Аларм

Term Main definition
Аларм

Ве очекува возбудлива и заносна работа.

Што значи ако сонувате аларм?

Ако на сон слушате сирена.

Кога сонувате дека слушате аларм за узбуна, значи дека мора нешто да промените во животот. Веројатно е крајно време да се пробудите во сите животни аспекти. Престанавте да се трудите на работа, благодарение на вашето долгогодишно работно искуство. Не работите на себе како порано и живеете на стара слава. Претпоставените ќе го забележат тоа и ќе ви потенцираат дека правилата важат подеднакво за сите вработени во фирмата.

Аларм од часовник или будилник.

Аларм во сон е показател дека е најдобро да се фатите во костец со новите предизвици и да ја напуштите комфорната зона во која се наоѓате подолго време. Можно е и на љубовен план да завладее секојдневна рутина. Партнерот ќе и префрлува дека не правите ништо интересно, престанавте да одите на долги прошетки и на романтични вечери. Ќе станете летаргични и ќе сфатите дека мора да направите нешто по тоа прашање, Веројатно сте си поставиле нереални цели кои ве доведуваат до разочарување.

Се што сте постигнале не ви причинува никакво задоволство па одлучивте пасивно да го набљудувате вашиот живот. Така сте се заштитиле од разочарувања но на тој начин сте направиле штит околу вас и за работи кои би можеле да ве направат среќни. Имате поддршка да се изборите со оваа состојба, но успехот од тој процес зависи единствено од вас.

Ако притиснете копче за узбуна

Доколку на сон притискате копче за вклучување на аларм, потсвеста ви кажува дека силно сакате да го свртите вниманието кон вас. Тоа се однесува да приватниот и професионалниот аспект од вашиот живот.

Ако притиснете копче на аларм за будење

Веројатно чувствувате дека партнерот не ви посветува онолку внимание колу што очекувате. Тоа ве прави несигурни и ги доведува до сомнеж неговите емоции. Обидете се да размислите со ладна глава и да размислите зошто се чувствувате така како што се чувствувате, дали имате оправдани причини за тоа или воопшто не постојат докази да се сомневате.

Ако вклучувате аларм

Сон во кој вклучувате аларм, независно каков е алармот, може да значи дека сакате да се докажете на работа. Ви се чини дека претпоставените не го ценат вашиот труд, и немаат доволно доверба во вас за да ви дадат за задолжение некоја поодговорна задача. Потрудете се вашата способност да не остане неприметена, но немојте да бидете премногу напорни бидејќи тоа може да предизвика контра ефект.

Ако некој друг вклучува аларм

Доколку сонувате дека некој друг вклучува аларм, потсвеста ви кажуда дека е време да ги промените вашите животни навики. Лошата исхрана, недостаток на физичка активност или недоволно сон може да се одразат негативно на вашето здравје. Морате да бидете свесни дека изговорите од типот дека немате време или енергија повеќе не доаѓаат во предвид.

Ако кршите аларм

Кога сонувате дека кршите аларм, значи дека некој во блиска иднина ќе се обиде да ви се меша во животот. Ќе ги игнорирате неговите/нејзините добронамерни совети, бидејќи набрзо ќе сфатите дека таа личност сака да ги следите неговите/нејзините правила. Можеби се работи за драга личност за која знаете дека ви посакува се најдобро, но разговорите со таа личност ве доведуваат до лудило. Ќе посакате да се дистанцирате бидејќи немате намера да живите за другите, и со оглед на тоа дека на никому не му се мешате, најмалку што очекувате е ист третман од другите.

Ако игнорирате аларм

Ви доаѓаат подобри и постабилни денови. Добро се справувате со сите потешкотии. Пријателите во вас гледаат личност на која можат да се потпрат. Доколку во минатото сте сведочеле за некој немил настан од типот на сообраќајна незгода, пожар или поплава, или пак сте биле сведок на воени случувања, звукот од аларм или сирена симболизира сеќавање на тој настан.

Дефиниција за аларм

Аларм е звучен апарат за узбуна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg