Амбасада

Term Main definition
Амбасада

Ако сонувате дека работите во амбасада – се дружите со влијателни луѓе. Ако посетите – успех поради максимален труд и напор.

Што значи да сонувате амбасада?

Ако работите во амбасада на сон

Кога сонувате дека работите во амбасада на сон, тоа означува дека ќе се дружите со влијателни луѓе. Уживате во друштво на луѓе на високи позиции покрај кои се чувствувате важно. Со нивна помош ќе ви се укажат бројни шанси кои нема да ги пропуштите. Веројатно ќе патувате заедно и ќе запознаете луѓе со кои можете да остварите успешна деловна соработка. Може да наидете на спротивставени мислења, па имате впечаток дека ве потценуваат и пријателите мислат дека со нив се дружите од корист.

Ако партнерот ви е влијателна личност ќе ви одговара неговата популарност и појавување во јавноста.  Ќе уживате во вниманието кое го привлекувате на секој чекор, а особено ќе ве забавуваат злонамерните коментари на луѓето кои ви завидуваат.

Ако посетите амбасада на сон

Кога сонувате дека сте посетиле амбасада тоа симболизира заслужен успех. Се што сте стекнале во животот е производ на тешка работа и упорност. Во состојба сте со ноќи да не спиете само квалитетно да ја одработите задачата во зададениот рок. Работодавачите ќе уживаат да соработуваат со вас. На емотивен план сте борец и кога сакате нешто, не се плашите да го побарате. Партнерот често мисли дека успеал да ве надмудри, но вие знаете дека тоа е тактика да го оствари она што сметате дека е најдобро за вас. Уверени сте дека сте му направиле услуга со тоа што спроведувате мисли на дело.

Ако уривате амбасада

Ако сонувате како уривате амбасада тоа значи дека сте се замериле со погрешна личност. Вашето невнимание и тврдоглавост ќе загрози важна задача, па ќе наидете на осуда од колегите. Друго значење на овој сон се проблеми со законот. Можеби ќе направите сообраќаен прекршок поради кој ќе дојдете во судир со властите. Нема да сакате да си ја признаете грешката, што би можело да создаде уште поголем проблем.

Ако некој друг урива амбасада

Ако сонувате како некој друг урива амбасада веројатно ќе бидете сведок на некој немил настан. Можеби ќе се најдете во состојба да заземете страна, па тоа нема воопшто да ви биде удобно. Меѓутоа, сериозноста на ситуацијата ќе ве натера добро да размислите што да направите за да не обвините некого неправедно.

Ако палите амбасада на сон

Ако сонувате дека палите амбасада на сон тоа симболизира незадоволство од моменталната состојба во друштво. Работите кои секојдневно ги гледате ве лутат и плашат и не сте сигурни како ќе се носите со тоа.  Ќе се обидете да се изолирате од се, но нема да ви успее. Можно е да почнете да размислувате за трајно заминување во странство.

Ако некој друг пали амбасада

Од друга страна, ако сонувате како некој друг пали амбасада ќе дојдете во судир со саканата личност. Партнерот или некој од членовите на семејството ќе се обиде да ви укаже на грешката што ја правите, а вие тоа ќе го доживеете како напад. Размислете со ладна глава и не донесувајте заклучоци пред да ги согледате можните последици.

Напад на амбасада

Ако сонувате напад на амбасада во која се наоѓате вие, потсвеста ви симболизира дека во животот ви недостасува заштита. Веројатно многупати сте се нашле во ситуација сами да барате излез од одредена ситуација, без ничија помош. Константната борба прилично ве изморила, па би сакале за промена некој друг да донесува одлуки или барем да преземе дел од вашиот товар.

Некој друг или маса да напаѓа амбасада

Доколку стоите меѓу група луѓе кои напаѓаат амбасада тоа симболизира недостаток на самодоверба да ја пробиете својата идеја. Чувствувате неправда бидејќи на другите им оди подобро во животот отколку на вас. Сепак, би морале да сте свесни дека за некои работи морате сами да се изборите. Решете се од комплекси и самокритичност и работите би можеле да кренат на подобро.

Ако се шетате во амбасада

Ако сонувате како се шетате во амбасада тоа значи дека во блиска иднина ве чекаат нови предизвици и искуства. На почетокот ќе чувствувате оправдан страв, но на време ќе сфатите дека вистинско време е да им покажете на сите дека сте способни да се изборите за себе, а притоа да не загрозите никого од вашето опкружување.

Ако бегате во амбасада

Ако сонувате како некој ве брка па прибежиште барате во амбасада, можно е на јаве да сте откриле нешто што не ви се допаднало, а што има исклучителна тежина. Не сте сигурно како да се носите со тоа, ниту пак смеете некому да ја поверите информацијата. Едно е сигурно, бидете внимателни кога разговарате со луѓе кои не ги познавате добро. Ако тоа што сте го откриле може да им наштети , немојте да го злоупотребувате тоа сознание.

Ако сонувате дека некој бега во амбасада

Сон во кој сонувате како некој друг бега во амбасада симболизира издајништво. Можно е ваш колега или пријател некому да ја открие вашата тајна, па поради тоа да се најдете во некоја неприлика. Тоа сепак не би требало драстично да влијае врз вашиот живот. Ќе се изненадите поради леснотија со која околината го прифатила она што го дознала за вас.

Ако сонувате како се криете во амбасада

Кога сонувате како се криете во амбасада тоа значи дека се наоѓате во дилема дали да се повлечете од некоја работа или да продолжите да работите без оглед на предизвиците кои би можеле да дојдат. Можно е да се вовлечете во нелегални работи и да сфатите дека тоа не ви требало да си го направите во животот, бидејќи совеста не ви дава мир.

Ако сонувате дека некој друг се крие во амбасада

Ако сонувате дека некој друг се крие во амбасада тоа значи дека имате моќен непријател. Сте потцениле личност со која сте во расправија, па ќе бидете во голема опасност. Можете да ја спречите опасноста ако ги повлечете вистинските конци. Непромисленоста во овој момент би била погубна за вас.

Ако сонувате амбасадор

Доколку на сон видите амбасадор потсвеста ве предупредува дека мора да бидете внимателни во комуникација со други луѓе. Обидете се да се контролирате кога разговарате со луѓето и добро промислувајте ги зборовите, бидејќи би можеле да повредите или навредите некого.

Ако разговарате со амбасадор

Ако сонувате дека разговарате со амсадор тоа значи дека желбата да бидете ценети во друштво конечно ќе ви се оствари. Веќе подолго време мечтаете луѓето да почнат да ве доживуваат онака како што заслужувате. Сепак, немојте да дозволите „моќта“ да ви влијае врз карактерот. Колку и да е тешко да се стекне добра репутација, истата многу полесно се нарушува.

Ако на сон се расправате со амбасадор

Ако на сон се расправате со амбасадор, тоа значи дека ќе паднете во замка на мудра, но лицемерна личност. Можеби некому ќе поверите голема тајна, која личноста би можела да ја злоупотреби.

Ако сонувате како водите љубов со амбасадор

Сон во кој водите љубов со амбасадор симболизира потреба покрај себе да имате личност која ќе ги задоволува сите ваши потреби. Можеби тоа ви недостасува со сегашниот партнер, па во потсвеста мечтаете за друга личност. Мора да знаете дека партнерот не умее да ги чита вашите мисли и треба отворено да му/и кажете што очекувате од него/нејзе.

Доколку подолго време сте сами тоа симболизира недостаток на внимание. Иако фактот дека сте сами го сметате за сопствен избор, потсвеста ве предупредува дека ви недостасува некој на кој ќе можете да се ослоните.

Ако неодамна сте биле во амбасада, разговарале за тоа или гледале некој филм на телевизија или прилог во кој се спомнува амбасада или амбасадор, сонот не се толкува бидејќи вашиот мозок го обработува виденото на јаве.

Дефиниција за амбасада

Амбасада е дипломатско представништво на секоја независна држава која се отвара по воспоставување на меѓународни односи со другата држава.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg