Анестезија

Term Main definition
Анестезија

Грижа.

Што значи да сонувате анестезија?

Чувства кои ги следат овие соништа се паника, страв, немоќ, анксиозност, нервоза и депресија.

Ако сонувате дека некој ви дава анестезија

Кога сонувате дека некој ви дава анестезија, тоа предупредува на грижи. Веројатно ќе се соочите со ситуација која ќе ве потресе. Тоа може да биде смрт на роднина или прекин на врска. Ќе се почувствувате толку лошо што ќе би биде потребно време да се опоравите и да продолжите понатаму. Единствена утеха ќе ви биде фактот дека ќе се зближитесо родителите. Ќе имате однос кој се заснова на меѓусебна поддршка и разбирање. Ако ви се случи да изгубите работа, ќе бидете обесхрабрени и краток период нема да наидувате на нови понуди. Меѓутоа, кога најмалку се надевате ќе се најдете во ситуација да направите избор со кого сакате да соработувате. Тоа ќе ви ја врати самодовербата.

Ако давате анестезија некому

Кога на сон давате анестезија некому тоа значи дека сте презеле одговорности со кои не можете да се сносите. Постојано ќе бидете зафатени и нема да наоѓате време за пријатели и одмор. Уморот ќе ви стане главна карактеристика во наредните месеци. Можно е во исто време да работите и студирате или да работите на две места за да ги исплатите трошоците. Исто така, постои можност дека ќе се грижите за некому кому му е потребна помош. Тоа ќе ве исполни и ќе ви помогне да заборавите на непреспиените ноќи и ќе ве тера да се борите за добробитта на оваа личност.

Ако вие бидете под анестезија

Ако на сон сте под анестезија тоа значи дека наскоро ќе сретнете личност која ќе ви пружа поддршка и ќе ви дели корисни совети. Ќе бидете многу среќни што сте го сретнале бидејќи благодарение на него повторно ќе се чувствувате среќни и подготвени за нови предизвици. Конечно ќе се чувствувате убаво во своја кожа и ќе бидете благодарни за она што го имате, а не незадоволни поради она што го немате.

Ако сонувате дека некој друг се наоѓа под анестезија

Кога сонувате дека некој друг се наоѓа под анестезија потсвеста ви говори дека премногу размислувате за некое лошо чувство кое ви се случило во минатото. Постојано чувствувате страв дека би можело да се повтори. Освен тоа, овој сон може да значи дека се подготвени за промена, особено кога се работи за љубовниот живот.

Ако бидете потполно парализирани од анестезија

Ако на сон сте потполно парализирани, тоа значи дека ги криете своите чувства кон одредена личност и тоа почнало да ве оптоварува. Причина за таквото  однесување е лошо искуство и страв дека личноста би можела да ве повреди. Затоа давате отпор и никому не ги откривате своите емоции.

Ако видите анестезиолог

Сон во кој ќе видите анестезиолог значи дека сакате да потиснете сеќавање на личност која ви била блиска, а со која повеќе не сте во контакт. Веројатно ве повредила со своите постапки и сте одлучиле да се дистанцирате. Одлуката се уште ве мачи, без оглед на тоа дека повеќе не е свежа. Сепак, време е да се ослободите од духот на минатото и да се свртите кон иднината. Само така ќе се помирите со ситуацијата и смирите совеста.

Ако разговарате со анестезиолог

Кога сонувате дека разговарате со анестезиолог тоа значи дека сте загрижени за саканата личност. Веројатно некој од вашето опкружување не сака да послуша добронамерен совет и да посети лекар. Сте се обиделе да сторите се да го убедите да почне да се грижи за своето здравје, но секој обид завршувал со жолчна расправа.

Од друга страна, ако сонувате дека некој разговара со анестезиолог тоа значи дека блиска личност е загрижена за вас и вашето занемарување на симптомите кои долго време ги чувствувате.

Ако се расправате со анестезиолог

Ако сонувате дека се расправате со анестезиолог потсвеста ве предупредува дека со своите зборови сте повредиле некого. Веројатно се работи за емотивна личност која не сфатила дека вашите намери не се лоши, туку дека станува збор за добронамерен совет. Во иднина ќе мора да се потрудите да внимавате што зборувате, без оглед на тоа што не сте злонамерни. Сон во кој некој се расправа со анестезиолог значи дека чува некоја тајна од вас за да не ве повреди. Вие тоа го чувствувате и иако негира дека сте во право, сигурни сте дека крие некоја тајна.

Ако се тепате со анестезиолог

Кога сонувате дека се тепате со анестезиолог тоа симболизира разочарување на емотивен план. Веројатно ве изненадил пријател или партнер и ве шокирал со некоја своја одлука, за која сметате дека не е правилна. Сепак, сте одлучиле да премолчите да за останете во добри односи. Доколку на сон видите дека некој се тепа со анестезиолог тоа значи дека ќе се посрамите пред маса луѓе. Вашата неинформираност на некоја тема ќе ве спречи да разговарате за тоа. Сепак, бидете внимателни бидејќи незнаењето би можело да резултира со потсмев од страна на многу луѓе.

Ако убиете анестезиолог

Кога сонувате дека вие убивате анестезиолог тоа значи дека ќе чуете добри вести. Можеби на приватен план работите ќе почнат да се одвиваат по ваша желба или ќе добиете добра понуда за работа. Во секој случај пред вас е еден исклучително поволен период кој треба да го искористите на најдобар начин. Кога на сон гледате дека некој убива анестезиолог тоа ја симболизира вашата потреба да се докажете на работа. Веројатно подолго време гледате како луѓето од вашете опкружување напредуваат и нижат успеси.

Ве фрустрира тоа што претпоставените или деловните соработници не ги препознаваат вашите квалитети. Доколку сакате вашиот труд да биде препознат, ќе мора да се наметнете со свои идеи, а не да стоите настрана и да чекате нешто да се случи само од себе.

Ако водите љубов со анестезиолог

Доколку сонувате каков било интимен однос со анестезиолог можно е да сретнете личност која ќе ве крене во облаци. Долго време ќе размислувате за неа/него, но нема да имате прилика да стапите во контакт. Ќе сакате да ја/го запознаете бидејќи ви остава впечаток на интересна личност. Од друга страна, можеби не сте задоволни од својот моментален емотивен статус. Можеби партнерот нема разбирање за вашите потреби и долго време сте осамени и ви треба некаква возбуда во животот.

Ако сте медицински работник по професија, или неодамна сте подлегнале на оперативен зафат, сонот не се толкува. Доколку сте читале во весник или гледале ТВ прилог толкувањето е едноставно – вашиот мозок обработува информации кои ги добил на јаве.

Дефиниција за анестезија

Анестезија е метод на кој со помош на анестетици во човековото тело се елиминира чувството за болка и предизвикува сон со лекови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg