Ајкула

Term Main definition
Ајкула

Ако видите ајкула генерално – ве очекува опасност, кавга, болест.  Ајкула во вода – ќе се скарате со некој што ви значи. Ако бегате од ајкула – наскоро ќе се смирите со некого. Ако видите ајкула на суво – ќе биде сè онака како што сте испланирале.

Што значи ако сонувате ајкула?

Обично ајкула претставува негативен сон во соновникот. Ајкула е редок сон.  Доколку во скоро време сте читале за ајкули, или ако сте виделе ајкули на телевизија или во живо, тогаш сонот за ајкула не се толкува.

Ако видите ајкула на сон

Ако видите ајкула, тоа е предупредување дека ќе се најдете во некаква опасност. Во последно време се чувствувате изгубено и незаштитено. Несигурни сте во сè што почнувате да правите. Тоа го гледаат и други луѓе, па најверојатно ќе се најде некој што ќе посака да ја злоупотреби вашата слабост. И покрај тоа што сте свесни дека некој може лесно да ве „обработи“, можно е повторно да бидете фатени во стапица. Луѓето од вашата околина ве предупредуваат да бидете попретпазливи, но вашата желба за близина со другите секогаш ве води во пропаст.

Кога сонувате ајкула во вода, тоа значи дека ќе се скарате со некој кој многу ви значи.

Вашата искреност многу ќе ве чини. Можно е на блиска личност да и кажете работи кои таа не сака да ги слушне. Ќе се водите од фактот дека дури и најлошата вистина е подобра од лагата. Ќе ве разберат погрешно и вашата грижа ќе ја протолкуваат како љубомора. Тоа многу ќе ве повреди, но ќе најдете утеха во вашата чиста совест и вашите чесни намери.

Ако бегате од ајкула

Ако во сонот бегате од ајкула, тоа симболизира помирување. Веројатно сте биле во кавга со некој кој во минатото многу ви значел. Со време ќе сфатите дека причините за кавгата биле бесмислени, па желбата за помирување ќе ви биде појака. Нема да бидете сигурни како да се однесувате во новонастанатата ситуција, но ќе почувствувате олеснување што сте успеале повторно да се зближите.

Ајкула на суво

Кога сонувате ајкула на суво, значи дека сè ќе се одвива според вашите планови. Што и да замислите во наредниот период, ќе ви се оствари. Ќе изгледа како да имате волшебно стапче со кое ги исполнувате вашите желби. Можно е да доживеете успех при тражење на работа, или вашата љубовна врска ќе биде онаква каква што отсекогаш сте ја замислувале.

Ако ве нападне ајкула

Овој тип на сон се толкува во зависност од контекстот и ситуацијата во кој се наоѓате во сонот кога ве напаѓа ајкулата. Зависи од тоа дали сте во близина на плажа или на отворено море. Ваков сон може да симболизира некоја неочекувана несреќа или опасност во вашиот секојдневен живот.

Доколку сонувате дека ве напаѓа ајкула додека ловите риби, тоа може да значи инцидент на работното место. Сонот се толкува во зависност од тоа дали во сонот го очекувате нападот на ајкулата или пак сте изненадени. Ако во сонот сте спремни на напад, ќе влезете во некоја ризична работа, а ако нападот ве изненади тоогаш ќе откриете нешто што ќе ве шокира.

Ако сонувате дека на отворено море сте опкружени со многу ајкули, тоа симболизира дека во реалноста буквално тапкате во место и не гледате излез од таа ситуација. Поради тоа се чувствувате беспомошно и нервозно. Може да се однесува на некоја ситуација на училиште, факултет или на работа кадешто имате проблем со професори, колеги или соработници.

Повеќе ајкули

Ако сонувате повеќе ајкули кои пливаат кон вас, значи дека ќе ви се случи некој лапсус кој ќе ја наруши вашата репутација. Тоа не можете да го спречите, но можете да го минимизирате неговото влијание врз вашето ментално здравје. Помирете се со тоа и продолжете понатаму. Тешко стекнатиот углед се руши лесно, но вие знаете дека луѓето од вашето опкружување ве почитуваат, затоа имајте го на ум тој факт.

Ако ве касне ајкула

Толкувањето на овој сон зависи од тоа за кој дел од телото ве каснува ајкулата. Доколку е во прашање нога, тоа значи дека морате да го исконтролирате вашето здравје. Долго време ја одложувате посетата на лекар.

Нема причина за паника, но подобро е да спречите отколку да лечите. Вклучете поголема физичка активност во секојдневието, па така телото и умот ќе ви бидат поблагодарни. Доколку ајкулата ве касне за рака, значи дека имате непријатели на работното место. Можно е колегите да ви прават сплетки, така што се обидуваат да ве оцрнат пред претпоставените за да ја преземат вашата работна позиција. Веројатно ова не е прв пат да се најдете во ваква ситуација.

Знаете дека не можете да ги замолчите со зборови, бидејќи вашиот труд, работа и успех доволно говорат за вас.

Ако ајкула живи ве проголта

Сон во кој ајкула ве проголтува живи ја симболизира вашата немоќ да се спротивставите на ситуацијата во која се наоѓате во моментот. За да ја разрешите оваа ситуација, потребно е да сте повеќе креативни.  Не дозволувајте да ве надвладеат чувствата, туку разумот. Ако мислите дека не можете сами, тогаш не двоумете се да побарате помош од вашите пријатели. Сигурно имате некој на кого му верувате.

Ако го преживеете нападот на ајкулата

Доколку сонувате дека се борите со ајкула, а сте успеале да ја совладате и да преживеете, тоа значи дека ќе успеете да ги совладате и грижите кои ве мачат во реалноста така што ќе се изборите со нив на овој или на оној начин. Моментално сте во многу тешка состојба, но блиску сте до излез од оваа состојба. Потрудете се од сето тоа да извлечете поука која ќе ви послужи  понатаму во животот.

Ако сведочите за напад од ајкула

Ако сонувате како група ајкули напаѓа други луѓе од вашата околина, а вие од далеку набљудувате, тоа обично значи дека некој ги преземал заслугите за вашиот труд  и поради тоа се чувствувате разочарано и предадено. Друго значење е дека ваш партнер, пријател или роднина ви замерува затоа што не поминувате доволно време заедно.

Заби од ајкула

Тоа значи дека конечно ќе се охрабрите да му кажете на вашиот партнер или деловен соработник што ви пречи. Чувствувате дека долго време сте стоеле на страна, а сега конечно имате храброст сè да им „истурите“ во лице. Иако можеби некому тоа нема да му се допадне, вие ќе почувствувате големо олеснување.

Ако убиете ајкула

Доколку сонувате дека ловите и убивате ајкула, тоа симболизира дека во иднина ќе ги решите грижите кои долго време ве вознемируваат. Може да значи и прекин на лоша врска или развод на бракот, како и отказ на работа која ве загушува.

Мртва ајкула

Ако сонувате мртва ајкула или повеќе мртви ајкули, значи дека ќе успеете да се изборите со непријатна ситуација во која сте се нашле. При тоа можно е да имате помош од некоја непозната личност. Мртва ајкула значи успех и добро здравје.

Тигар ајкула (Galeocerdo cuvier) симболизира мали здравствени проблеми.

Замбези ајкула (Carcharhinus leucas) симболизира парична добивка.

Голема бела ајкула (Carcharodon carcharias) симболизира кавга на работа или во домот.

Ако уловите ајкула

Ако сонувате дека сте уловиле ајкула, сонот значи дека ќе имате проблеми преку глава, кои нема да знаете како да ги решите сами.

Ако јадете месо од ајкула

Ако на сон консумирате месо од ајкула, сонот означува дека ќе успеете да решите некои проблеми од поодамна и дека ве очекува подобро време.  Доколку сте гледале репортажа за ајкули на телевизија, можно е тоа да оставило силен впечаток врз вас. Во тој случај, овој сон не се толкува.

Дефиниција за ајкула

Ајкула е ’рбетник од групата ’рскавични риби, поткласа Elasmobrancii.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg