Атом

Term Main definition
Атом

Проблеми на работа.

Што значи ако сонувате атом?

Ако сонувате атом

Соништата со атоми имаат повеќе значења. Можно е да имате проблеми на работа. Ситуацијата не се одвива онака како што сте си замислиле. Имате чувство дека сите се свртиле против вас и ништо не ви оди од рака. Ако имате долгови, веројатно ќе мора да го продолжите рокот на отплата на кредитот или да ставите некој имот под хипотека. Кризата влијаела врз сите аспекти на животот, а тоа најмногу ќе го почувствувате по пад на продажбата и интересот на луѓето за вашите производи кои сте ги продавале во големи количини.

Друго значење би можело да биде дека напредувате со ситни чекори во нешто што ви важно. Често ви се чини дека тој напредок е занемарлив или неважен. Долго време сте стагнирале и сега би сакале сè  да надокнадите преку ноќ. Имате лоша особина да го споредувате вашиот успех со туѓиот и ретко сте задоволни.

Трета можност е дека во вас се води борба помеѓу она што го сакате и што е добро за вас. Веројатно се наоѓате пред тешка одлука од која ќе зависи вашата иднина. Тоа може да се однесува на упис на факултет, промена на работното место или патување во страна држава. Луѓето ќе ви прават притисок да се одлучите за опција која материјално ќе ве обезбеди додека вие би сакале да се занимавате со нешто што ви се допаѓа иако не е профитабилно.

Толкувањето на овие соништа зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и деталите и чувствата што ги следат. Во текот на сонот можете да се чувствувате бесно, збунето, повредено и дезориентирано.

Ако сонувате делење на атом

Кога сонувате делење на атом (нуклеарна фисија) тоа значи дека ќе бидете потресени и збунети. Некои ситуации ве оставиле без адекватен одговор. Не можете да фатите „курс“ и да се држите до него. Ваквата состојба ве плаши бидејќи досега сте биле навикнати да ги држите сите конци во раце. Веројатно ќе побарате совет од личност на која и верувате за да одлучите што да правите.

Ако сонувате спојување на атом

Доколку сонувате спојување на атом (нуклеарна фисија) потсвеста во говори дека треба да се одморите. Натрупаните обврски и стресот во последно време ви влијаат врз менталното здравје. Иако мислите дека имате сили за таквото темпо, тоа би можело да ви создаде многу здравствени проблеми. Обидете се да пронајдете време з себе за да ги наполните батериите и да се спремите за следните предизвици.

Ако сонувате нуклеарна електрана

Ако на сон видите нуклеарна електрана тоа значи дека пред вас е еден успешен период на деловен и на приватен план. Нештата ќе почнат да се одвиваат онака како што сте сакале и очекувале. Ќе направите планови за во иднина и ќе имате сили да ги спроведете на дело.

Кога сонувате дека се шетате во нуклеарна електрана тоа ја симболизира вашата потреба за нови знаења. Можеби ќе запишете некој курс по стран јазик или обука од област која долго време ве интересирала, а не сте имале време да се посветите на тоа. Постои можност и за промена на факултет или работата која во моментот ја работите.

Сон во кој се криете во нуклеарна електрана симболизира желба за возбуда или за авантура. Мечтаете да заминете на некое егзотично место или да се испробате во екстремни спортови. Можеби би сакале да доживете романса со потполен туѓинец или да имате интимни односи на јавно место.

Ако сонувате експлозија на нуклеарна електрана тоа значи дека сте загрижени за своето здравје. Веќе некое време чувствувате симптоми кои ги игнорирате и сметате дека ќе поминат. Сепак, потсвеста ве мачи и би сакале да дознаете за што се работи, но се плашите да одите на лекар. Затоа често посегнувате по информации од интернет, што е најлошата работа која можете да ја направите.

Ако сонувате нуклеарен физичар

Ако сонувате нуклеарен физичар тоа значи дека имате превисоко мислење за себе. Околината ве доживува како арогантна личност која за себе мисли дека е најдобра и најпаметна. Тоа не треба да ве чуди бидејќи така се однесувате. Тоа што мислите дека немате пријатели бидејќи сите ви завидуваат, едноставно не е точно. Вашата неможност да пронајдете друштво е последица на вашиот став кон  себе и другите.

 Ако сонувате нуклеарен физичар значи дека ќе се впуштите во работа која досега никогаш не сте ја работеле. Веројатно ќе морате да замените колега на работа. Ќе ве плаши помислата дека не сте запознаени со неговата работа и дека би можеле да направите некоја грешка. Сепак, би можел да ве опушти фактот дека надредениот ви ја доверил задачата на вас бидејќи смета дека можете да ја завршите без проблеми. Без оглед на одговорноста, ќе се чувствувате гордо.

Ако сонувате дека се расправате со нуклеарен физичар значи дека сте во опасност. Некој се обидува да ви ја загрози кариерата или приватниот живот со своите постапки. Причина поради тоа може  да биде завист и љубомора, па затоа обрнете внимание кому се доверувате и селектирајте ги соработниците за секоја задача што треба да ја завршите.

Ако на сон се обидувате да убиете нуклеарен физичар тоа имплицира дека варијантата топло-ладно на партнерот или симпатијата повеќе не ви одговара. Би сакале нешто да промените но никако не наоѓате начин. Секој разговор со него/неа завршува со мачна расправа без конкретен резултат. Понекогаш ви се чини дека нему/нејзе воопшто не им е грижа, но тогаш доаѓа период кога мислите дека не би можеле да живеете без вашиот партнер. Се наоѓате во безизлезна ситуација и чувствувате дека покрај партнерот си го губите драгоценото време. Оваа ситуација не може да ја реши никој освен вас. Затоа во најскоро време треба конечно да донесете одлука во врска со иднината на вашата врска.

Сон во кој водите љубов со нуклеарен физичар симболизира страв од неуспех во љубовта. Можеби ви се допаѓа некоја личност, но се плашите да го покажете тоа. Многу сте внимателни бидејќи не сакате некој да ве повреди. Затоа потешко се отворате и оставате впечаток на строга и недостапна личност. Ако ја тргнете маската би можеле да се изненадите од вниманието кое би го добивале. Не дозволувајте стравот да ви ја земе харизмата што ја поседувате.

Ако неодамна сте гледале филм или серија на телевизија со слична тематика сонот не се толкува бидејќи тоа што оставило впечаток на вас на јаве се пресликува на сон.

Дефиниција за атом

Атом е најмал дел од супстанцата или хемискиот елемент кој ги содржи особините на тој елемент и се состои од протони, електрони и неутрони.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg