Дани објави фотографии на кои во бели панталони блеска покрај својот избраник, некогашниот кошаркар Горан Веселиновски, во друштво на нејзиниот син и неговата ќерка.
Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите ужива еден месец во Македонија, откако дојдоа на посета од Австралија, Антониа Гиговска привлекува внимание во специфичен аутфит, а Сузана Гавазова снима танцувачки ТикТок видеа.
„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце!“, напиша Горан Тонев, кој ја преживеа кобната ноќ во Кочани и 2 месеца се лекуваше во болница во Солун.
„Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што си ја вршат таа задача, јас сепак сама изработив и картички, декор на свеќички за пред секој гостин, мени карта... И тортата беше со бисери и големи цветови, како целата декорација“, вели Јована од Свети Николе за свадбата со саканиот Петар.
Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобната ноќ во Кочани, преку фотографии се потсети на убавите времиња со Панчо, Сара, Андреј, Буцо и останатите членови на бендот.
„Бескрајно лето. Се чувствував како летото да ме обзема“ - напиша Вера Мештеровиќ и објави неколку фотографии во бикини.
„Jaс сум само дете, сакам да дишам, сакам спорт, а мириса на СМРТ! Ние децата не сме виновни, вие сте! Сакам да растам покрај баба и дедо, а овде веќе нема живот. Што е потребно за да се освестите? Ни овозможивте детство што мириса на отров“, испраќа моќна порака 12-годишната Евгенија од Скопје.
„Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, но на најомразениот, онојшто порано го преминував секој ден и душа ми вадеше, видов пешачки претворен во сцена, и девојка која ми подари и едно ливче со порака, ме трогна...“, вели Јасна Шоптрајанова и нè потсетува и на убавата страна на животот во Скопје
„Не отворив ниту врата, ниту прозорец цел ден затоа што на скоро 25 дена пред закажана операцијата чувствувам мирис и смрдеа.... Почнав да се гушам при најмалото отворање на прозорец на три секунди“, вели Весна Петрушевска. „Магариња на куп. Тоа сме. Магариња што веруваат во случајни пожари и запалени депонии во 20 дена“, пишува Миа Костова.
Наташа Петровска, која важи за една од најзгодните Македонки, веќе неколку дена се забавува на летувањето на Миконос...
„Понекогаш сакам да бидам облечен како локалците“ - напиша Златко на Инстаграм и сподели фотки и видеа во традиционална долга облека, во вид на машки фустан.
„Операцијата помина успешно. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш навистина се качев на едрилица, на сред море…“, вели Ана Стојанова и објави ново видео од болница.
„Денес повеќе не се ни прашувам каде ми е „дома“. „Дома“ е кога појадувам со ќерка ми или кога се „бориме“ со син ми. „Дома“ е со моите браќа во Канада, доселени од сите страни на светот. „Дома“ е во рацете на мајка ми кога ќе ме гушнат и што сè уште готват со иста љубов, иако се уморни...“, емотивно споделува Кирил Колемишевски, некогашниот член на Нокаут.
„Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син и секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов...“, вели Драган Спасов Дац.
Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
По долги години врска, која се трудеше да ја чува подалеку од очите на јавноста, пејачката Дани Димитровска се омажи со Горан Веселиновски - Весел.
„Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. А летово кога се враќавме од Турција, виде знаме кое не го знаеше, го меморирал, па преку Google photo откривме дека е знамето на Северен Кипар, кое се користи само во рамките на државата“, вели за CRNOBELO.com мајката на малиот географски генијалец.
„Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жива и здрава“, вели Ребека, откако нејзиниот сопруг објави фотка на која двајцата имаат по една повредена рака, во лонгета.