„На ќерка ми ќе можам да ѝ кажувам: ‘Кога излезе на светот, тато прв те зеде - и тоа е фасцинантно чувство’“, изјави Жарко за ќерката Ника во една пригода. Сега, неговата сопруга Ивана е повторно бремена, а Ника ќе добие братче или сестриче.
По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна атмосфера го прослави Велигден со трите ќерки и сопругот и напиша: „После 8 години малку е гужва под црешата и сум преблагодарна за тоа“.
„Лекции од велигденските јајца - има три вида. Едни, не попуштаат под притисок. Колку повеќе ги удираш, толку повеќе држат. Со нив знаеш на што си. И убаво е да имаш такви покрај себе. Со нив и ти си појак. Макар имал и само еден“, вели Снеже во својата порака.
Иако често патуваат заедно, пејачката само во посебни прилики споделува семејни фотографии на кои се сите четворица - таа, сопругот Драган и синовите Димитар и Кристијан.
Една од нашите омилени водителки, го посети Милано со сопругот и блеска покрај него. Тие влегоа и во Дуомо, па Билјана објави и фотографии од внатрешноста на катедралата.
„Големи гради не се за секој, според мене. Можеби би ставила гради кога би родила деца, па отпосле ако имам потреба. Но, во овој момент не би коригирала ништо, многу се чувствувам сигурно во своето тело каква што сум“, вели Мартија во гостувањето во подкастот „Урок“.
„Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си играла. Ни на крај памет дека еден ден, повеќе од 70 години подоцна, ќе дојде да се слика тука со внуката“, напиша Јелена и сподели фотографија со баба ѝ, пред нејзината куќа во с. Двориште.
„Со оглед на тоа што во овој апартман си живее семејство, за да се „спасат” од секојдневните посети и сликања (како мене на пример), луѓево си ставиле ограда. Дури имавме можност да поразговараме со сопственикот кој излезе во меѓувреме и нè покани во негов ресторан“ – напиша Лила за видеото во стилот на „Сексот и градот“, а објави и други моменти од посетата на Њујорк.
Со фотка од снимање спот на која двете изгледаат прекрасно, Антониа Гиговска го најави дуетот со Благица Павловска, но и новиот албум, Даниел Николовски ја шминкаше Нашаша Белвалац за настап, а Катарина Ивановска со децатаго посети Рим... Што правеа нашите ѕвезди на Инстаграм во изминативе денови?
Светлана Црнокрак штотуку наполни 50 години, а Вера Јанковиќ е во седмата деценија. Но, заедничко им е што важат за едни од најзгодните жени во Македонија, а кои имаат над 50 години.
„Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост и нов живот. Од срце Ти благодарам што мојот син Милан денес си дојде дома“, напиша Драган Темелков, познат како Џони.
„Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видиме. Таа знаеше дека сè уште сум во некаква заедница, па не сакав да ја форсирам зашто видов дека е многу тврда во тој поглед. Но бев упорен и по некое време се сложи да се видиме“, вели Дарко Панчев, кој телефонски гостуваше во подкастот „Урок“, додека сопругата Маја зборуваше за нивната љубов.
„Од мај лани интензивно се посветив на верата и почнав да гледам со други очи на смртта, воскресението и сè она што нè очекува после смртта и дури го живееме животот. Ме спремал Бог за ова, но не директно, нормално. Јас тоа не го знаев, го освестив откако татко ми си замина“, вели Ивона Јо.
„Прекул за да бројам свеќи“ – напиша Аделина за роденденот на кој декорацијата е елегантно бела со многу кали, на менито имаше повеќе морски специјалитети, доби подарок Hermes ташна, дуваше свеќи на тирамису во чаши наместо торта, а таа блеска облечена во мини бел фустан со цветови и се забавува качена на стол.
„Направете ме старомодна, но традицијата за три црвени јајца бојадисани на Велики четврток пред изгрејсонце ја негувам со почит и не ја менувам. Со првото бојадисано јајце ги поминувам сите додека спијат... Црвено, бело, здраво, живо и весело. За многу години нека ни е“, напиша планинарката Ирина Камилоска.
„Фарбањето и цртањето велигденски јајца е обостран мерак, мој и на децата. Омилени ми се оние од пред некоја година - тематски со морковчиња и зајчиња. Децата многу се радуваа, а јас уживав во рачно цртање на секое посебно“, вели Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.
„Со тоа што правите сè наместо вашите деца, не им помагате - ги хендикепирате. Најголемиот чин на љубов е да го подготвите детето да може без вас“, е дел од моќната вирална објава на наставникот Драганчо Таневски.
„Пред да тргнеш на викенд во Солун или каде било во Грција, прочитај го ова... На граница моментално има нов систем на проверки и тоа МНОГУ го успорува процесот. Секој патник се фотографира и се земаат отпечатоци, и на влез и на излез“, вели Софија Јанева и открива каква е состојбата на Евзони.