Атомска бомба

Term Main definition
Атомска бомба

Ако ја видите: големо непријатно изненадување. Ако видите експлозија на атомска бомба: големи грижи. Ако правите атомска бомба: вашите непријатели нема добро да поминат.

Што значи ако сонувате атомска бомба?

Ако видите атомска бомба на сон

Кога на сон гледате атомска бомба тоа симболизира големо непријатно изненадување. Веројатно ќе слушнете нешто поврзано со работата што не сте очекувале. Сте се чувствувале удобно во сигурното работно место и сте ги одложиле плановите за започнување на сопствен бизнис. Не сте од оние кои се ослонуваат на другите, но би било убаво за промена да се почувствувате безгрижно. Ќе сфатите дека сте згрешшиле и ќе продолжите со плановите онаму како што сте застанале. Од ова ќе извлечете голема поука која ќе ви биде од голема корист.

Ако сонувате експлозија на атомска бомба

Кога сонувате дека гледте експлозија на атомска бомба, тоа предупердува на грижи. Можно е да сте под стрес бидејќи чувствувате притисок на работа. Најмногу ќе страда вашето здравје па домашните ќе инсистираат да одите на лекар. Веројатно имате расправии со шефт кои ви го загорчуваат животот. Ќе мора да почнете да се занимавате со некоја фзичка активност за да ја исфрлите негативната енергија.

Ако правите атомска бомба

Кога сонувате дека правите атомска бомба, тоа значи дека вашите непријатели нема да поминат добро.  Веројатно некој ви работи зад грб и искажува невистини за вас. Ќе станете свесни за ситуацијата и ќе реагирате на начин на кој ќе се заштитите себеси и своите интереси.

Ако сонувате активирање на атомска бомба

Сон во кој активирате атомска бомба симболизира потиснат бес и незадоволство. Некој настан или расправија длабоко ве потресле. Ве мачи мислата дека не сте умееле да изреагирате на правилен начин. Размислувате што се би можеле да кажете да си ги одбраните ставовите, а сте си лути на себе бидејќи не сте го сториле тоа. Ако не го заборавите овој настан, постои можност да ви се повторува овој или сон со слични значења.

Доколку на ваш сон некој друг активира атомска бомба тоа значи дека во вашето опкружување има личност која не ви посакува добро. Ќе се обиде да ви наштети поради завист, љубомора или злоба. Ќе се обиде да ве скара со партнерот или пријателите или ќе се обиде да ви „спакува“ отказ.  Во секој случај мора да бидете внимателни бидејќи секој погрешен чекор би можел/ла да го искористи против вас.

Ако сонувате деактивирање на атомска бомба

Ако на сон се обидувате да спречите катастрофа тоа значи дека вашиот труд би можел да се исплати. Во последно време сте работеле ммногу напорно и сте успеале да направите баланс помеѓу приватниот и деловниот живот, а за тоа конечно ќе бидете наградени. Претпоставените ќе сфатат дека сте вреден дел од тимот и ќе ве почестат со покачување на плата или стимулација.

Ако имате приватен бизнис можна е добра и успешна соработка со деловен партнер. Кога сонувате дека некој друг се обидува да деактивира атомска бомба тоа значи дека ќе слушнете одлични вести. Некој би можел да ви понуди работа која ќе ги остври сите ваши соништа. Можеби тоа во моментот не се вклопува во вашите планови за иднина, но понудатата радо ќе ја прифатите.

Ако сонувате закана за атомска бомба

Сон во кој вие се заканувате со активација на атомска бомба имплицира незадоволство со сопствениот живот. Во последно време ништо не ви оди од рака. Не сте ги оствариле плановите поврзани со личниот или професионалниот живот и ви се чини дека сте потполен губитник. Ваквата ситуација ве прави депресивни, губите волја и енергија да продолжите да се борите. Ви треба поттик и поддршка, па затоа е најдобро да се советувате со личноста во која имате доверба. Ќе сфатите дека не е се така црно како што ви изгледа во моментот.

Доколку сонувате како некој ви се заканува со активирање на атомска бомба тоа симболизира страв од смртта или болест. Веројатно нечие прерано заминување од овој свет, па размислувате за тоа. Ќе се одлучите конечно да посетите лекар за да се уверите дека се е во ред со вас.

Ако сонувате последица од екплозија на атомска бомба

Кога на сон ќе видите атомска бомба тоа значи дека пред вас е нов почеток. Цврсто ќе одлучите да промените многу нешта во вашиот живот. Можни се различни сценарија – од одлука да почнете некоја диета, да се откажете од цигари или алкохол, до промена на работното место или местото на живеење. Со оглед на тоа дека не сте биле психички спремни да ги исполните ветувањата кои самите сте си ги дале, на почетокот ќе се сомневате во успехот. Сепак, овојпат работите ќе бидат сосема поинакви. Ќе сфатите дека грешките ве воделе по погрешен пат и отсега ќе бидете во состојба да ги гледате работите појасно.

Ако сонувате атомско засолниште

Ако сонувате дека се криете од експлозија на атомска бомба во засолниште, тоа имплицира дека сте анксиозни. Ве мачат нешта што не можете да ги промените. Тоа ви создава тешкотија која од јаве се пренесува на сон. Не можете да се помирите со тоа дека сте немоќни бидејќи не сте навикнале да се предадете без борба. Овојпат борбата ќе биде залудна, па ќе морате да престанете да се мачите. Ако сонувате група луѓе кои се засолнуваат од атомска бомба тоа значи дека сте уморни од секојдневните обврски и стрес.

Би сакале накратко да побегнете од се, но свесни сте дека тоа не е возможно во моментот. Поради тоа ви е нарушена комуникацијата со блиските луѓе. Имате впечаток дека воопшто не ве сфаќаат и дека ви замеруваат што не им посветувате доволно внимание. Свесни сте за тоа, но никако не успевате да си го организирате времето за да можете да стигнете секаде. Потрудете се да сторите нешто за себе, бидеќи ваквата состојба на долг рок би можела да има кобни последици.

Ако сонувате нуклеарна војна

Кога сонувате нуклеарна војна тоа симболизира страв од загуба на контрола над сопствениот живот. Некои настани ве навеле да размислувате во таа насока. Се плашите дека конците на животот би можел да ви ги преземе некој друг. Тоа би значело дека вашите планови и желби никогаш нема да се остварат. За да го спречите тоа ќе мора да донесете некои непопуларни одлуки кои нема никому да му се допаднат. Сепак, бидете свесни дека се потребни длабоки резови за да не дозволите животот да ви падне во туѓи раце. Реагирајте на време. Кога ќе го направите првиот чекор се ќе биде полесно и ќе знаете што е најдобро за вас. Ако неодамна сте читале за атомски бомби или гледале прилог на телевизија за тоа сонот не се толкува. Исто важи и ако сте гледале серија, филм или документарен филм на таа тема.

Дефиниција за атомска бомба

Атомска бомба е средство кое се користи во војна и има уништувачка експлозивна моќ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg