Автобус

Term Main definition
Автобус

Ако сонувате автобус: не очекувајте награда без големо залагање.

Што значи да сонувате автобус?

Автобус е сон кој спаѓа во 300 најсонувани сонови. Автобус најчесто сонуваме пред патување или после патување. Ако сонот е сонуван непосредно пред и после патување со автобус, таквиот сон не се толкува. Ако некого сте испратиле на патување со автобус, сонот исто така не се толкува и таквите соништа немаат никакво значење.

Ако видите автобус на сон

Кога на сон ќќе видите автобус тоа значи да не очекувате успех без труд. Веројатно се случува често да посакувате нешто за кое не сте се помачиле. Од мали нозе вашите родители ви ги исполнувале сите желби и исполнувале секоја желба, но дошло време кога се смениле нештата. Ќе мора да заработите сè што ќе потрошите, а можеби ќе ви се допадне да бидете независни па ќе продолжите да работите и да се издржувате себеси.

Ако видете катен автобус

Ако на сон видите автобус на кат, тој сон означува дека за некоја специфична цел ќе морате да вложите двојно повеќе труд отколку останатите за да го постигнете истото. Причината за тоа е веројатно дека се впуштате во нешто што не е ваше примарно подрачје на делување.

Ако видите автобус полн со ученици

Покрај трудот потребен за успех, потребно е да вложите и труд и стекнување на знаење за да ви се оствари успехот.

Автобус полн со туристи

Безгрижен живот. Вложен труд во нешто или некој великодушно ќе ви се исплати.

Ако се возите во автобус на сон

Кога сонувате дека се возите со автобус, тоа имплицира дека посакувате патување. Можно е долго време да не сте биле на одмор и ви се јавила желба да искористите барем неколку дена да побегнете од секојдневната рутина. Ќе бидете расположени да истражувате нови дестинации и да уживате со полни гради. Партнерот едвај ќе чека да му го предложите тоа.

Ако сонувате дека се возите со автобус

Вие сте личност која сака да ги контролира нештата и секоја загуба на контрола или препуштање на контрола некому ве вади од вашата комфорт зона. Алтернативно значење е дека сте перфекционист и сакате работите да бидат совршени.

Ако сонувате дека позната личност вози автобус

Некого кого познавате му е потребен ваш совет и предлог во врска со нешто, но оваа личност се срами или страв ѝ е да ве праша за да не се посрамоти.

Ако чекате автобус

Вие сте трпелива личност која ги чека своите пет минути. Алтернативно значење е дека претерувате во чекање за некоја одлука.

Ако доцните за автобус

Кога сонувате дека доцните на автобус, тоа е знак дека самите си ставате кочници во животот. Неодлучноста ве кочи да донесете важни одлуки. Се плашите од неуспех па претпочитате да се концентрирате на неважни нешта отколку на оние од кои ви зависи иднината. Честопати наидувате на судири со околината која смета дека сте несериозни и неодговорни.

Сон во кој сте влегле во погрешен автобус и се возите во погрешен правец

Се плашите од донесување на одлука. Сите свои одлуки двојно ги преиспитувате и пак не сте сигурни дали сте ги донеле вистинските одлуки.

Ако сонувате расипан автобус

Постојат пречки во вашиот живот кои не можете сами да ги решите, потребно е да побарате помош од блиските, стручни лица или личност која има моќ да го реши проблемот.

Ако сонувате дека поправате автобус

Ако сонувате дека поправате автобус, таквиот сон означува дека можете да ги решите туѓите проблеми. Имате можност некому да олесните некоја непремостива пречка, а трудот вложен од ваша страна нема да претставува никаков проблем.

Ако сонувате сообраќајна несреќа со автобус

Ако видите сообраќајна несреќа во која учествувал автобус, тоа значи дека ќе се откажете од долгогодишните желби или цели. Ако неодамна сте виделе сообраќајна несреќа овој сон не се толкува. Ако на сонот има загинати лица потребно е да побарате поинакво толкување на овој сон, бидеќи ниту неговиот главен ниту спореден мотив не е автобус.

Ако спиете во автобус

Сон во кој спиете во автобус означува дека сте безгрижна и стабилна личност и дека добро се справувате со проблемите. Цврсто стоите на земја и не се занивате со трачеви или проблеми на другите. Другите луѓе го согледуваат тоа и често ве бараат за совети.

Ако користите тоалет во автобус

Со брза одлука ќе се ослободите од некој проблем кој веќе долго време ве преокупира.

Ако водите љубов во празен автобус

Ако се потрудите, ви претстои страсна авантура на јаве со личност која не е од ваш град.

Ако водите љубов во полн автобус

Потајно сте егзибиционист. Алтернативно значење е дека партнерите сметаат дека сте добри во водењето љубов.

Ако испаднете од автобус

Ако сонувате дека сте испаднале од автобус тоа значи дека сте затворена личност која ретко и допушта на луѓето да ѝ се приближат. Дури и кога сте во врска константно се обидувате да се држите на дистанца, не покажувате чувства бидејќи нема да ви бидат возвратени.

Веројатно тоа е последица на лоша врска од минатото поради која многу сте страдале. Кога сонувате дека некој друг испаднал од автобус тоа симболизира жал за пропуштена прилика. Можеби сте се нашле во друштво на одредена личност која би можела да ви помогне во врска со некоја работа или факултет, но не сте ѝ го споменале тоа.

Ненаметливоста е ценета особина, но понекогаш морате да се борите за себе за да ја постигнете целта.

Ако сте исфрлени од автобус

Доколку сонувате дека возач или кондуктер ве исфрлил од автобус бидејќи сте немале карта или недолично сте се однесувале, тоа значи дека ќе се посрамите пред непознати луѓе. Ќе се најдете на некој состанок, вечера или дружба на која не познавате многу луѓе, ниту пак темата на која се дискутира. Сепак, ќе посакате да го искажете своето мислење кое нема да има никаква врска со актуелната приказна. Тоа ќе предизвика потсмев кај присутните, а вие ќе научите дека е подобро да молчите.

Ако сонувате дека некој друг е исфрлен од автобус тоа значи дека во блиска иднина ќе се расправате со тврдоглава личност. Ќе се обидете да му/ ѝ докажете дека не е во право, но секој обид ќе резултира со неуспех. Ќе потрошите многу енергија да го/ја уверите во нешто.

Ќе ви треба некое време да сфатите дека овие разговори немаат смисла, па ќе се откажете од понатамошна расправа.

Сон во кој некого исфрлате од автобус симболизира потиснат страв. Веројатно се плашите од реакција на околината за вашите одлуки и постапки. Навикнати сте блиските личности да ви говорат што да правите и како да се однесувате, па секојпат кога ќе добиете упатство ве фаќа паника. Свесни сте за овој ваш проблем, но никако не успевате да се ослободите од него.

Дефиниција за автобус

Автобус е патничко возило кое превозува голем број на патници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg