Африка

Term Main definition
Африка

Ако ja видите Африка: ви претстои промена. Ако одите: ќе се одречете од нешто. Ако слушнете за Африка: ќе ви недостасува нешто.

Што значи да ја сонувате Африка?

Соновите во кои се појавува Африка се многу ретки. Најчесто ги сонуваме по гледање филмови или документарни филмови за Африка, бидејќи ни оставиле впечаток. Соновите кои ги сонуваме непосредно после наведени случувања не се предмет на толкување.

Ако сонувате како ја гледате Африка

Ако на сон ја гледате Африка, тоа значи дека ви е потребна промена. Можно е да посакувате да направите нешто што луѓето од вашата околина би го сметале за непромислено. Без разлика дали се работи за работата или меѓучовечките односи, ќе сфатите дека е време да ставите крај на она што ве прави несреќни. Ќе се колебате бидејќи останатите ќе ви велат дека сте нереални и ќе почувствувате страв од впуштање во непознатото, но ќе ви биде јасно дека мора да направите нешто или во спротивно вечно ќе се каете и ќе бидете незадоволни.

Ако сонувате дека одите во Африка

Ако на сон одите во Африка, тоа симболизира откажувања. Веројатно ќе правите работи поради саканата личност на кои порано не би ни помислиле.. Сакате да ја/го усреќите и нема претерано да размислувате за себе. Може да се случи во иднина да зажалите поради пропуштените прилики, но ќе сфатите дека нема поента да се нервирате поради нешто што не може да се поправи.

Ако сонувате дека некој друг оди во Африка

Кога некој друг оди во Африка на сон, тоа имплицира дека ќе се разделите од саканата личност. Можно е дечкото/девојката/или пријателот/пријателката да се пресели во друг град/држава поради студии/работа. На почетокот ќе ви биде тешко да се навикнете на неговото/нејзиното отсуство, но ќе морате да продолжите понатаму. Ова претставува сериозен тест за вашата врска или пријателство и доколку го положите, сите останати пречки ќе ги надминувате со леснотија.

Ако сонувате дека заминувате од Африка

Доколку заминувате од Африка, тоа укажува дека ќе ви се исполнат желбите. Веројатно ќе постигнете голем успех поради кој ќе бидете горди на себе. Само вие ќе знаете колку труд сте вложиле, па уште повеќе ќе уживате во она што сте го стекнале. Ќе почувствувате мир по кој долго сте трагале и животот ќе ви тргне во вистинска насока.

Ако сонувате дека некој друг заминува од Африка

Ако на сон некој друг заминува од Африка, тоа значи дека нема да направите ништо во врска со личноста која ви се обратила за помош. Можно е дека ќе дадете сè од себе, но личноста во прашање нема да има слух за вашите совети. Имате чувство дека залудно си ја трошите енергијата, но нема да се откажете, бидејќи верувате дека за неа/него сè уште има надеж. Тешко ќе ви биде кога ќе сфатите дека сте погрешиле, но совеста ќе ви биде чиста, бидејќи сте имале најдобри намери.

Ако сонувате дека летувате во Африка

Доколку на сон летувате во Африка, тоа значи дека сте во потрага по добра забава. Во наредниот период, најверојатно, ќе сакате да се опуштите и да си дадете оддишка. Ќе пронајдете друштво кое ќе ги има истите планови, па заедно ќе се впуштите во нови незаборавни авантури.

Ако сонувате дека сте на сафари во Африка

Ако сте на сон на сафари во Африка, тоа значи дека ќе ја добиете работата од соништата. Можно е подолго време да ја чекате работата, но трпението ќе ви се исплати. Нема да изгубите надеж и ќе си ги запишувате идеите кои сте ги смислиле така што претпоставените ќе бидат многу задоволни од вашиот труд и залагање.

Ако сонувате дека ја барате Африка на карта

Ако на сон ја барате Африка на карта, тоа имплицира дека нешто ви недостасува. Веројатно чувствувате празнина која никој освен вас нема да може да ја исполни. Постојано трагате по совршенство кое е невозможно да се достигне и се вртите во круг. Очекувате другите да ви го променат животот, но, всушност, тоа можете да го направите само вие. Потребно е само да одлучите и да ги преземете работите во свои раце.

Ако сонувате робови во Африка

Ако видите робови во Африка, тоа означува беспомошност. Можно е да знаете дека блиска личност поминува низ тешки моменти, но не сте во состојба да ѝ помогнете. Тоа потсвесно ве измачува на потсвесно ниво и чувствувате вина, но глумите дека с è е во ред и не дозволувате другите да ги дознаат вашите проблеми.

Ако сонувате дека сте роб во Африка

Доколку сте роб во Африка, тоа имплицира дека работите на своја штета. Веројатно сте во емотивна врска со личност која не ви го пружа она што ви е потребно. Се лажете себеси дека тој/таа ќе се промени, но само си го трошите времето и станувате сè поогорчени и понезадоволни.

Ако сонувате дека војувате со луѓе од Африка

Доколку на сон војувате со луѓе од Африка, тоа укажува дека ќе бидете лоши кон оној кој не го заслужил тој третман. Можно е да се работи за членови на семејството или пријатели за кои знаете дека нема да ви се налутат и дека ќе можат да ви простат. Ќе бидете нервозни поради нешто и поради тоа ќе го истурите бесот врз личноста која во моментот се нашла во ваша близина. Подоцна ќе сфатите дека сте погрешиле и ќе ви биде жал, но гордоста нема да ви дозволи да признаете вина и да се извините.

Ако сонувате дека некој војува со луѓе од Африка

Ако на сон некој друг војува со луѓе од Африка, тоа значи дека нема да претрпите неправда. Веројатно ќе видите како некоја посилна личност малтретира послаба личност, па нема да му се спротивстави. Нема да размислувате за последиците бидејќи не би си простиле доколку би постапиле поинаку.

Ако сонувате дека разговарате со луѓе од Африка

Ако на сон разговарате со луѓе од Африка, тоа симболизира емпатија. Веројатно сте доживеале многу нешта што ви го промениле светогледот. Трудете се да не осудувате никого и да влијаете врз туѓи ставови на луѓето од вашата средина за да и тие самите имаат разбирање и сочувство кон другите. Ваше мото е: „тоа што не сакаш да ти го прават тебе, не прави ми им го на другите.“

Ако сонувате дека летате над Африка

Доколку на сон летате над Африка, тоа значи дека ќе направите нешто неочекувано. Можно е долго време да сте го ковале планот, но внимателно сте го бирале моментот кога ќе го спроведете на дело. Луѓето од вашето опкружување ќе бидат изненадени и ќе се обидат да ве разберат , но вие ќе се одлучите, без оглед на исходот, да одите до крај.

Ако сонувате дека ве бркаат животни во Африка

Ако на сон ве бркаат животни од Африка, тоа имплицира дека ќе бидете невнимателни. Може да се случи да направите нешто кое ќе ви наштети вам и на вашите блиски луѓе. Со оглед на тоа дека штетата е голема, ова искуство ќе ве научи добро да размислите пред да донесете конечна одлука.

Дефиниција за Африка

Африка е тропски континент кој е втор по големина во светот во однос на бројот на жителите и на површината.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg