Амбис

Term Main definition
Амбис

Ако видите – се плашите од нешто. Ако паднете во амбис – болест. Турнете некого: ќе се најдете во голема неволја. Ако скокнете во него: вашите постапки ќе ве доведат до смртна опасност. Ако видите други што скокнуваат: ќе се изложите на непријатности поради туѓа вина. Ако паднете во мрачен амбис без дно: големи грижи.

Што значи да сонувате амбис?

Ако видите амбис на сон

Кога на сон гледате амбис, тоа е знак дека се плашите од нешто. Можно е да сте во тешка ситуација која ве навела да се свртите кон некој порок. Депресивни сте и се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Сите ве опоменуваат да се тргнете пред  да западнете во сериозни проблеми.

Ако сонувате пад во амбис

Ако на сон паѓате во амбис, тоа предупредува на болест. Веројатно не водите грижа за здравјето и секогаш давате предност на работата отколку на спортот. Живеете брзо, па така и се храните. Тоа ќе ви ја влоши ситуацијата, па можно е да морате да одите на преглед или во болница.

Ако пропаѓате во амбис без дно

Кога на сон паѓате во амбис без дно, тоа симболизира големи грижи. Ако имате приватен бизнис, а имате долгови, имате сериозен проблем. Нема да бидете во можност да ги враќате долговите, а партнерот нема да има разбирање. Ќе посака да му обезбедите квалитет на живот на каков што е навикнат.

Ако турнете некого во амбис

Ако сонувате како туркате некого во амбис, тоа означува голема неволја. Ве гризе совеста бидејќи не сте биле искрени кон пријателот. Дури и да се работи за премолчани работи, ќе имате чувство дека сте направиле нешто погрешно. Ако направите нешто погрешно, ќе се сметате себеси за виновни.

Ако скокнете во амбис

Кога на сон скокате во амбис тоа е предупредување дека се изложувате на смртна опасност. Веројатно ќе работите со луѓе кои се занимаваат со незаконски работи. Иако нема да се чувствувате добро поради тоа, ќе бидете заслепени од задоволствата кои ви ги овозможува таквиот начин на живот.

Ако некој друг скока во амбис

Ако сонувате дека некој друг скока во амбис, тоа имплицира дека ќе имате непријатности поради туѓа вина. Можно е некој да ве обвинува бидејќи не сте во врска. Ќе слушнете секакви лаги кои ќе ве погодат. Ќе ви биде жал што сте му/и верувале и раскажале интимни работи.

Ако се разбудите пред пад во амбис

Доколку се разбудите пред пад во амбис, тоа значи дека во иднина очекувате голем успех. Ќе ги надминете сопствените очекувања, а тоа ќе умеат да го препознаат и другите. Вашиот труд конечно ќе се материјализира, што ќе ви претставува дополнителен мотив да продолжите да работите на себе. Можно е да паднете во око на влијателна личност поради што би можело да резултира со понуда за соработка.

Ако бидете на ивица на амбис или провалија

Ако стоите на ивица на амбис и се плашите дека ќе паднете симболизира загриженост за некого кого го сакате. Можно е пријателот или некој член на семејството да се соочува со сериозен здравствен проблем, а вие не знаете како да му/и помогнете. Имајте предвид дека поддршката е многу важна, но дека тоа е се што можете да сторите за него/нејзе, да бидете покрај нив кога ќе затреба.

Ако избегнете пад во провалија

Ако сонувате дека за тенко влакно сте одбегнале пад во амбис, тоа значи дека во блиска иднина ќе одбегнете кавга со колега, претпоставен, партнер, или блиска личност. Можеби ќе се најдете во ситуација да ги браните своите постапки, но сепак, ќе успеете да докажете дека сте во право и без расправа.

Ако спасите некого од пад во амбис

Доколку сонувате дека се обидувате да спасите некого од пад во амбис, тоа значи дека ќе слушнете добра вест. Веројатно ќе ви се јави пријател или познаник да ви каже дека со неговото/нејзиното здравје се е во совршен ред и тоа ќе ви донесе големо олеснување.

Ако сте успеале да спасите некого од пад во амбис, тоа значи дека во иднина ќе се ослободите од големи грижи. Нешто што долго време ве мачи ќе се реши на неочекуван начин. Тоа не значи дека нема да треба да принесете жртва, но истата ќе биде помала отколку што очекувате.

Ако фрлите камен во бездна

Кога на сон фрлате камен во бездна тоа значи дека некому сте му погрешиле многу. Веројатно сте му дале замерка на пријателот или колегата за неговите постапки, без да се запрашате зошто го сториле она што го сториле. Во иднина ќе се обидете да се ставите во кожа на луѓето за кои мислите дека ви направиле некоја пакост, пред да донесете заклучок дека тоа го сториле со лоши намери.

Ваквите сонови се проследени со чувство на страв, немир, паника, возбуда, па дури и задоволство.  Не го толкувајте сонот доколку сте гледале филм или читале книга во која се спомнува бездна затоа што мозокот обработува информации кои ги восприемил на јаве.

Дефиниција за амбис

Амбис е место кое поради големата длабочина има застрашувачки изглед.

Синоними за амбис се бездна, понор, провалија, пропаст итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg