„Иако патот до врвот е тежок, настапот на нашите нордијци е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена. Ана и Ставре го дадоа своето најдобро!“, напишаа од Македонскио олимписки тим, откако Ставре Јада го заврши своето олимписко патување, со вториот настап на ЗОИ2026.
Ана го подобри своето време за повеќе од 3 минути споредено со резултатот кој го оствари на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022.
Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи Џонсон, ја заврши трката во супер велеслалом, на целта ја чекаше нејзиниот дечко кој клекна на колено со прстен. Тејлор Свифт меѓу првите им честиташе за свршувачката.
Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, а неколку спортисти веќе се пожалија дека нивните олимписки медали се распаднале.
Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повредени нерви, Линдзи Вон има доживеано страшни повреди, започнувајќи од 2017-та до денес, но не се откажува и објави фотки од болница по падот на ЗОИ.
Само во олимпиското село во Милано се служат околу 3.000 јајца и 450kg паста, најзгодната лизгачка Јута покажа како изгледа кантината и какви специјалитети таа вкусува, а сноубордист снима видеа додека пробува пица, лазања и тирамису и ги оценува јадењата на Зимските олимписки игри 2026.
„Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Ние сме во контакт и тој е свесен за моите ставови за ова“, рекла таа.
Максим Наумов е син на светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, Вадим Наумов и Евгенија Шишкова, а кои беа меѓу 67 лица што загинаа во јануари 2025 во авионска несреќа. Еден од нивните последни разговори се однесувал на тоа како Максим да стигне на Олимпијадата.
„Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред 6 месеци ја запознав љубовта на мојот живот, најубавата и најљубезна личност на светот. Пред 3 месеци ја направив најголемата грешка, ја изневерив“, откри норвешки биатлонец, кој освои бронза на Олимпијадата 2026.
„Денес, со македонското сонце на градите, најдобриот македонски спортист Ставре Јада се бореше лавовски во спринт квалификациите“ - напишаа од МОК, откако првиот од четворицата македонски претставници на Зимската олимпијада во Милано и Кортина, го имаше својот прв настап.
За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задникот, а сега освои злато, додека нејзиниот популарен дечко плачеше од среќа во публика – која е девојката по која сите полудеа, а ја нарекуваат „летечка Холанѓанка“?
„Бев преблиску до линијата кога десната рака ми се закачи на внатрешноста од вратничката, извиткувајќи ме, и тоа резултираше со мојот пад. Мојот преден лигамент и повредите од минатото немаа никаква врска со мојот пад“, напиша Линдзи Вон и со емотивна порака се прости од олимпискиот сон.
Младиот лизгач Илиа Малинин (21) имаше неверојатен настап на Зимската олимпијада. Тој изведе четирикратен аксел, елемент кој беше забранет пола век, а за кој и денес се тврди дека скоро и да не постои лизгач што може да го направи беспрекорно - но нему му успеа!
Свеченото отворање за Зимската Олимпијада во Милано и Кортина изгледа спектакуларно - посветено е на италијанската култура, модата, Џорџо Армани...
Македонската скијачка Јана Атанасовска го освои 4 место во слалом на првата ФИС трката што се одржа во Телфс, Австрија, а 6 место во втората и со тоа испиша нова историја во оваа скијачка дисциплина во Македонија.
По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со дрзок новинар за тоа колкави се неговите успеси во текот на тениската кариера - видеото од нивниот разговор на пресконференцијата е вирално.
„Уште еден историски момент за брзинскиот мотоциклизам во Македонија! Јас ја имав честа вторпат да го освојам овој престижен медал, овој пат за сезона 2025!“, вели Бузалковски, кој е еден од малкуте македонци кои возат мототрки низ Европа.
Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година падна на скијање на Алпите, при што ја повреди главата и падна во кома - оттогаш никој не го видел во јавноста. Новите информации сепак се позитивни и даваат надеж дека е добар.