Архива

Term Main definition
Архива

Материјална загуба.

Што значи да сонувате архива?

Толкувањето на ваквите соништа зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и деталите и чувствата кои ги следат. Чувства кои ги следат овие соништа за архива се страв, возбуда, паника и тежина.

Ако сонувате архива

Кога сонувате архива, тоа имплицира дека ви е потребен одмор. Се давите во секојдневни задачи и обврски. Постојано ви се вртат документи во глава, па истите ви се појавуваат и на сон. Ќе се обидете да издвоите малку време за себе и да заминете некаде макар на викенд. Друго значење на архива може да биде и загуба. Можеби не сте биле внимателни при потпишување на документи што резултирало со материјална штета.

Ако сонувате компјутерска архива

Имате проблеми со деловните партнери или претпоставените и не знаете како да го оправдате непромислениот потег којшто сте го направиле. Ако сте вработени на одговорно работно место, веројатно ќе се очекува од вас да си дадете оставка. Ќе бидете многу напнати поради ситуацијата во која се наоѓате, но ќе успеете да научите многу корисни совети и ќе успеете да се вратите појаки одошто некогаш сте биле.

Ќе видите кој останал да ви биде вистински пријател а кој не бил до вас кога сите ви свртиле грб. Повеќе ќе ги цените малите нешта кои ви го разубавуваат животот и ќе направите се за да ги усреќите роднините и пријателите, а не само да се трудите да напредувате во кариера како порано.

Ако сонувате дека работите во архива

Кога сонувате дека работите во архива тоа е лош знак. Во блиска иднина би можеле да се најдете во многу опасна ситуација која би можела да ви го уништи животот или репутацијата. За да не ви се случи тоа послушајте го вашиот инстинкт, бидејќи тој ќе ви биде единственото оружје кое ќе можете да го употребите за да се спасите. Ако ништо друго, оваа ситуација ќе ве научи да не верувате секому.

Ако сонувате работник во архива

Доколку сонувате дека гледате или разговарате со работник во архива тоа значи дека во блиска иднина би можела да ве изневери личност која ја сакате и ја почитувате. Не можете да замислите дека оваа личност би можела некогаш да ја изневери вашата доверба, но ќе се покаже дека сте грешеле. Внимавајте што зборувате пред другите, бидејќи никогаш не знаете кој има злобни намери.

Ако се расправате со архивар

Кога на сон се расправате со архивар тоа значи дека потсвеста ве предупредува да внимавате како се однесувате со другите луѓе. Веројантно сте биле груби кон личноста што ја сакате, па со своите зборови длабоко сте ја навредиле или повредиле. Во моментот сте го потиснале тоа бидејќи сте сигурни дека нема да ви замери. Сепак, обидете се да се замислите во спротивна ситуација и донесите правилна одлука. Барем еднаш во животот надминете ја гордоста и признајте си ја грешката.

Ако сонувате дека пребарувате архива

Кога сонувате дека пребарувате архива или прегледувате купишта архивирани документи тоа имплицира дека во иднина би требале да бидете покреативни за да си ги остварите плановите. Научете да ја употребувате фантацијата и не плашете се да бидете лукави кога ситуацијата ќе го бара тоа од вас. Ќе ви биде потребно многу време и труд за да го постигнете се она што го сакате, но би можела да ви помогне и добра подготовка околу тоа. Секогаш обидете се да мислите еден чекор понапред и подгответе се да одреагирате кога ќе биде потребно.

Ако сонувате дека се криете во архива

Доколку сонувате дека се криете од некого во архива тоа значи дека ве гризе совеста. Некому сте му премолчеле важна информација или сте направиле грешка која би можела да влијае врз вашиот статус на работа. Се трудите никој да не дознае бидејќи се плашите од последиците кои би можеле да ви се случат.

Ако сонувате дека неовластено сте влегле во архива

Кога сонувате дека неовластено сте влегле во архива тоа значи дека треба да бидете повнимателни при донесување одлуки. Невнимателност и брзоплетост можат да ве изложат на големи проблеми со несогледливи последици. Пред да донесете важна одлука во животот размислете за можните последици. Не плашете се да побарате совет. Ако сонувате дека некој друг неовластено влегол во архива тоа ја имплицира потребата на некоја личност да ви го одредува текот на животот.

Подолго време имате „учител“ кој не реагира на вашите тврдења дека можете сами да се грижите за вашиот живот. Неговите намери не се лоши, но вие имате потреба да си го оркестрирате својот живот. Овој проблем најлесно ќе го решите доколку разговарате за вашите чувства.

Ако сонувате дека палите архива

Ако сонувате дека палите архива значи дека од животот ќе ги исфрлите сите личности што ви ја црпеле енергијата. Ќе се потрудите да бидете опкружени со лица кои не се жалат и имаат цели за кои се борат. И самите сте такви, но досегашните пријатели од вас го извлекувале најлошото. Конечно ќе пресечете и ќе заклучите дека е подобро да бидете сами отколку во лошо друштво. Околината ќе ве осудува поради тоа, но нема да забележувате бидејќи го правите најдоброто за себе.

Ако сонувате дека некој друг пали архива

Сон во кој некој друг пали архива симболизира разделба. Веројатно ваша блиска личност ќе замине во странство. Ќе ви биде драго, но знаете дека тоа ќе доведе до заладување на односите. Ќе загубите добар пријател и ќе ви биде жал, но ќе се радувате поради неговата среќа.

Ако сонувате правливи документи во архива

Кога на сон видите правливи документи во архива тоа значи дека некој болен момент од минатото не ви дозволува да продолжите понатаму. Никако не можете да го оставите тоа зад себе и да почнете да планирате иднина. Се плашите дека секој нареден чекор би можел да ве повреди. Ваквата ситуација се пресликува и на емотивен план. Можеби сте имале лоши искуства во минатото и тоа ве спречува да се опуштите и да дозволите да ви се приближат. Ако видите дека некој друг чита документи веројатно се плашите дека некој ќе ја открие вашата тајна.

Долго време молчите бидејќи се плашите од реакциите на околината. Вистина е дека би можеле да ве осудат поради гревови од минатото, но додека не го решите тоа потсвеста ќе ве мачи секојдневно. Или обидете се да заборавите или соочите се како возрасна личност. Доколку работите во архива или познавате некој што се занимава со таа работа сонот не се толкува. Исто така, ако се на телевизија или во вести виделе нешто поврзано со архива, можно е само да сте под впечаток на виденото. Вашиот мозок ги процесуира информациите добиени на јаве.

Дефиниција за архива

Архива е институција која собира, чува и издава пишани и печатени документи на државните органи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg