Ампутација

Term Main definition
Ампутација

На вас – разделба со сакана личност.  Врз други – ќе изгубите пријател.

Што значи да сонувате ампутација?

Ако сонувате ампутација на себе

Ако сонувате ампутација на себе, тоа имплицира дека ќе се разделите од саканата личност. Можеби ќе почувствувате дека на сила ви е оттргнато нешто што е дел од вас. Ќе бидете скршени и ќе ви треба време да се опоравите. Ќе знаете дека одлуката е најдобра за двете страни, но тоа нема да ви ја намали болката и тагата. Особено ќе ве трогне тоа што вашиот поранешен партнер после раскинување со вас ќе си најде нова љубов. Ќе се запрашате дали воопшто некогаш ве сакал штом толку бргу заборавил на се она што сте го имале.

Ако гледате како се врши ампутација врз друг човек

Кога гледате ампутација на друга личност, тоа е предупредување дека ќе изгубите пријател. Веројатно во последно време сте ја запоставиле личноста која отсекогаш ви пружала безрезервна поддршка. Сте го земале тоа здраво за готово и не сте биле покрај пријателот кога му било најтешко. Тоа значително ќе го промени вашиот односи ќе си ги увидите грешките кои сте си ги направиле сами. Можеби ќе биде доцна и пријателот ќе сака да прекине секаков контакт со вас на одредено време. Со сета сила ќе се трудите да му докажете дека ви е жал и дека никогаш повеќе нема да се однесувате на таков начин. Но, доколку истиот пријател не сте го сметале за доволно близок, можно е да не го забележите неговото отсуство од вашиот живот.

Ако сонувате ампутација врз животно

Ако сонувате ампутација врз животно тоа значи дека ќе имате проблеми со далечни познаници и луѓе кои ги знаете површно. Можно е да ве озборуваат без причина.

Толкувањето на ваквите соништа зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и од деталите и чувствата кои се присутни. Во текот на сонот се јавува чувство на страв, загриженост, болка, тага, вознемиреност и анксиозност.

Доколку ампутацијата се одвива во операциска сала во некоја болница, тоа значи дека пред вас е еден бурен период. Сепак, турбуленциите нема да траат долго, бидејќи ќе се справите со сите предизвици кои ви ги нуди животот. Ако сонувате ампутација на некое друго место, на кое обично не се врши, тоа значи неочекуван проблем. Ќе се најдете во ситуација која ве збунува или шокира.

Ако вршите ампутација

Ако сонувате дека вршите ампутација некому тоа значи дека ќе донесете одлука која во потполност ќе ви го промени животот. Веројатно долго време чувствувате дека мора да се оттргнете и да направите нешто што би ве направило посреќни. Можна е промена на партнер, работно место или место на живеење. Веројатно секојдневието почнало да ве гуши. Се потешко го поднесувате стресот на работа, а ниту финансиската ситуација не ви е на завидно ниво. Стресот и нервозата лошо влијаат врз вашето здравје. Свесни сте мора да направите нешто во врска со тоа.

Што и да направите, колку и да е тешка промената, истата ќе ја сметате за вистинска. Ако сонувате дека сами си вршите ампутација на одреден дел од телото, тоа симболизира разочарување. Веројатно сте доживеале некој неудобен разговор или ситуација со пријател или член на семејството кој ви го променил мислењето за него/нејзе. Не сте сигурни дали воопшто ја познавате таа личност. Ќе донесете одлука да се оддалечите од личноста на кратко време, а после тоа е возможен и крај на комуникација.

Ампутиран дел од тело

Кога сонувате ампутиран дел од тело тоа симболизира чувство дека сте опкружени со лажни пријатели. Во вашиот живот постојат луѓе за кои сметате дека не се искрени кон вас. Неколку пати докажуваат дека не се верни пријатели и дека поради свои лични интереси во секој момент би можеле да ве предадат. Размислете колку ви значат овие личности. Фактот дека се познавате цел живот, не мора да значи дека треба да им го простувате злото што ви го прават.

Ампутирана рака

Ако сонувате ампутирана рака тоа значи дека поради драга личност ќе имате поголема финансиска загуба. Партнерот или членот на семејството веројатно ќе вложи пари во неисплатлива работа, па ќе побара парична помош од вас за да се извлече од проблемот. Без разлика на тоа што сметате дека самиот/самата се виновни, без размислување ќе му/и позајмите пари.

Ампутирана нога

Ако сонувате ампутирана нога, можно е да мора да одложите долго посакувано патување. Од објективни причини нема да можете да одите на одмор, што ќе ви биде многу жал. Сепак не очајувајте бидејќи ќе ви се укаже прилика да одите на краток излет кој ќе ви дојде добро.

Ампутиран полов орган

Кога сонувате ампутиран полов орган, тоа симболизира страв од импотенција. Веројатно чувствувате дека со вашиот сексуален живот нешто не е во ред. Ако долго време не сте имале односи, веројатно потсвеста ве предупредува дека тоа не е здраво. Можеби немате желба за секс или сте презаситени од партнерот. Во секој случај, ќе морате прво да расчистите одредени дилеми во глава.

Ампутација како последица на болест, ранување или повреда

Кога ампутацијата се врши за да се спречи ширење на болест, како гангрена, дијабет или други проблеми со циркулација, потсвеста ви говори дека треба да го промените односот кон партнерот. Обидете се да се ставите на негово место и да размислите како би се чувствувале кога некој вас би ве третирал на тој начин. Веројатно сте свесни дека не заслужува да го земате здраво за готово. Сон во кој ампутацијата е последица на воена повреда означува финансиска добивка. Можно е да заработите покачување, но не е исклучена добивка во игри на среќа. Сепак, не претерувајте со коцкање, бидејќи лесно заработените пари полесно се губат.

Доколку ампутација е последица на напад од некое животно, како на пример, куче или мечка, тоа значи дека некој ве озборува. Поради вашите зборови сте им паднале во очи на злите јазици кои од забава се обидуваат да ве оцрнат. Сепак, нема да успеат во тоа, бидејќи во повеќе наврати ги докажувате своите квалитети.

Ампутација на драга личност

Сон во кој гледате драга личност со ампутиран дел од тело поради сообраќајна незгода, потсвеста ве предупредува да бидете внимателни. Особено обрнете внимание кому се доверувате, бидејќи некој би можел да ја злоупотреби вашата искреност. Колега на работа или на факултет би можел да го загрози вашиот труд или работа, но не со лоша намера, туку да се покаже во очите на другите како подобар и поуспешен.

Ако неодамна сте разговарале за ампутација или, пак, имате гледано некој филм или документарна програма на таа тема, сонот не се толкува. Ист случај е доколку сте медицинско лице кое неодамна посетило болница или итна помош. Вашиот мозок обработува информации кои сте ги доживеале на јаве.

Дефиниција за ампутација

Ампутација е зафат во кој по хируршки пат се врши отстранување на орган или некој негов дел.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg