Албатрос

Term Main definition
Албатрос

Добра среќа.

Што значи да сонувате албатрос?

Ако видите албатрос

Да сонувате албатрос значи дека после долго време ќе имате среќа во љубовта. Конечно ќе запознаете некого со кого ќе сакате да го поминете целиот живот. Можно е да сте биле во врска која не ги исполнила вашите очекувања. Бившите партнери ви биле преокупирани со себе и задоволување на сопствените потреби.

Претходните искуства ве убедиле дека никогаш нема да ја сретнете личноста која ќе ве усреќи. Но, кога најмалку ќе се надевате, тоа ќе се случи. Наскоро ќе сфатите дека сте ја пронашле сродната душа. Оваа личност ќе ве прифати заедно со сите ваши маани и доблести.

Нема да бара да се прилагодувате на неговите навики кои не планира да ги промени и кои не ви се допаѓаат. Ќе посветите поголемо внимание и во негово присуство ќе процветате.

Ако напаѓате албатрос

Кога на сон ќе нападнете, тоа значи дека ќе раскинете поради ваша вина. Можно е личноста со која сте во врска да ве опсипува со љубов и внимание. Подготвена е да ви ги симне ѕвездите од небото и не постои работа на светот која не би ја сториле за вас. Иако сте свесни на тоа, нема да успеете да и возвратите со иста мера. Ќе почнете да чувствувате се поголема одбивност кон неа.

Едвај ќе чекате да направи грешка за да се уверите дека не е толку добра како што мислат другите луѓе. Ќе чувствувате огромен притисок бидејќи вашето семејство ја засакало.

Ќе ја напуштите на груб начин, бидејќи немате сили да глумите веќе. Сите ќе ви кажат дека никогаш повеќе нема да најдете личност која толку многу ќе ве сака. Без разлика на сето тоа, ќе ве обзема чувство дека сте го направиле вистинскиот избор, бидејќи не би поднеле да бидете во врска со оваа личност ниту уште еден момент.

Да бидете албатрос на сон

Среќа во љубовта. Ви претстои романтичен период на јаве.

Ако слушнете албатрос на сон

Ако на сон слушнете албатрос тоа значи дека некој ве лаже. Веројатно станува збор за пријател кој не сака да ве повреди или за колеги кои намерно ви подметнуваат сопка за да делуваат поуспешни и поспособни од вас. Сепак, ако бидете внимателни немате причина за грижа.

Ако видите јато албатроси

Овој сон има позитивно значење. Наскоро ќе се состанете со многу значајна и влијателна личност која многу ја цените. Таа личност би можела во иднина да одигра важна улога во вашиот живот. Особено кога во прашање се егзистецијата и работата.

Ако видите албатрос со риба во клун

Ако сонувате албатрос кој носи риба во клунот тоа значи дека наскоро ќе слушнете вести кои ќе ве разочараат или ќе ве повредат. Ако сте во брак веројатно ќе слушнете дека вашиот сопруг ве изневерува.

Пред да направите каков било чекор размислете дали информацијата дошла од личност во која имате доверба или зли јазици кои сакаат да ви наштетат. Немојте да одбегнувате отворен и искрен разговор со партнерот, тоа е најмалку што сте си должни.

Албатрос на брод или на пристаниште

Кога сонувате албатрос кои стои на бродот или на пристаништето тоа значи дека сте запловиле во мирен период во животот. Нема да имате никакви проблеми или недоразбирања, но нема да има ниту возбудливи случувања. Ќе ви годи дружбата со роднините и пријателите.

Албатрос во лет

Доколку сонувате албатрос во лет над море, тоа значи дека посакувате да имате слобода да ги искажете вашите креативни способности. Ќе отриете дека поседувате скриен талент кој ќе го претворите во исплатлив бизнис.

Од друга страна, сонот може да биде поврзан со емоции. Во вашиот живот, веројатно, постои некој кој ве гуши со своето однесување. Со оглед на тоа дека не се познавате долго време или чувствувате дека морате да му/и покажете почит, продолжувате да го трпите она што ви се сервира. Имајте предвид дека така нема уште долго да издржите. Потрудете се повремено да се дистанцирате.

Голем албатрос

Ако сонувате голем албатрос, тоа значи дека се чувствувате слободно и исполнето во секоја смисла на зборот. Голем албатрос во лет симболизира остварување на мечтите, на деловен и приватен план. Исто така означува заминување на заслужен одмор.

Мал албатрос

Доколку видите мал албатрос на сон, потсвеста ви говори дека се каете поради некоја работа. Веројатно ве гризе совеста бидејќи сте биле остри кон блиска личност. Во наплив на бес сте и кажале нешто што не го мислите, а тоа го навредило вашиот партнер, пријател или познаник.

Свесни сте дека сте погрешиле, но сте претерано горделиви за да признаете грешка и да дадете извинување. Можеби овојпат треба да преминете преку егото поради личноста која ви значи.

Напад на албатрос

Симболизира неочекуван проблем со кој не знаете како да се соочите. По надминување на првичниот шок со помош и поддршка од вашите сакани ќе успеете да ја надминете препреката.

Ранет албатрос

Доколку на сон видете ранет албатрос, тоа симболизира збунетост и опасност. Можно е некоја ситуација да ве исфрлила од рамнотежа. Сте имале план како да завршите нешто, но други луѓе ви давале сугестии за нивни методи, сте ги послушале и како последица на тоа сте се нашле во непријатна ситуација.

Целосно сте збунети и се плашите дека многу ќе изгубите поради тоа. Веројатно сте во право, па ако не почнете да работите од почеток онака како што сте замислиле ќе се изложите на опасноста да ја изгубите довербата на претпоставениот, што би можело да предизвика бројни последици.

Ако убиете албатрос

Ако на сон убиете албатрос тоа значи дека ќе наидете на грижи и проблеми. Генерално се наоѓате во лош период од животот. Веројатно ќе се чувствувате дека нема да успеете да го постигнете она што сте го зацртале. Лошите односи со партнерот или членовите на семејството ви создаваат дополнителни проблеми.

Веројатно ви се чини дека се наоѓате во безизлезна ситуација.

Ако сонувате дека некој друг убива албатрос

Ако сонувате дека некој друг убива албатрос тоа значи дека ќе донесете лоша одлука која би можела да ви донесе бројни непријатности. Воглавно станува збор за работа, школо или факултет, каде што ќе се најдете во ситуација во која ќе ја одберете најлошата опција од понудените.

Доцна ќе биде кога ќе ја согледате вистината, но ќе се потрудите да излезете победник на крајот.

Ако сонувате мртов албатрос

Ако на сон видите мртов албатрос, тоа значи дека ќе бидете ранливи во емотивна и во секоја друга смисла. Ќе мора да бидете внимателни во донесување на одлуки поврзани со работата, врската или бракот. Се што ќе започнете ќе ви пропадне, а вие нема да имате сили да сторите нешто во однос на тоа. Сепак, имајте предвид дека сето тоа е минлива фаза.

Ако работите се движат во надолна линија, имајте трпение, ќе се поправат. Ќе прифатите дека некои нешта, околности или луѓе едноставно не можете да ги промените.

Ако јадете албатрос

Претставувате токсичен елемент во вашата врска. Потребно е да поработите на вашето однесување кон партнерот.

Ако храните албатрос

Треба да му го нахраните егото на партнерот за да ги распламтите љубовните жарчиња и занес.

Значењето на соништата може да биде поедноставено. Можно е да сте виделе албатрос на телевизија, па сте биле под импресии од виденото.

Дефиниција за албатрос

Албатрос е најголемата птица на светот која живее во водите на Антарктикот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg