Аплауз

Term Main definition
Аплауз

Ако примате аплауз – некој ви е благодарен. Ако давате – ќе се радувате на туѓа среќа.

Што значи да сонувате аплауз (ракоплескање)?

Ако некој ви аплаудира

Ако на сон ви аплаудираат, тоа укажува дека некој ќе ви биде благодарен. Можеби ќе помогнете на личност која ќе се најде во тешка ситуација.

Ќе ја сослушате и искрено ќе ја советувате како да се справи со проблемот. Тој/таа никогаш нема да ви го заборави ова, и ќе ви каже дека секогаш можете да сметате на него/неа.

Ако сонувате дека аплаудирате некому

Ако аплаудирате некому на сон, тоа значи дека ќе се радувате на туѓата среќа. Веројатно некоја личност од вашата околина ќе постигне успех како резултат на неговата/нејзината долгогодишна жртва и напорна работа. Ова ќе ви послужи како мотивација, па ќе почнете да работите на себе во надеж дека тоа ќе ви донесе посакувани резултати.

Ако сонувате дека само вие аплаудирате

Кога сонувате дека аплаудирате сами, тоа подразбира дека нема да имате поддршка од вашите блиски. Можеби ќе донесете важна одлука со која тие нема да се согласат.

Ќе се обидете да ги убедите и да им објасните колку ви значи тоа, но никој нема да ве разбере, ниту пак ќе ви помогне на кој било начин. Ќе ве убедат да се откажете и да го правите она што се очекува од вас.

Ако само вие не аплаудирате

Ако сонувате дека само вие не аплаудирате, тоа покажува дека нема да го делите мислењето на мнозинството. Можно да се случи да не ви се допаѓа личност од која сите ќе бидат воодушевени. Нема да можете да го објасните вашиот став, но ќе бидете убедени дека тој / таа не е таков/ва каков/ва што се претставува и дека со време ќе го покаже своето вистинско лице.

Ќе мора да научите да се контролирате кога сте во друштво на личноста за која станува збор, особено ако сметате дека во иднина ќе се среќавате често.

Ако аплаузот станува потивок

Ако во вашиот сон аплаузот станува потивок, тоа значи дека нешто ви недостасува. Веројатно не сте задоволни од ситуацијата на емотивно или деловно ниво, па се чувствувате неуспешно.

Честопати размислувате за она што го немате и заборавате на сè што сте постигнале во животот. Поради ваквиот начин на размислување, не цените многу работи и постојано сте напнати.

Ако аплаузот станува погласен

Кога сонувате дека аплаузот станува погласен, тоа подразбира дека наскоро ќе ја постигнете целта. Можеби ќе се запишете или ќе ги завршите студиите, ќе најдете работа, или ќе почнете да живеете заедно со саканата личност. Ќе бидете горди на себе затоа што, и покрај бројните препреки, не се сте се предале и не сте тргнале на линијата на најмал отпор.

Во наредниот период ќе уживате во она за што сте се бореле.

Ако сонувате дека аплаузот завршува

Ако сонувате дека аплаузот завршува, тоа е предупредување дека некој ќе ве искористи. Веројатно личност што неодамна сте ја запознале ќе биде многу љубезна кон вас затоа што очекува да му/и направите услуга.

Исто така, ова може да се однесува на и на лице со кое накратко сте биле во врска. Штом го добил тоа што го сака, веднаш се сменил за 180 степени и се однесува како да сте странци.

Ако сонувате аплауз со овации

Ако сонувате аплауз проследен со овации, тоа значи дека вашиот напор и работа конечно ќе резултираат со успех. Вашиот претпоставен веројатно ќе одлучи да ве награди или ќе склучите добра зделка за работа.

Веќе некое време се трудите, но никако нема резултати од вашиот труд. Поради тоа, се чувствувате разочарани и депресивни и често се двоумите дали да се откажете од сè и да барате нова работа.

Сепак, во наредниот период работите ќе се подобрат, па ќе имате поголем ентузијазам да ги извршувате задачите со задоволство.

Ако ве расплаче аплауз

Ако на сон заплачете на аплауз од гордост, тоа ја симболизира вашата потреба да бидете во центарот на вниманието. Вие сте една од личностите кои многу сакаат светот да се врти околу нив – на работа, во семејството и меѓу пријателите. Вашите блиски се навикнати на тоа и ве прифаќаат онакви какви што сте.

Сепак, тешко стекнувате пријателства и тешко се вклопувате со други луѓе, токму поради тоа што многу од нив ве сметаат за наметлива и иританта личност која сака да биде во центар на вниманието.

Ако на сон некој друг се расплаче од гордост бидејќи луѓето му ракоплескаат, значи дека ќе присуствувате на некој убав настан. Можеби некој ваш пријател или роднина ќе ве покани на венчавка, крштевка или некоја друга свечена прослава.

Тоа многу ќе ве израдува, особено поради тоа што знаете дека ќе бидете опркужени со луѓе кои ви се многу драги.

Ако слушнете аплауз

Кога на сон ќе слушнете дека некој аплаудира, значи дека имате таен обожавател. Долго време и се допаѓате на една личност од вашето опкружување, но личноста не наоѓа начин да ви пријде бидејќи се плаши како ќе реагирате доколку ви признае како се чувствува.

Веројатно сте забележале некои сигнали, но ги игнорирате затоа што мислите дека само сте си умислиле. Личноста ви е драга, но не чувствувате ништо повеќе од тоа. Ако сте во среќна врска или брак, тоа е причина плус зошто не ви треба друга личност во вашиот живот.

Ако сонувате дека си аплаудирате

Ако сонувате да си аплаудирате, веројатно ви недостасува поддршка од околината за нешто што би сакале да го постигнете. Можеби сакате да го смените факултетот, професијата или тековната работа, но блиските ве предомислуваат со предупредување дека тоа би било лошо за вашата иднина.

Со оглед дека сте решени цврсто да ги држите конците на животот во ваши раце, нема да ги слушате предупредувањата, туку ќе го направите она што мислите дека е најдобро за вас.

Ако сонувате дека некој друг си аплаудира

Ако сонувате дека некој друг си аплаудира, тоа ја симболизира вашата потреба за одмор и релаксација. Веќе некое време, се обидувате да ги извршите обврските на време, и секогаш да им се најдете на вашите најблиски кога им е потребна помош.

Чувствувате дека тие ја злоупотребуваат вашата љубезност и ја искористуваат ситуацијата без да водат сметка за тоа како се чувствувате.

Сметате дека е малку себично тоа што сакате да се дистанцирате малку од сите бидејќи тоа ве спречува да се посветите на себе си. Сепак, добро размислете колку ќе можете да помогнете некому ако претходно не си помогнете себе си.

Вакви соништа се придружени со чувство на радост, среќа, гордост и возбуда. Во ретки случаи, овие соништа се придружени со чувство на тага, депресија, нервоза или конфузија. Ако неодамна сте присуствувале на театарска претстава, приредба или промоција на книга, албум, филм итн. сонот се толкува многу поедноставно.

Најверојатно аплаузот ви оставил силен впечаток, па потсвеста само го обработува во сонот она што сте го виделе во реалноста.

Дефиниција за аплауз

Аплауз е ракоплескање со дланките со кое нешто се одобрува.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg