Адреса

Term Main definition
Адреса

Ако изгубите или барате на сон, ако видите или пишувате адреса, читате адреса: ќе имате гости. Ако пронајдете на сон: подарок.

Што значи ако сонувате адреса?

Ако видите адреса на сон

Ако видите адреса на сон тоа значи дека ќе имате гости. Можно е да очекувате важна посета од влијателни луѓе кои многу ќе ви помогнат на работа или на факултет. Доволно е само да кажат некој убав збор за вас и ќе го постигнете она на кое што сте се надевале долго време.

Очекувате посета со голема љубопитност и смислувате начин да ги побарате. Станувате нетрпеливи бидејќи би сакале што побргу да започнете со студии или работа.

Ако пронајдете адреса

Ако сонувате дека сте пронашле адреса, тоа значи дека ќе добиете подарок. Можно е да се работи за нешто што сте го изумиле. Одамна сте го посакувале тоа, но не сте биле во можност да го добиете. Некој ќе се сети на вас и ќе ви го разубави наредниот период.

Ако сонувате дека сте изгубиле адреса

Кога на сон ќе изгубите адреса, тоа ја симболизира вашата моментална состојба. Се чувствувате изгубено и животот ве води по непознати патишта. Многу од вашите желби останале неостварени, а очекувањата неисполнети. Сметате дека нема на што да се надевате или да се радувате.

На животот гледате како на мрачен тунел на чиј крај не ја гледате светлината. Се чувстувате осамено и мислите дека никој не ве разбира.

Ако читате адреса

Ако на сон читате адреса, тоа е знак дека ве очекува недолична понуда на љубовен состанок. Можно е веќе подолго време да сакате да го привлечете вниманието на личноста која ви се допаѓа. Наскоро ќе ви се оствари желбата. Нештата ќе кренат во неочекуван правец и ќе се двоумите дали да прифатите да имате секс без обврски со некој кој веројатно е зафатен.

Ако ја читате својата адреса

Доколку сонувате дека ја читате својата адреса, ќе добиете повик кој многу ќе ве израдува. Можно е некој ваш роднина или пријател од странство да ве покани на гости или сами ќе одлучите да патувате. Во секој случај, пред вас е еден исклучително поволен период. Искористете го за опуштање и полнење на батериите за некои идни обврски кои ве очекуваат.

Неразбирлива адреса на сон

Доколку адресата која се обидувате да ја прочитате е неразбирлива, потсвеста ве предупредува да се соочите со дилемата која подолго време ве измачува. Имате последна шанса да пресечете, бидејќи проблемот нема да се реши сам. Ве плаши помислата дека каква и да е донесената одлука, некој ваш близок ќе биде навреден. Сепак, немате причина за страв, бидејќи блиските личности ќе покажат голема доза на разбирање за ситуацијата во која се наоѓате.

Ако пишувате адреса

Ако сонувате како пишувате адреса на лист хартија, ќе слушнете нешто што не би сакале да го чуете. Ќе откриете информации за личноста за која ви значи и тоа може да ви донесе разочарување. Од друга страна, ако ви е позната адресата, би можеле да добиете вести кои ќе ве израдуваат. Сепак, внимавајте што зборувате, бидејќи и самите сте слушнале неточни информации за себе кои немаат допирна точка со реалноста.

Ако искинете адреса

Ако на сон кинете адреса нечија адреса на лист хартија, тоа значи дека некој се обидува да ве измами. Бидете внимателни ако планирате да потпишете некој договор за купопродажба или позајмица. Внимателно го читајте секоја ставка, бидејќи во спротивно многу би зажалиле. Од истатата причина е можно раскинување на соработка или со деловен партнер или на кратка емотивна врска.

Чувствувате дека личноста која ви е емотивно блиска не е сосем искрена кога се во прашање емоциите, туку дека е со вас исклучиво поради користољубивост или секс. Сепак, овие сомнежи може да бидат неоправдани, бидејќи не мора да значи дека ако еднаш сте се изгореле дека на ист начин ќе заврши секој однос што го имате.

Ако запалите своја или позната адреса

Ако сонувате дека си ја палите адресата напишана на лист хартија, тоа е знак дека сте влегле во колотечина и потсвеста ви говори дека треба во најкраток рок да се извлечете од неа. Секој ден е потполно ист; се соочувате со слични проблеми и обврски, а на љубовен план не сте исполнети.

Време е да откриете зошто е тоа така и да направите промена, бидејќи ваквата состојба не е корисна за вашето ментално здравје. Состојбата на работа или на факултет не е сјајна, но немате волја да се тргнете. Сите обврски се на ваш грб. Послушајте совет од пријател кој ви мисли добро и не доживувајте го секој предлог како критика.

Ако сонувате како палите лист хартија со позната адреса, ќе се ослободите од навиките кои ве спречувале да ги постигнете зацртаните цели. Без разлика на тоа за што станува збор, позитивната страна е што сте решени да се промените.  Направете го првиот чекор и продолжете понатаму. Оставете го минатото зад себе, иако тоа отсекогаш ви претставувало проблем. Ако се свртите кон иднината, нештата ќе почнат да се движат во правец кој отсекогаш сте го посакувале.

Ако запалите непозната адреса

Ако на сон палите непозната адреса ќе се најдете во непријатна ситуација. Судбината ќе ги стави вашите пријателства на тест. Ќе откриете тајна за некој ваш близок пријател и ќе се соочите со дилема дали да разговарате со неа/него или да стоите на страна. Обидете се да се ставите во слична ситуација и ќе знаете што да направите.

Ако сакате со блиската личност да имате отворен и искрен однос, немојте да и го оневозможувате тоа нему/нејзе.

Ако уништите табла со адреса

Ако сонувате како уништувате табла со своја адреса, тоа значи дека сте презаситени од нештата што ви се случуваат во животот. Би сакале нова работа или конечно да најдете нова работа. Имате желба да запознаете нови луѓе во својот живот. Спремни сте да се впуштите во некоја ризична љубовна авантура за да можете конечно да почувствувате мала доза на возбуда.

Тоа е нормално во вакви околности. Сепак, тргнете од малите нешта. Промените прво нешто во вашиот дом. Ако тоа не ви донесе задоволство отворете ги вратите за нови личности, а можеби и нови возбудливи љубови. Доколку сонувате како уништувате натпис со непозната адреса, очекувајте ненадејна посета која ќе ве израдува.

Пријател од спротивен пол, кого долго време не сте го сретнале, ќе ви се јави, а со оглед на тоа дека од порано меѓу вас постоеле симпатии, ќе почувствувате трема и возбуда пред средбата. Иако верувате дека состанокот е од исклучиво пријателска природа, потајно ќе се надевате дека не станува збор само за тоа.

Ако сонувате дека уништувате натпис со позната адреса можна е преселба во друг град или држава. Интензивно размислувате за промена на занимањето или местото на живеење, бидејќи ви е неизвесна финансиската несигурност која секојдневно ви создава главоболка.

Верувате дека таков чекор ќе ви донесе бројни придобивки, не само што ќе ве ослободи од грижите, туку и конечно ќе ви помогне да си ја пронајдете среќата.

Дефиниција за адреса

Адреса означува место на живеење на физичко или правно лице.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg