„Ги познавав уште кога ме побараа да бидам менаџер на Андреј во ТНТ и Панчо во ОК БЕНД. Соработката продолжи кога по иницијатива на Панчо се роди групата ДНК. Панчо другарe мој... мислев дека ти ќе бидеш новиот Борец за да остане ДНК“, гласи дел од објавата на Милорад Цаиќ Цајо.
„Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да си мој најблизок човек во патувањево. Овие 7 месеци ти ми беше единствениот зрак надеж и светлинка, а вчера со тебе замина и дел од мене Влатче. До следното видување злато мое. Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, а до тогаш знам дека ќе ме чуваш од горе“ - напиша во долгото збогување Теа Трајковска.
„Нека почива во мир, а ние ќе го носиме длабоко во срцата нашиот Владе, убав тој на наставничката, како што милував јас да му кажам“, стои во коментарот на неговата наставничка Благица, откако од О.У. „Љубен Лапе“ се простија од Панчо.
За јавноста беше Панчо, но за синовите - тато. За оние кои доаѓаа на неговите диџеј сетови беше DJ Shorty, но за пријателите - џуџе. А сите го знаеја како голем борец, хуманитарец кој двоеше од себе за да им помогне на оние кои имаа помалку од него. Владимир Блажев засекогаш ќе остане синоним за човечност и добрина.
„Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не си кажавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период“ - напиша во коментар на објава од болницата Маја, со која Панчо доби два сина, а кои останаа скршени од болка по неговото заминување.
„Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав! Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме!?Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?“ - Елена Ристеска со тага се потсетува на моментите со Панчо и се збогува од него.
„Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила секој ден ме воодушевуваа и ме охрабруваа за секој нов ден. Имавме многу планови, идеи...“ - напиша Сергеј Четковиќ, кој беше близок соработник со Панчо, но и искрен пријател.
„Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент“ – стои во дел од пораката на Тамара, а Каролина напиша: „Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш“.
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа Костова.
Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и поцвреди.
„'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе секојпат кога некој ќе го подигне тонот...“, гласи дел од објавата што ја сподели Стефанија Арсова од Свети Николе и порачува: Психичкото насилство нема модрици, но има последици што траат многу долго и остава најдлабоки лузни. Да не го негираме и да не го оправдуваме со 'таков му е карактерот'.
„Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додека го чистев ѓубрето од лифтот што некој сметал дека му е тука местото, верувам дека нема да ви падне и вам нареден пат (за жал знам дека ќе има нареден пат)“ - е дел од пораката што поранешната Мис на Македонија ја остави за соседите.
Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои
Менче во 2023-та година имаше операција за замена на колкот, поради дијагнозата коксартроза, а годинава го истрча својот прв полумаратон, односно истрча 21km на Скопски маратон 2025. „Овој момент за мене не беше само трка, туку симбол на храброст“, вели таа за CRNOBELO.com.
Ирина Камилоска му приреди изненадување забава по повод 40-иот роденден на саканиот Павле Камилоски во Галичник, Светлана и Мики Црнокрак прославија 28 години брак, а Eлена Најдоски со сопругот во Белград...
Со момците од својот бенд и придружните вокали, Северина помина убава вечер во познат скопски ресторан - наздравуваше со бело вино, ја покажа полната трпеза со солени специјалитети, а потоа и десертот што го спремиле за нив.
„Би ги срушил сите дивоградби кои го блокираат градот, би вратил дел од зеленилото кое е уништено и би ги тргнал сите коли од тротоарите, макар тие биле и на највисоки функционери или странски претставници“ - вели во нашата анкета скопјанецот Али.
„Ја отворам фотографијата, а тоа црно-бела фотографија од почината жена. Еве, сега не ми е пријатно кога го зборувам тоа. Не можев да поверувам, се имам откорнато од плачење“, споделува Сергеј Варошлија.