Аритметички операции

Term Main definition
Аритметички операции

Следи финансиски добар период за вас.

Што значи да сонувате аритметички операции?

Сонови со аритметички операции спаѓаат во средно чести сонови. Овие сонови се ретка прилика да повикате луциден сон. Во текот на пресметките на сон често се случува секојпат да добиете различни резултати, или да се менуваат броевите, што е можност да се забележи дека сонувате. Самиот факт дека сте ја прочитале оваа реченица и дошле до ова сознание може уште вечерва да предизвикате луциден сон.

Одземање

Кога сонувате одземање, тоа имплицира дека ќе бидете во минус. Сакате да трошите повеќе одошто заработувате. Кога ќе поминете покрај бутик во состојба сте да го купите она што го имате и не ви е потребно. Партнерот ви префрла дека некои работи никогаш не ги носите, а некои сте ги облекле само еднаш. Постојано сте во долгови. И самите сте зачудени како ви успева да преживеете од една плата до друга.

Кога сонувате дека некој друг одзема, тоа значи дека ќе изгубите некого. Можеби пријател или блиска личност да одлучи трајно да се пресели во друг град или во странство. Ќе ви биде тешко бидејќи сте приврзани. Иако знаете дека тоа е најдобро за него/неа, ќе се плашите дека после некое време ќе изгубите контакт и нема да имате кому да му се обратите за помош.

Сон во кој никако не можете да успеете да решите некоја задача со одземање симболизира збунетост поради ситуацијата во која се наоѓате. Ако подолго време сте во врска или брак, можно е да имате проблеми со комуникација со партнерот. Вашите желби, потреби и планови не се поклопуваат. Не сте сигурни зошто е тоа така, ниту пак како сте дошле до тоа да нема сличности. Размислете што ве довело до тоа и дали се е последица на ваш инает. Можно е на некој начин да сте се повредиле меѓусебно, па сте почнале да се одмаздувате или пак сте престанале да се сакате и работите ги гледате појасно од порано.

Ако не сте во врска овој сон симболизира рамнодушност. Иако се трудите да најдете соодветен партнер, во потсвеста ви е сеедно. Не сте сигурни зошто е тоа така, но знаете дека не сакате да имате парнер до себе по секоја цена. Не ве допираат ниту прашањата за љубовниот живот. Во минатото ви било неудобно да објаснувате зошто сте сами, а одсега ќе ви биде лесно да ги одговарате прашањата – кратко и јасно ќе давате до знаење дека не сакате другите да ви се плеткаат во животот.

Собирање

Кога на сон собирате тоа е симбол за парична добивка. Во наредниот период ќе имате среќа во игри на среќа и сите ќе бараат од вас да составите добитна комбинација. Можно е некој да ви ги врати парите кои ви ги должи, или работодавецот ќе ви даде бонус на кој не сте се надевале.

Ако некој друг собира на сон можеби ќе запознаете личност што ќе ве заинтригира со своите ставови и идеи. Веројатно сте презаситени од луѓето што ве опкружуваат па токму оваа личност ќе ви донесе освежување во животот. Ќе сфатите дека сте се зачауриле и дека не ги гледате нештата од поубав агол, но оваа личност ќе ви отвори нови видици. Кога на сон никако не успевате да решите задача со собирање, тоа имплицира дека сте психички и физички уморни. Веројатно се трудите обврските да ги решавате на време. По природа сте перфекционист, па се ќе направите за да биде совршено. Тоа црпи многу енергија, па иако не сакате да признаете ќе мора да успорите и да оставите и другите да завршат нешто. Колку и да ви се чини непријатно, ќе ви помогне да се одморите и да сфатите дека не мора во се да сте најдобри.

Делење

Кога сонувате делење, тоа значи дека не сте сигурни кои ви се приоритетите во животот. Поделени сте меѓу вашите желби и очекувања од околината. Можно е да не сте спремни да имате семејство, но другите не можат да го сфатат тоа. Би сакале да направите толку многу нешта пред да посакате дом и сигурност.

Доколку сонувате дека некој друг дели потсвеста ви говори дека сте допуштиле некој друг да управува со вашиот живот. Многу се трудите да оддржувате контрола, но во реалност друга личност ви го креира животот. Можно е да станува збор за член на семејството кој ви пожелува добро, но има потреба да ви наметнува свои одлуки. Веројатно не сте го забележувале тоа, но луѓето околу вас суптилно ви предочувале за што се работи. Вашиот став, долгорочно гледано не може да резултира со остварување на желби, па би било добро да размислите дали е исправно да допуштите некому да ви го крои секојдневието.

Ако на сон не можете да решите некоја задача со делење, тоа симболизира суета, завист или љубомора. Се ова може да биде поврзано со вашиот приватен или деловен живот, однос со партнерот или колегите на работа или на факултет. Сметате дека со својот труд и залагање сте заслужиле повеќе, па ви паѓа тешко кога ќе видите дека некој е поуспешен на деловен или на љубовен план. Многу ви е важно да изгледате среќни и задоволни пред другите, па силно се трудите никој да не забележи дека работите не се баш такви. Наместо да допуштате лошите чувства да ве јадат, размислите што би промениле од она што ви пречи.

Множење

Кога на сон множите, тоа укажува дека другите на вашата добрина реагираат со благодарност. Полни сте со позитивна енергија и секогаш се трудите да помогнете. Семејството и пријателите се свесни што правите за нив и ви даваат до знаење колку им значи тоа.

Ако на сон гледате како некој множи тоа симболизира некое незадоволство. Веројатно давате се од себе на работа и во приватниот живот, а не чувствувате дека ви возвраќа околината. Сте станале жртва на други луѓе бидејќи сте ги ставале на прво место. Тоа влијае на вашата психа. Се почесто ќе бидете уморни бидејќи ќе се трудите да ги исполните желбите на блиските луѓе или обврските на работата. Време е да размислите што ве прави среќни и да сторите нешто што би ве усреќило. Сон во кој не успевате да решите задача со множење значи дека се плашите од неуспех или реакциите на вашите постапки. Пред да го направите вистинскиот чекор вие секогаш анализирате што би ви кажале другите за тоа.  Не е  лесно така да се живее, бидејќи во некој момент неминовно ќе сфатите дека сте претерале и да не можете на сите да им бидете „по мера“.

Ваквите соништа се проследени со чувство на страв, паника, тешкотија, збунетост, поретко среќа и задоволство. Значењето на соништата може да биде поедноставно. Ако ја спремате оваа област за испит, веројатно ви оставил впечаток на вас па затоа сте го сонувале тоа.

Дефиниција за аритметички операции

Аритметика е гранка на математиката која опфаќа операција со броеви.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg