Потпишана декларација за младинска одржливост!

potpisana-deklaracija-za-mladinska-odrzlivost-povekjeМладинските организации Гоу Грин, АИЕСЕК, Младински Образовен Форум и Сојузот на Извидници на Македонија, во саботата потпишаа декларација...


...за младинска одржливост со која официјално ја изразуваат својата приклученост кон заедничко работење и меѓусебна поддршка за подигнување на свеста кај младите за одржливиот развој и заштита на животната средина.

potpisana-deklaracija-za-mladinska-odrzlivost-1

Одржливоста претставува пресек на три димензии, економија, општество и животна средина, следствено вклученоста единствено во една област не се покажува како доволна и се наметнува потреба од интер-дисциплинарен пристап, соработка и знаење од различни области – истакна Антонио Јовановски, претседател на Гоу Грин.

Декларацијата беше потпишана на отворањето на семинарот “Платформа за младинска одржливост” каде што покрај претседателите на младинските организации, и Францускиот амбасадор како главен подржувач на иницијативата, имаше поздравен говор.

potpisana-deklaracija-za-mladinska-odrzlivost-2

Семинарот беше посетен од 87 млади луѓе, средношколци и студенти од Скопје, Куманово и Тетово. За атмосферата на отворањето и семинарот може да ги погледнете фотографиите поставени на Фејсбук страната.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ниту едно задоволство не може да се спореди со потпирањето врз вистината.
Франсис Бекон (1561-1626)