„Дел од прославите ги правиме во Македонија, дел во Бразил. Нашата ќеркичка ќе се вика Елена и ќе се роди во Рио де Жанеиро. Засега планираме да останеме во Бразил една година и потоа ќе се вратиме во Македонија“, вели Славчо Јованоски (24) од Охрид за CRNOBELO.com.
Oткако заврши вечерта и гостите си заминаа, сопругата на актерот, Александра, објави фотка од славеничката и нејзиното братче како „изморени“ лежат врз замокот.
По посетата на Македонија, патувачките блогери Сара и Рајан заклучија: „Оваа земја е потценет бисер на Балканот што заслужува многу повеќе внимание! Не очекувавме да се заљубиме во Македонија, но сега официјално ни е едно од омилените скриени богатства во Европа. “. Тие Охридското Езеро го споредија со Комо.
Војо Иванов, кој е еден од негувателите во Скопје ЗОО сподели видео од инцидент во зоолошката. Додека им кажува на деца дека не треба да се качуваат
Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои првпат седнуваат во учичишните клупи. Многу емоции, солзи радосници и кај родителите, кои на социјалните мрежи споделија фотки од првиот училишен ден.
„Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, нека секој ден ти свири во најубав ритам - со хармонија на здравје, мелодија на среќа и акорди на љубов и успех. Продолжи да инспирираш и да создаваш моменти што се паметат“, напиша Калиопи.
Познатиот доктор Миодраг Врчаковски објави видео со синот Врчак и со нивните мачиња, а потоа Врчак објави и колку килограми има за цел да симне, Вера Мештеровиќ уживаше на плажа и позираше во полутанга бикини, а Антониа Гиговска се појави во впечатлив аутфит.
„Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца, булинг (врсничко насилство) и секоја останата форма на злоставување. Преку овој физички подвиг како група мечтаам да ги утешиме сите жртви дека треба да побараат помош, да се доверат некому и да го поминат животот во љубов и пријателство, а не сами и во изолација“, вели Кирил Ангелов, нагласувајќи што нему му било потребно кога бил најранлив.
„Не постои краток пат за слабеење. Кога ќе престанете со овој „лек“, за 6 месеци ќе вратите сè и нешто екстра. За нус појавите не сакам ни да навлегувам. Вие си знаете, големи сте!, вели Миа Костова и ја осудува Серена Вилијамс, заедно со балерината Стефанија Гаштарска и фитнес тренеот Бранко Десовски.
Охриѓанецот Марко Пејчиноски повторно нè направи горди. Тој синоќа (28.08) го комплетираше модифицираниот триатлонот Ironman, долг 107km, предизвик во кој трчаше скоро 8 часа, два и пол часа возеше велосипед и преку 9 и пол часа пливаше во Охридското Езеро.
Дамјан Дренковски по ТВ кариерата во Македонија, извесен период живееше и работеше во Дубаи, но сега својот дом го пронајде во САД, покрај саканата Александра.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов се венча со грчката манекенка Филипа Ксанта.
„Сфативме дека сме повеќе од партнери за тренинг – ние сме партнери за живот. Нашата приказна започна во теретаната, но продолжува со „да“ – за цел живот, засекогаш заедно. Правевме свадба во мај, и дождот беше присутен целиот ден. Но, ништо не можеше да ни ги расипе моментите на најубавиот ден“ - раскажува Симона Спасовска за CRNOBELO.com.
„Сценарио: Дома во двор, Берово, сонце пече ама таман, не премногу, јас и мама сме сами, пиеме кафе, од внатре иде песна, си муабетиме што ни треба да реновираме нешто кај баба дома и што ќе доручкуваме. Животот е убав“ - вели Јелена за посетата на домот во кој израснала.
„Охриѓани, храната е срцето на угостителството. Но, услугата? Таа е душата и без неа вкусот исчезнува“, вели Виктор Настески и прави споредба со каква ситуација се соочил за време на работата како шеф на крузер.
„Не ги чепкај луѓето со педесет + години... Тврди како леб од една недела. Брзи како татковата папуча што лета кон тебе со прецизност на бумеранг. Со пет години знаеле да го препознаат расположението на мајка им по звукот на капакот од тенџерето“, споделува вирална објава Драган Спасов Дац.
„Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Утре ќе се обидеме повторно, но ќе тргнеме да пловиме од Скопје“, вели Ричард Хејвард од Велика Британија, кој трггна да плови по Вардар од Гостивар.
„Многупати сум била на Кривошијски водопад на Лешница, но овој пат за првпат се охрабрив да влезам цела во студената вода на Кривошијска река чија што температура изнесува од 10-12 степени. Искуството беше феноменално и незаборавно, всушност толку беше добро што го повторив трипати во еден ден“, откри Ирена Спировска, а сподели и каква авантура била посетата на пештерата Убавица.