Атлас

Term Main definition
Атлас

Ако видите атлас – патување. Ако прелистувате атлас – треба да донесете важни одлуки.

Што значи да сонувате атлас?

Ако сонувате атлас

Кога сонувате атлас, тоа може да има повеќе значења. Ако барате нешто во атлас, веројатно во последно време се чувствувате изгубено. Имате впечаток дека не успевате да ги завршите работите кои сте ги започнале. Кога ќе размислите и ќе го согледате вашиот живот, не сте задоволни со тоа што сте го постигнале до сега. Имате впечаток дека сте можеле многу подобро, и дека од сегашна гледна точка би постапиле поинаку. Таквите мисли само ќе ви одмогнат да ги остварите целите кои сте си ги поставиле. Ќе имате поддршка од родителите, пријателите и партнерот, но од вас ќе зависи најмногу дали ќе се поместите од мртвата точка.

Друго значење е дека би сакале да отпатувате некаде. Во претходниот период многу работевте и сега сакате да заминете на заслужениот одмор. Однапред сте ги завршиле обврските и сега сакате да се посветите себе си и на семејството. Се уште не сте сигурни за која дестинација да се одлучите, но каде и да одите, промената на околината ќе ви одговара.

Исто така, значењето на сонот можеби имплицира дека некому сте му лути бидејќи не ви посветува доволно внимание. Можеби живеете далеку едене од друг или само така се чувствувате. Ќе сфатите дека вие правите поголема жртва и дека ништо не ви е тешко да направите за таа личност. Ќе ви биде жал бидејќи ќе станете свесни дека тоа не е двострано. Ќе имате сериозен разговор после кој ќе одлучите дали вреди да се изборите за таа врска или не.

Ако прелистувате атлас

Ако на сон прелистувате атлас, тоа значи дека ќе донесете важна одлука која би можела да го одреди понатамошниот тек на вашиот живот. Се работи за нешто за што одамна размислувате. Можеби се работи за нешто на работен или на приватен план. Можеби ќе одлучите да ја промените работата или од истата причина да се преселите во странство. Одлуката нема да биде воопшто лесна, но ќе знаете дека така е најдобро за вас.

Од друга страна, постои можност дека ќе ја официјализирате вашата врска во брак или засекогаш ќе го прекинете вашиот љубовен однос. Без оглед на тоа во која сфера од вашиот живот се однесува, одлуката која ќе ја донесете ќе биде правилна.

Доколку во вашиот сон некој друг прелистува атлас, постои можност партнерот или пријателот да ви предложи да патувате некаде заедно. Ако се согласите на тоа, ќе биде многу добро за вас бидејќи конечно ќе имате прилика да се одморите и да ги наполните батериите за се што ви претстои.

Ако искинете атлас

Сон во кој вие кинете атлас ја симболизира вашата потреба да ги расветлите работите од минатото. Постои настан за кој долго размислувате и кој многу често ви пречи да продолжите напред. Можеби ве изневерил партнерот, или сте морале да се задолжите поради некого. Во секој случај тоа и понатаму ве спречува да дејствувате во сегашноста и да размислувате за иднината.

Кога некој друг кине атлас тоа значи дека вашите планови би можеле да се изјаловат. Веројатно долго време сте размислувале за некоја работа и планирале како да ја завршите. Сепак, ќе ве спречи објективната околност, па ќе морате фокусот на интересите да го свртите во друг правец. Обидете се работите да не ги сфаќате трагично, бидејќи како што знаете кога една врата се затвора, друга се отвора.

Ако запалите атлас

Ако на сон палите атлас тоа симболизира осаменост. Во фаза сте кога можете да се пофалите дека имате многу нешта – добро здравје, солидна работа и безгрижен живот. Меѓутоа ве мачи тоа што тоа немате со кого да го споделите. Можеби сте се оддалечиле од пријателите или поради работа сте се преселиле на друго место. Сте си го оствариле сонот да бидете успешни и да не се грижите за парите, но би сакале да имате со кого да ги споделите своит идеи, впечатоци или секојдневни мали нешта. Овој сон не мора да значи таков вид на осаменост. Постои можност да се чувствувате осамено иако сте опкружени со луѓе. Можеби наидувате на неразбирање од околината за вашите одлуки или постапки или со своето однесување успешно сте ги отфрлиле од себе. Размислете која е причината за ваквото чувство, за да можете полесно да го надминете.

Ако некој друг пали атлас во ваш сон тоа значи финансиска загуба. Веројатно ќе вложите во нешто што ќе се испостави како промашена финансиска инвестиција или ќе купите нешто што не вреди за парите. Во секој случај ќе ви треба време да се оправите финансиски. Ќе мора да го испланирате секој нареден чекор да го наполните вашиот буџет.

Ако купите атлас

Кога сонувате дека купувате атлас тоа симболизира возбуда. Пред вас е еден убав период во кој би можела да ви се оствари желба. Своите возбуди сте ги пренеле и на сон. Се плашите дека нешто би можело да ви ја расипе среќата, па влегувате со мала доза на внимателност. И порано сте се изгореле, па не верувате дека работите можат да бидат онака како ги посакувате.

Ако продавате атлас

Ако сонувате дека продавате атлас тоа значи дека ќе запознаете интересна личност. Тој/таа ќе бидат воодушевени од вашата интелигенција, харизма, начин на размислување, па ќе ви помогнат да гледате на работите од друг агол. Ќе ве научат да ја гледате посветлата страна на животот и да го искористите својот талент и вештини за вистински цели.

Ако подарувате атлас

Сон во кој подарувате атлас имплицира потреба да ја поделите амбицијата со некого кој ќе умее да ја сфати на вистински начин. Имате бројни планови, но нивната исплатливост ќе дојде покасно. Цврсто верувате во финансиската и секоја друга исплатливост на својата идеја, но ве колеба мислењето на луѓеѓто, кои упорно ви говорат да се свртите кон нешто што брзо ќе ви се исплати. Затоа би сакале покрај вас да има некој кој размислува на ист начин како вас.

Ако добиете атлас

Кога сонувате дека сте добиле атлас на подарок тоа значи дека имате скриени симпатии кон некого. Можно е да се работи за личност која долго време ја познавате, но дури неодамна почнала да ве привлекува. Веројатно ве спречува стравот од одбивање да го направите првиот чекор и да се обидете да се приближите. Пречка би можел дa биде фактот дека тој/таа или вие сте во врска или во брак. Дополнителен притисок ви прави стравот дека нема да можете уште долго да ги криете своите чувства. Доколку неодмна сте разгледувале атлас или барале нешто на карта или мапа, толкувањето на сонот е поедноставно. Вашиот мозок процесира информации добиени кога сте биле будни.

Дефиниција за атлас

Атлас е збирка на географски карти подредени во содржинска целина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg