Атмосферата по прогласувањето на вторите 10 финалисти на Евровизија 2019-та беше одлична... Како помина прес-конференцијата?
Тамара Тодевска нè направи горди... Со маестралниот настап на евровизиската сцена и вокалната доминација, таа влезе во финалето на Евровизија 2019.
Вчера, по генералната проба, Тамара имаше дружење со медиумите во евровизискиот прес-центар...
Моќен и едноставен настап од која кожата ви се ежи. Тамара Тодевска уште еднаш ги покажа неверојатните вокални способности на генералната проба во Тел Авив.
Доколку Тамара Тодевска успее да се пласира во финалето, кои ќе ѝ бидат конкуренти? На раскошната сцена во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер од 64-тото издание на Евровизија...
Најпознатиот музички портал Billboard направи прогноза кои 12 песни од двете полуфинални вечери на Евровизија имаат потенцијал да бидат победници на годинешното издание во Тел Авив.
На синоќешниот портокалов тепих во Тел Авив Тамара ни направи чест и застана да ни одговори на едно прашање: Две работи кои ќе ги направи пет минути пред настап?
Славните музичари признаваат дека имаат омилени песни коишто може да ги испеат стотици пати и да не им здодеат никогаш. Сепак, ќе се изненадите како некои од нивните најголеми хитови кои публиката секогаш ги очекува со нетрпение им се згадени на изведувачите. Замислете бескрајни турнеи и репетитивни повторувања...
Фенси фустани, одела, впечатливи фризури и драматична шминка – претставниците на Евровизија 2019 се појавија на портокаловиот тепих во гламурозни изданија.
Првата проба на Тамара во Израел помина одлично и доби позитивни критики, а сега имаме можност да ѕирнеме накратко и во втората.
Се чини дека последната година од 20 век била особено плодна на музичко поле. 1999 година ќе остане запаметена по голем број хитови, а ние со голема мака издвоивме само 10. Ова е годината во која започна ривалството помеѓу двете најголеми поп ѕвезди – Бритни Спирс и Кристина Агилера, но и годината кога Џенифер Лопез...
Вториот најпродаван сингл на женски изведувач во историјата и осмиот најдобро продаван сингл „My Heart Will Go On“ стекна популарност еднаква како и филмот „Титаник“. Меѓу 11 Оскар награди, зема Оскар и за најдобра песна, Златен глобус и Греми...
Во понеделникот, Тамара Тодевска заедно со нејзиниот евровизиски тим, заминаа во Тел Авив, а денес ја имаа првата проба...
Мадона остави неизбришлива трага во поп културата. Ја критикувале, ја фалеле, ја мразеле и ја сакале. Но таа секогаш остана доследна на себе. Во текот на кариерата менувала многу стилови, фризури и бои и ги поставувала модните трендови од панк-здолништа, преку црн латекс, до егзотични кимона. Никој до тогаш не влијаел на модата како Мадона, која останала дрска и арогантна девојка, решена да го освои светот. Својата кариера ја градела со стратегија на шок и жестоки контроверзии. Овие 10 видео-спотови на Мадона ја одбележаа ерата на MTV и неповратно ја променија поп-културата.
Велат дека кичот постои откога постои и уметноста. Некои сметаат дека кичот е дел од уметноста, ниската уметност поврзана со необразовани општества. Кичот можеме да го дефинираме како мост помеѓу високата уметност и необразованиот свет...
Година на издавање: 1994. Математиката вели дека најголемиот хит на турскиот пејач Таркан слави 25-годишнина. Песната беше дел од албумот „Aacayipsin“ кој се продаде во над 2,5 милиони примероци ширум светот. Şıkıdım, безвременскиот хит на којшто времето не му може очигледно ништо е преработен над стотина пати...
Секој познат светски бенд има свое лого по кое го препознаваме. Овие логоа често пати можеме да ги пронајдеме во форма на графити, тетоважи или цртежи. Речиси секој обожавател на одреден бенд носел маица со нивното лого.
Најстариот целосен (или речиси целосен) нотен запис потекнува од 1400 година п.н.е. Всушност, станува збор за група напишани ноти за композиција наречена „Хуријски химни“. Овие белешки беа пронајдени во 1950 година во областа на поранешниот антички град, Угарит, во денешна Сирија. Нотите се запишани на глинени плочки на еден вид на сумерско писмо.Јазикот на плочките се нарекува хуријски јазик. Токму од името на јазикот на плочките ова археолошко откритие го добива своето име.