Аронија

Term Main definition
Аронија

Сонот најчесто означува благосостојба и добро здравје.

Што значи да сонувате аронија?

Соновите за аронија спаѓаат во ретки сонови. Значењата можат да бидат различни, а ние ви нудиме превод значења од стари руски соновници, бидејќи таму почесто е присутен поимот аронија (сибирска боровница). Ако во последно време сте биле во контакт со аронија или одгледување на аронија, сонот не се толкува.

Ако сонувате дека гледате аронија, тоа симболизира благосостојба. Можно е во наредниот период да бидете добро расположени и да се чувствувате одлично во своја кожа. Секоја обврска ќе ја завршувате со леснотија и ќе посакувате нови предизвици. Претпоставените ќе бидат задоволни од вашиот труд, а членовите на семејството ќе уживаат во ваше друштво.

Ако сонувате дека јадете аронија

Доколку на сон јадете аронија тоа укажува дека водите грижа за здравјето. Веројатно сте имале некој здравствен проблем поради кој сте морале да го промените животот од корен. Тоа ви претставувало опонема која сериозно сте ја сфатиле и сте биле спремни да направите се за да не ви биде лошо.

Ако некој друг јаде аронија

Ако сонувате дека некој друг јаде аронија тоа симболизира добри вести. Можно е вас пријател или член на подалечно семејство да ве израдува со повик на свадба или вест дека чека принова.

Ако сонувате дека јадете колач со аронија

Кога на сон јадете колач со аронија тоа значи дека самите се залажувате. Можно е константно да размислувате за личност која не ви обрнува внимание и не се труди околу вас. Ќе се тешите кога тоа ќе се промени и дека ќе биде поинаков кога подобро ќе ве запозне. Иако на другите зборувате се најдобро за односот, свесни сте дека тоа е далеку од она што сте го замислувале.

Ако некој друг јаде колач со аронија

Доколку сонувате дека некој друг јаде колач со аронија тоа имплицира дека некому сте му љубоморни. Ви се чини дека тој/таа имаат се што ви недостасува вам. Фрустрирани сте бидејќи мислите дека заслужувате повеќе од животот одошто добивате. Мора да се помирите со фактот дека не може се да ви биде сервирано на чинија и дека за некои работи мора да се потрудите.

Ако сонувате дека пиете сок од аронија

Ако на сон пиете сок од аронија, тоа имплицира дека ќе озборувате некого. Веројатно ќе ве налути постапката на одредена личност, па ќе зборувате лошо за неа. Ќе бидете непријатно изненадени и ќе си ветите дека повеќе нема да се однесувате така. Сон во кој некој друг пие сок од аронија симболизира грижа за драга личност. Можно е некој од вашето опкружување да има некој здравствен проблем и дека сте под стрес поради тоа. Не знаете како да му/и помогнете и чувствувате дека ви се врзани рацете.

Ако сонувате дека правите сок од аронија

Доколку на сон правите сок од аронија, тоа значи дека уживате во домашните обврски. Вие сакате да готвите, да подготвувате зимница, да средувате куќата, и сл. Таквите активности ве опуштаат и со задоволство уживате во резултатите од вашата работа. Гостите радо доаѓаат кај вас на прослава бидејќи освен добро друштво ги чека и богата трпеза.

Ако видите дека некој друг прави сок од аронија

Кога сонувате дека некој друг прави сок од аронија то значи добро здравје. Ако сте имале некои симптоми, посетата на лекар ќе ги отстрани сите сомнежи дека се работи за некоја сериозна болест. Во секој случај бидете совесни и не одбегнувајте редовни контроли.

Ако сонувате дека садите аронија

Кога сонувате дека садите аронија, тоа укажува дека постојано нешто одлагате. Можеби себеси се уверувате дека ќе почнете да држите диета од понеделник, дека ќе почнете да вежбате од првиот месец, дека ќе можете од утре да направите нешто и тн. Чекате идеален момент за многу нешта во вашиот живот не сфаќајќи дека се зависи од вас и дека ќе ви биде полесно ако пресечете и почнете да реагирате.

Ако сонувате дека берете аронија

Ако на сон  берете аронија тоа имплицира дека многу ќе работите. Веројатно итно ќе ви требаат пари па ќе најдете и друга работа. Нема да имате слободно време па едвај ќе чекате да заврши овој период и животот да ви се врати во нормала. Најмногу ви недостасуваат блиски луѓе, па ќе им ветите дека ќе го надокнадите се она што сте го пропуштиле.

Ако видите дека некој бере аронија

Сон во кој некој друг бере аронија значи дека некој ќе се обиде да ги преземе заслугите за вашето дело. Подучени од претходното искуство нема да го дозволите тоа.

Ако гледате како други берат аронија

Доколку на ваш сон некој друг бере аронија ќе ви се оствари некоја желба. Ќе добиете подарок кој не сте можеле самите да си го приуштите. Повеќе од самиот подарок ќе ве израдува сознанието дека некој толку добро ве познава да умеел да препознае што ви треба.

Ако сонувате дека купувате аронија

Кога на сон купувате аронија тоа значи дека некој ќе се обиде да ви ги расипе плановите. Блиска личност ќе сфати дека нешто не правите правилно или некоја ваша одлука е лоша, па ќе се потруди да ве разубеди од тоа или пак да ви наметне своја идеја. Сепак, ќе знаете да се поставите на вистински начин и ќе и/му дадете до знаење дека не сте толку наивни колку и/му се чини.

Ако сонувате дека продавате аронија

Доколку на сон продавате аронија ќе започнете свој бизнис. Можеби долго време сте размислувале за тоа, но не сте имале храброст да ги спроведете идеите на дело. Во наредниот период ќе се одлучите да се обидете, а истовремено ќе учите за работата и ќе се придржувате до советите на луѓето кои имаат искуство.

Ако сонувате дека фрлате аронија

Кога фрлате аронија, тоа укажува дека ќе ги намалите трошоците. Веројатно купувате работи кои не ви се потребни па ги фрлате и давате на другите. Иако често се жалите дека немате доволно пари, во продавница заборавате на тоа и земате се што ќе ви падне под рака. Ако во ваш сон некој друг фрла аронија тоа значи дека ќе се ослободите од „демоните од минатото“. Конечно ќе успеете да ги совладате стравовите кои подолго време ве сопираат и ќе се свртите кон планирање на подобра иднина за себе и луѓето кои ги сакате.

Ако сонувате незрела аронија

Кога на сон видите или јадете незрела аронија потсвеста ви говори дека сте огорчени од личноста што ја сакате. Можно е некој да ве повредил со своите дела, но тоа не го забележил. Повеќе од самите зборови и дела ве јаде помислата дека таа личност се променила и повеќе не можете да ја препознаете.

Зрела аронија

Зрела аронија симболизира благосостојба. Ќе влезете мирна фаза од животот. Искористете го тоа да се одморите и подготвите за се што ве чека во иднина.

Скапана аронија

Ако на сон видите или јадете скапана аронија тоа имплицира дека треба да посетите лекар. Стравот од болести го маскирате со изговорот дека немате време. Сепак, поради секојдневниот притисок на луѓето кои ве сакаат ќе одлучите да се погрижите за своето здравје.

Дефиниција за аронија

Аронија е зрнесто овошје кое е отпорно на ниски температури, суши, болести итн.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg