Ананас

Term Main definition
Ананас

Ако сонувате ананас – ве очекува добра забава. Ако јадете ананас – ве очекува напредок во социјалната положба. Ако берете ананас – здравје, брзо опоравување од болести.

Што значи да сонувате ананас?

Ако видите ананас на сон

Кога на сон гледате ананас тоа значи дека ве чека добра забава. Можеби се наближува датум за некоја прослава. Среќни сте кога можете да ги угостите пријателите и да поминете време со нив. Може да се случи да ве послужи убаво време, па ќе заминете на летување. Во друштво ве очекува добра забава, опуштање и уживање.

Ако сонувате дека јадете ананас

Кога сонувате дека јадете ананас тоа симболизира напредок во друштво. Ќе имате повеќе самодоверба од порано и околината тоа ќе го забележи. Повеќе ќе излегувате и ќе се дружите со луѓе. Ќе станете омилени во друштво и другарите ќе ве покануваат на собиранки. Веројатно сте решиле некои нешта поврзани со работа или студии, па сега конечно ќе можете да се опуштите и да уживате во работите од кои сте се откажувале.

Ако берете ананас

Кога сонувате дека берете ананас, тоа значи дека брзо ќе се опоравите од болест. Ако имате здравствени проблеми, ви претстои период во кој се чувствувате многу подобро. Ќе имате можност да отпатувате на планина или на некое место во кое ќе се посветите себеси. Ќе можете да одите на долги прошетки на чист воздух, да јадете здрава храна и да се ослободите од насобраниот стрес. Сето тоа позитивно ќе влијае врз нашата психа, па и резултатите ќе бидат многу подобри.

Ако сечете или голтате ананас

Кога сонувате дека сечете или голтате ананас тоа значи дека пред вас е исклучително поволен период. Се што ќе започнете ќе резултира со успех. Можно е да запознаете личност која би можела да ви помогне со својот социјален статус. Ќе одлучите да го искористите познанството за да ги остварите сопствените цели. Во приватниот живот ве чека возбуда. Веројатно ќе сретнете некого кон кого во минатото сте чувствувале пеперутки и ќе сфатите дека личноста се уште ви се допаѓа. Ќе се потрудите да поминете повеќе време со него/неа за да му/и докажете дека ве привлекува.

Доколку сте во врска бидете внимателни обичниот флерт да не премине во измама која скапо би ве чинела. Но, ако сте слободни, немате причина да се создржувате, туку слободно покажете дека сте заинтересирани.

Ако садите ананас

Сон во кој садите ананас симболизира успех и богатство. Можеби ќе добиете покачување на работа како признание за сиот труд и внимание кое секојдневно го покажувате. Од друга страна, можна е парична добивка во игри на среќа или неочекувано наследство.

Незрел или зелен ананас

Доколку на сон јадете незрел или зелен ананас тоа имплицира дека ќе мора да внимавате на здравјето. Организмот ви порачува дека мора да внимавате на исхраната ако сакате да избегнете посериозни здравствени проблеми. Наглото покачување на килограми може да има врска со стресот, а доколку не се работи за тоа, ќе мора да ги промените животните навики. Почнете повеќе да се движите и во дневна рутина воведете некоја физичка активност.

Ако на сон видите дека некој човек јаде незрел ананас тоа значи дека е можно некоја ваша блиска личност да има некој здравствен проблем што многу ќе ве загрижи. Ќе посакате да поминете повеќе време со нејзе/него, па силно ќе се потрудите да не ја забележи вашата загриженост. Бидете внимателни, бидејќи се наоѓате во период кога би можело да се наруши и вашето сопствено здравје.

Скапан ананас

Кога на сон јадете скапан ананас, тоа значи дека би можеле да имате проблеми на работа, факултет или семејство. Можно е некој работодавец да ви даде задача која ќе ви предизвика многу стрес и главоболка, а постои можност да имате проблем кој не знаете како да го решите. Веројатно сте нервозни и нерасположени поради тоа. Затоа би било добро да ги намалите сопствените очекувања и да ги решавате проблемите еден по еден. На долг рок, оваа фаза ќе биде бурна, но кратка. Затоа, имајте трпение.

Доколку некој друг јаде скапан ананас на сон, тоа симболизира разочарување во драга личност. Партнер, пријател или член на семејството кон вас се има однесувано онака како што не заслужувате. Тоа ве повредило и навело на размислување да прекинете секаков однос со таа личност. Сепак, не донесувајте одлуки во афект. Размислете дали еден непријатен разговор е доволна причина да прекинете секаква комуникација.

Ако добиете ананас за подарок

Сон во кој некој ви подарува ананас симболизира добри вести. Можеби пријателот или познаникот ќе ве израдуваат со информација која ви е значајна. Постои веројатност да ви се оствари желбата за која мечтаете.

Ако подарите ананас

Ако сонувате дека некому подарувате ананас, тоа значи дека би сакале да станете познати. Веројатно долго време сте размислувале за тоа, но не сте пронашле начин да го остварите.  Сепак, бидете внимателни, бидејќи славата стекната преку ноќ не донесува задоволство на долгорочен план. Ќе сфатите дека за да добиете признание од повеќе луѓе потребни се многу работа и труд.

Ако купувате ананас

Кога сонувате дека купувате ананас, можни се неочекувани трошоци кои ќе ви зададат главоболка. Нема да бидете сигурни дали ќе се извлечете бидејќи веќе подолго време имате финансиски проблеми. Водите сметка како и каде ги распределувате парите за не дојдете во ситуација да морате да познајмувате или дигнете кредит.

Ако продавате ананас

Сон во кој продавате ананас значи дека пред вас е тежок период со многу предизвици. Веројатно ќе се најдете во ситуација да мора да донесете одлука која би можела да го одреди текот на вашиот живот. Доколку планирате преселба или промена на занимање, пред вас е период на адаптација во кој ќе сфатите дека жалите што сте одлучиле на ваков чекор. Најпосле ќе сфатите дека е неминовен и сосем правилен чекор. Се ќе биде полесно кога ќе го сфатите тоа.

Ако крадете ананас

Сон во кој крадете ананас значи дека сте љубоморни и зависни. Веќе некое време ви се чини дека сите се поуспешни во работата и приватниот живот од вас и наместо да работите на себе, ќе размислувате за нивниот успех. Време е да престанете да гледате во туѓи дворови и да се посветите себеси. Одамна сте требале да направите план и да го остварувате, наместо стихијски да се борите со обврски.

Доколку неодамна сте јаделе ананас или гледале ананас на телевизија, сонот не се толкува бидејќи сте биле под влијание на виденото.

Дефиниција за ананас

Ананас е тропско овошје од фамилијата Bromeliaceae. Исто така е единствен претставник од оваа фамилија кој се одгледува комерцијално како овошје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg