„Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка нема да има. Јасно е дека не останаа во добри односи со Харис. На Мелина ѝ пречеше тоа што некои работи тој ги изнесе во јавност. На некој начин сакаше да покаже дека продолжила понатаму и дека е среќна“ - вели извор близок до модната дизајнерка која е во врска со милионер.
Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“, го покажа трудничкото стомаче и ехо снимката за да сподели дека чекаат второ дете - таа е вистинска инспирација, посебно со видеата на кои ја храни, пресоблекува и си игра со ќерката.
Најинспиративна вест денес – Сретен, кој е најстариот активен скијач во Златибор, денес го прослави 90-тиот роденден со скијање и со јакна на која пишува: „90+ години живот, 75+ години скијање“.
Чедомир Јовановиќ и неговиот пријател и цимер Аца Кос, за кого во јавноста кружат гласини дека му е емотивен партнер на политичарот, се вклучени во инцидент во локал во центарот на Белград, кој завршил со тепачка.
На социјалните мрежи вирално се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како дете виси од корпа на жичница и веќе во следниот момент паѓа – група скијачи оддолу пробуваат да го фатат, но не успеваат. Детето е во болница со скршеници.
Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана притворска казна ѝ беше одбиен (4-те месеци што ги помина во притвор во 2003-та). Таа сподели чудна ситуација со еден од обвинителите...
И додека Ања Бла, по 26-тиот роденден, замина во Истанбул со другарка, Бака Прасе открива како се чувствува поради обидите за рекет и запалениот џип. Милена, пак, неговата саканата порачува дека сака сите да видат преку нејзиите очи каква личност.
„Ги лајкува фотките на моделот, ама не ставил лајк на фотка на свршеницата повеќе од една година. И сакате да ми кажете дека тоа е нормално?“, пишува Американец кој Бресквица ја претставува како манекенка и кој ги подгреа гласините за љубовната афера на Дончиќ.
„Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те скрши те направи посилна“ - Милица Тодоровиќ го сподели овој цитат во кој се пронајде, додека во меѓувреме нејзината сосетка тврди дека љубовникот ја „откачил“: „Откако дојде од породилиштето, тој ниту еднаш не се појави кај неа во станот. Таа е сама со нејзината мајка таму“.
„На почетокот на врската Зорана често ми го проверуваше телефонот, посебно после настапи. Нормално е да не си веруваме. Во минатото сум изневерувал и не се гордеам, но сум бил млад и ми се отвораа шанси за девојки за една вечер. Меѓу нив имало и колешки...“ – Саша Ковачевиќ брутално искрен за љубовниот живот.
По победата на женската група „Лелек“, едни сметаат дека Хрватска направила одличен избор, други пак, велат дека ова е мелос „кој потсетува на Србија и Косово“, и дека би поминал кај европската публика пред 20 години, но не и денес.
„Во автомобилот, додека возев, се случуваше нешто непримерно и во еден момент изгубив контрола и удрив во бандера. Тоа непримерно однесување можеби било и нешто убаво“, Марко Гвозденовиќ за мигот кога во автомобилска несреќа ја уби бившата девојка Јелена. Потоа тој беше пријавен за семејно насилство и претепување на сопругата Ѓурѓа, со која има две деца.
Драма помеѓу поранешните љубовници... „Фала на поканата што ја добив 2 часа пред концертот и фала што нема да ми одговориш, реално не ме ни следиш...“ – напиша јавно Беквалац, а Владо Георгиев ѝ одговори во коментари со големи букви: „КОЈ НЕ ТЕ СЛЕДИ?“.
Бака Прасе повторно среде скандал, овој пат неговиот луксузен автомобил бил запален во 3:30 часот, по полноќ, пред неговиот дом.
Анѓелка Прпиќ е во едно од најсексапилните изданија досега, со впечатливи чевли, но и најопуштено позира во прегратка на сопругот, за кој вели дека и да умре, би се родила одново, само за да го сретне него, по сите маки со бившиот.
„За Денот на вљубените сакаме овие двајца да се смират“ - пишуваат фановите откако Владо Георгиев ја донесе за рака Беквалац на сцена, заедно ја пееја „Mi nismo ni“ и се прегрнаа и бакнаа во образ пред цела публика, по долгогодишните гласини дека биле во љубовна врска.
Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор и неговата мајка Оља, а сега веќе ја носи на ручек средби со пријателите. Дали бившиот на Северина конечно ќе пронајде среќа по двата пропаднати брака? Втората сопруга му се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и сака да стане пејачка...
Силвија се најде среде скандал кога ѝ дозволи на ќерката на 10 години сама да седне зад воланот, додека таа е на совозачкото седиште, по што следеше лавина од критики дека не е во ред на толку мало дете да му се дозволи да управува со автомобил. Таа искрено зборуваше и за првите години по разводот на нејзините славни родители...