Овен: Ако сте слободни, во првата половина од месецот ќе имате средби со личности од кои мора да избегате по секоја цена. Но, можно е да не успеете да ѝ одолеете на една од нив и да имате авантура која ќе ве повреди. Дури кон крајот на месецот ќе запознаете приземјена и културна личност со која е можна сериозна емотивна врска.