Апстиненција

Term Main definition
Апстиненција

Ако сонувате дека вие апстинирате: здравје. Ако сонувате дека други апстинираат – потајно посакувате некого.

Што значи да сонувате апстиненција?

Да апстинирате

Кога сонувате дека вие апстинирате, тоа означува здравје. Умерени сте во се она што го правите, па така и во сексот. Се трудите да водите здрав и избалансиран живот со значителна физичка активност. Можно е околината да нема разбирање за вашите одлуки и сите се обидуваат да ви наметнат темпо кое не ви одговара. Не можете да им докажете дека си знаете што е најдобро за вас.

Често ќе бидете во искушение да се вратите на старите навики, особено ако држите диета. Партнерот ќе ви замерува дека премногу време посветувате на вежбање и подготовки на оброци отколку нему и интимните моменти кои порано биле далеку позачестени.

Ако некој друг апстинира

Кога сонувате дека некој друг апстинира, тоа имплицира дека посакувате некого. Иако се трудите да не размислувате за тоа, дури вашите соништа ви порачуваат дека чувствувате страст кон некого со кого не сте во врска. Можеби се работи за зафатена личност па во вас царува морална борба за да не сторите нешто за кое би се каеле подоцна. Борбата е уште потешка ако и самите сте во врска или брак. Ви се присторува дека сите ги наслушнале вашите тајни и дека ќе се прочуе. Паниката може да ве натера да се издадете самите себе.

Апстиненција од алкохол

Толкувањето на овој сон зависи од вашиот однос кон алкохолот. Ако ве згрозува и помислата на алкохол сон во кој апстинирате симболизира задоволство со постигнатото. Веројатно ве усреќило тоа што работата вродила плод или што сте успеале да ги завршите обврските на време. Но, доколку сакате да пиете алкохол, сонот се толкува како желба за пропуштени прилики. Веројатно во минатото поради мрзеливост или страв пропуштиле добра прилика која би ви донела поквалитетен живот, па и денес ве оптоварува таа мисла.

Ако на сон некој друг апстинира од алкохол тоа симболизира нервоза. Можно е нешто да не ви оди од рака, па ви создава фрустрации и незадоволство. Најрадо би кренале раце од се, но се плашите од реакциите на другите луѓе.

Апстиненција од цигари

Ако сте пушач и сонувате дека апстинирате од цигари имплицира страв за здравје. Можеби сте почувствувале некој симптом кој сте го поврзале со фактот дека долго време конзумирате цигари. Во секој случај, не поставувајте дијагнози сами, туку обратете се на лекар за да отфрлите секој сомнеж. Доколку не пушите, а сонувате дека апстинирате од цигари, веројатно сте се нашле во ситуација некој да ви замерал нешто, а вие не сте му одговориле на адекватен начин.

Потсвесно се обвинувате дека не сте реагирале онака како што сте сакале. Кога некој друг апстинира во ваш сон тоа значи дека ќе бидете сведок на тешка ситуација. Ќе се најдете помеѓу „два огна“ и нема да знаете како да изреагирате. Веројатно пред вас ќе започне расправија за нешто што не сакате да зборувате. Соговорниците ќе бараат од вас да заземете страна, но само ќе ви создадат дополнителен притисок.

Ако сонувате апстиненција од коцкање

Доколку сонувате дека апстинирате од коцкање, а при тоа во стварноста сакате да уплаќате тикети во кладилница или да одиграте лото, тоа симболизира разочарување од властите и неуспех. Можеби се наоѓате во фаза кога сметате дека ништо не ви оди од рака, некои планови ви се изјаловиле, а вие тоа сте го доживеале премногу трагично. Ако, пак, на јаве не сакате да се коцкате, а сонувате дека апстинирате од тоа, тоа значи дека ќе изгубите драгата личност бидејќи сте ја „земале здраво за готово“.  Веројатно близок пријател или партнер ќе сфати дека не сте на исти „бранови должини“ и ќе одлучи да продолжи без вас.

Кога сонувате дека некој друг апстинира од коцка тоа имплицира желба за возбуда. Веќе некое време ви се присторува дека сте западнале во рутина и монотонија, дека секој ден е ист и дека силно се трудите обврските да ги завршите на време. Би сакале да имате некоја промена која ќе донесе свежина во вашиот живот. Можно е да се преселите, да промените работа, факултет или партнер. Сепак, добро размислете за се и не донесувајте никакви одлуки пред да размислите добро.

Ако сонувате апстиненција од дрога или лекови

Ако сонувате дека апстинирате од лекови или од дрога веројатно сте потиснале некое чувство и малку ви фали да го покажете тоа на целиот свет. Можеби ви се допаѓа некоја личност, но се плашите да и/му пријдете. Најмногу ве мачи реалкцијата од околината бидејќи е можно некој од вас да е зафатен. Долгорочно гледано се работи за фаза која ќе ја преживеете без последици ако имате само малку трпение.

Кога сонувате дека некој друг апстинира од дрога или од лекови тоа значи дека ќе чуете лоши вести поврзани со здравјето на блиска личност.  Ситуацијата ве мачи во моментот и бидејќи не знаете како да му/и помогнете. Сепак, во блиска иднина би можело да се најде позитивно решение на проблемот.

Ако сонувате апстиненција од храна

Ако сонувате дека апстинирате од храна тоа значи дека ви недостасува нешто во животот. Можеби на луѓето околу вас им се присторува дека живеете живот како од бајките, но вие сте незадоволни. Свесни сте дека има далеку полоши судбини на луѓето и тие би дале се за да бидат на ваше место, но вас нешто постојано ве копка и не ви дозволува да се опуштите. Кога би престанале да се преоптоварувате со тоа, животот ќе ви тргне во нагорна линија, па ќе бидете посреќни и позадоволни. Кога сонувате дека некој друг апстинира од храна можно е да му завидувате некому. Иако се преправате пред луѓето дека ве радува туѓиот успех, длабоко во себе сте љубоморни и сметате дека сте позаслужни да го добиете она што го сакате.

Ако сонувате апстиненција од секс

Ако сонувате дека се воздржувате од секс тоа значи дека сте бесни и разочарани од партнерот. Со свои зборови или дела ве повредил/ла а за тоа воопшто не е свесен/а. Не знаете како да му/и го соопштите тоа бидејќи се плашите од неговата/нејзината реакција. Од друга страна, ако чекате предолго време, ќе си ја нарушите комуникацијата меѓу вас. Ако немате партнер во моментот, ова се однесува на некоја друга блиска личност. Сон во кој некој друг апстинира од секс ја симболизира вашата амбиција да ги остварите сите свои планови, без оглед на тоа колку жртви би морале да принесете.  жОдлучни сте во намерата да го добиете она што го сакате, па околината можеби ќе ве осудува поради методите кои ги применувате.

Доколку на јаве се воздржувате од нешто толкувањето е многу поедноставно. На сон ја проектирате потребата или желбата што ја потиснувате во стварноста.

Дефиниција за апстиненција

Апстиненција е воздржување од задоволување на природни потреби, најчесто за храна и секс, како и за верски и ритуални забрани.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg