту едното ниту другото не е интересно ниту пак пожелно.

Би можело да ве интересира:

Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Погледнете ја фотографијата со три илустрации, па врз база на двата одговори, об...
Квиз: Која е вашата идеална секс поза во лето? (18+) Дали сте од оние кои поради жештините избегнуваат секс кога надвор е +30 степени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Личниот успех, деловниот успех, изградени само врз материјализам се празна обвивка која крие тажен живот.
Џорџ Р. Вајт