Агент

Term Main definition
Агент

Ако зборувате со агент – пријатна промена на вашата средина. Ако видите агент – грижи.

Што значи ако сонувате агент?

Ако видите агент на сон

Кога ќе видите агент на сон, тоа е симбол на грижи. Можно е да се сомневате во деловните партнери. Веќе некое време чувствувате дека не се искрени кон вас. Најголем проблем е тоа што ви недостасуваат  докази за да ги тужите, а не сакате да поминат неказнето. Се чувствувате запоставено бидејќи никој не ве известува за случувањата на работа. Таа ситуација лошо влијае на вашето расположение, што се одразува и на вашиот однос со семејството. Ситуацијата исто така влијае и на работа бидејќи меѓу вас нема договарање и соработка кои порано беа клуч за вашиот успех.

Ако зборувате со агент

Ако сонувате дека зборувате со агент, тоа имплицира дека ќе ја промените околината. Таа промена ќе ви дојде добро бидејќи во моментот вашиот живот е едноличен. Сите активности во текот на денот ги извршувате рутински, без никакво уживање. Бидејќи на тековното работно место немате мотивација да се трудите и да го усовршувате вашето знаење, можно е да преминете на друго работно место каде што ќе можете повеќе да научите.

Ако изнајмите агент

Ако на сон изнајмите агент, тоа може да биде знак дека сте направиле нешто за кое не сакате другите да дознаат. Можно е да сте во љубовна врска со личност која е зафатена. Се плашите дека тоа ќе се разоткрие. Често ви се чини дека сите знаат за вашата тајна. Не можете да се опуштите, па поради вашето невообичаено однесување може другите да почнат да се сомневаат.

Ако се бакнувате со агент

Ако сонувате било каков облик на љубовен однос со агент, потсвеста ви кажува дека размислувате за некого од спротивен пол со кого не е можна љубовна врска. Без разлика дали вие или тој/таа сте зафатени, или пак сметате дека ќе наидете на осуда од околината, нешто ве спречува да го направите следниот чекор. Ако го послушате разумот веројатно нема ништо да се случи и тоа за што фантазирате ќе остане само ваш сон. Но, доколку го послушате срцето, има на што да се надевате.

Агент за патување

Ако сонувате агент за патување, потсвеста ви кажува дека сакате барем на кратко да побегнете од секојдневните грижи и проблеми. Позади вас е тежок период на приватен и деловен план. Имате многу обврски и лоша финансиска состојба. Тоа ви создава многу стрес и веројатно уште не сте пронашле начин како да го канализирате стресот.

Ако разговарате со агент за патување

Ако сонувате како разговарате со агент за патување, можно е само да сте уморни.  Носите голема одговорност за вашите постапки бидејќи тие влијаат на целото ваше семество. Чувствувате огромен притисок и понекогаш посакувате да дигнете раце од сè, но свесни сте дека без ваша помош на сите би ви било потешко. При тоа, и понатаму сите очекуваат да сте секогаш тука за нив и да се изборите со сите. Ве боли тоа што сите ја подразбираат вашата помош, а никој не ве прашува дали можете и понатаму да им помагате.

Ако се расправате со агент за патувања

Кога на сон се расправате со агент за патувања, ве очекува непријатна средба со личност со која некогаш многу жестоко сте се скарале. Односите и понатаму ви се затегнати, но ќе сфатите дека е време да ги „закопате“ воените секири и да го оставите минатото зад вас.

Ако сонувате агент за недвижнини

Сте влегле во рутина и секој ден ви е едноличен. Ако сонувате агент за недвижнини можно е во блиска иднина да го промените партнерот, работата или местото на живеење. Во секој случај, било која од овие промени ќе ви дојде добро бидејќи конечно ќе почнете да уживате.

Ако разговарате со агент за недвижнини

Овој сон е последица на критиките кои секојдневно ги слушате во присуство на вашите сакани. Членовите на семејството ви сугерираат како да го подобрите вашиот друштвен живот,  повеќе да излегувате и да се забавувате или да најдете некое хоби. Меѓутоа, вие чувствувате дека не ви треба ништо повеќе од тоа што го имате  во моментот. Овие разговори ве излудуваат бидејќи  ви одговара тоа што сте сами и имате неколку пријатели со кои се дружите.
Оние кои сте во брак, партнерот ви замерува што не им посветувате доволно внимание. Се расправате бидејќи сметате дека тоа не е точно и дека правите сè за да ги направите среќни.  За да го надминете овој проблем, поребно е да разговарате отворено. Покрај тоа што мислењата не ви се поклопуваат во моментот, обидете се да најдете компромис, бидејќи со секое одложување на решавање на проблемот тој прераснува во ваш кошмар.

Ако се расправате со агент за недвижнини

Ако на сон се расправате со агент за недвижнини, тоа симболизира губиток. Поради скоп на некои околности, од вашиот живот ќе исчезне личност која ви е многу драга. Веројатно таа личност ќе одлучи да се пресели во странство. И покрај вашиот договор да останете во контакт, свесни  сте дека далечината ќе влијае на вашиот однос. Сепак, во вашиот живот ќе се појават нови луѓе, па можни се и нови пријателства кои ќе ви помогнат да го пребродите губитокот на на таа личност од вашиот живот.

Ако сонувате агент за продажба

Ако неодмна сте сoнувале агент за осигурување или агента за продажба на услуги, ќе имате неочекувани трошоци како на пример поправка на автомобил или некој апарат за домаќинство. Сепак имајте во предвид дека трошок може да биде свадба, крштевка или било која друга прослава за која сте дознале во последен момент.

Ако разговарате со агент за продажба

Доколку на сон разговарате со агент за продажба, можно е да донесете одлука која ќе ги обележи наредните неколку години од вашиот живот. Ако чувствувате дека треба да промените нешто веројатно сте во право. Стравот ве спречува да направите чекор напред. Иако другите ве советуваат да се помирите со ситуацијата и да бидете задоволни со тоа што го имате, доколку не сте среќни, послушајте го вашето срце.

Ако се расправате со агент за продажба

Доколку сонувате дека се расправате со агент за продажба, можно е да сфатите дека сте донеле некаква погрешна одлука. Не потпишувајте договор доколку не сте запознаени во целост со деталите на договорот.  Дури и ситница може да биде кобна доколку не сте претпазливи.

Ако сонувате таен агент/шпион

Да сонувате таен агент значи дека некој ќе ви довери многу важна задача.

Доколку неодамна сте биле во контакт со агент за недвижнини или продажба, или сте гледале филм, серија или документарна емисија на оваа тема, можно е тоа да оставило впечаток на вас. Ако се занимавате со било која од овие работи, сонот не се толкува.

Дефиниција за агент

Агент е личност која посредува најразлични работи. Најчесто има овласување да застапува физички или правни лица.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg