Ајде да штрумфуваме!

ajde-da-strumfuvame-povekjeПросветно дело ве поканува: Забава за сите генерации чии јунаци од детството се сините минијатурни суштества - Штрумфовите! По Њујорк...


...Штрумфовите се штрумфнаа и во нашиот град. Овие неодоливо симпатични минијатурни суштества ги зазедоа сите книжарници на ПРОСВЕТНО ДЕЛО и ги обоија во сино.

Се населија во сликовниците, мозгалките, игрите и боенките, и октомври – месецот на книгата – го прогласија за МЕСЕЦ НА ШТРУМФОВИТЕ.

Доколку сакате да ги запознаете и да штрумфувате со нив, следете ја нивната шема на штрумфување:

Оваа сабота (15 октомври) во 12 часот во холот на ВЕРО ЦЕНТАРОТ ве покануваме на маскенбал на тема Штрумфови.

Маскирањето е едноставно: бели хеланки, сина блуза и бела капа, освен ако вашиот избор не се Веле Штрумф или Гаргамел.

Најдобрите и најоригинални маски ќе ги наградиме, а ќе штрумфуваме на песните на солистите од ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ.

ajde-da-strumfuvame

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога срцето плаче по тоа што го загубило, душата му се радува на тоа што го нашла.
Непознат автор