Бегање

Term Main definition
Бегање

За мажи: предавство од соработници; за жени: непромислени чувства.

Што значи да сонувате бегање?

Ако сонувате дека сте маж и бегате

Кога мажите сонуваат дека бегаат, тоа предупредува на предавство на соработниците. Ќе мора да внимавате кому му верувате и да научите некои работи да ги задржите само за себе. Иако важите за умна личност, нема да увидите дека ваш близок соработник има скриени намери.

Можеби ќе сака да ви украде нешто или да ве шпионира со цел да ги открие вашите тајни на конкуренцијата. Доколку се работи за долгогодишен пријател, ќе ви биде тешко да ја прифатите неочекуваната вистина.

Ако сте жена и бегате во сон

Кога жените сонуваат дека бегаат, тоа симболизира непромислени чувства. Ќе запознаете маж со кого би отишле и на крај на светот ако ве праша. Ќе доживеете фатална љубов и ќе бидете подготвени да напуштите сè за да бидете заедно.

Доколку сте зафатени, вашите пријатели ќе се обидат да ве вразумат и да ве убедат дека правите грешка.

Ако бегате од полиција

Ако ве прогонува полиција во сон, тоа значи дека вашата совест не е мирна. Постои и значење во кое премногу се обвинувате за нешто, можеби за некој семеен проблем и правите од игла слон.

Ако бегате од домот и родителите

Соништата во кои бегате од домот и родителите значат дека живеете во лажно уверување дека сте во право околу некој проблем, а не сте. Треба да се преиспитате и да ги прифатите фактите што ви ги укажуваат вашите познаници, семејството или пријателите.

Ако бегате од непознати лица

Ако сонувате дека бегате од некого, тоа е знак дека ќе избегнете опасност. Можеби сте во искушение да направите нешто што би можело да го загрози вашиот живот. Тоа може да биде кривично дело, позајмување пари од лихвари, купување мотор или дружење со лошо друштво.

Ќе сакате да промените нешто и да внесете малку неизвесност во вашето секојдневие. Сепак, здравиот разум ќе победи и ќе сфатите дека не треба да се играте и да си ја пробувате среќата.

Ако бегате од јарец

Сонувањето дека бегате од јарец е предупредување дека ќе имате непријатна ситуација на работа. Вашите должности и одговорности ќе растат како и притисокот на луѓето кои ќе сакаат, со ваша помош, да ве искористат за да се изборат за подобра позиција.

Веројатно ќе сакаат да потпишете разни документи и да договарате соработки со фирми од кои тие имаат корист. Веројатно ќе мора на многумина да им замерите доколку сакате искрено да работите.

Ако бегате од бесни кучиња или волци

Ако во сон бегате од бесни кучиња, тој сон значи дека треба да внимавате да избегнете лошо друштво. Во спротивно, може да имате проблеми со законот и државата.

Ако бегате од овен

Ако во сон ве прогонува овен, тој сон значи дека упорно и тврдоглаво се обидувате да решите некој проблем на еден и ист начин. Со промена на методот ќе се реши и проблемот.

Ако бегате од бик (вол)

Бик во сон скоро секогаш значи сила. Ако бегате од бик, тоа значи дека во реалниот живот треба да се оддалечите од посилниот противник, најчесто во вербална расправија. Понекогаш е подобро стратешки да се повлечете.

Ако бегате од чудовиште што го гледате или не го гледате

Ве мачат некои внатрешни и лични демони. Се двоумите околу некои работи и не знаете како да се однесувате, а сите околу вас да бидат среќни.

Ако бегате, а не можете да избегате

Ако во сон бегате, но не успеете да избегате, тоа предупредува на штета. Во наредниот период ќе се појават бројни проблеми чие решавање ќе ви одземе  многу енергија.

Ќе бидете на работ на вашите сили и ќе побарате помош од близок пријател или партнер за да успеете да се справите со последиците од сите неволји што ве снашле.

Ако бегате од толпа

Кога во сон бегате од маса луѓе, тоа укажува на длабоко вкоренети комплекси. Вие сте личност која бара потврда од луѓето околу вас за секој ваш потег.

Не сте навикнати сами да донесувате одлуки, па затоа пред да направите нешто, мора да побарате нечиј совет. Вниманието не е лоша особина, токму спротивно, но овде не станува збор за тоа, туку за вашето настојување да го направите само она со што повеќето ќе се согласат.

Се плашите дека луѓето ќе ве осудат и затоа постојано сте во вакуум помеѓу она што би сакале да го направите и она што другите ќе ви  кажат дека треба. Меѓу вашите пријатели постои мислење дека сте несамостојна личност, потполно неспособна да се грижи за себе.

Ако бегате од акреп

Ако во сон бегате од акреп, тоа значи дека се плашите оти другите ја презеле  контролата над вашиот живот. Полека, но сигурно конците на вашата судбина ги зела друга личност. Ви требаше многу време да го забележите тоа. Ако не сте задоволни со сценариото што ви го напишал/а, време е да тргнете и да ја вратите контролата.

Ако бегате од духови

Сон во кој бегате од духови симболизира чувство на вина затоа што сте ја повредиле саканата личност. Вашите постапки или зборови направени или изговорени во афект направија голема штета. Ќе мора многу да се докажувате за да ја вратите довербата и наклонетоста на таа личност.

Ако бегате од поплава

Ако сонувате дека бегате од поплава, тоа укажува на многу позитивни исходи од вашата работа. Ќе се потрудите за некоја работа да научите сè што ви е потребно за целосно да ја совладате материјата за да бидете што е можно поуспешен. Доколку сте имале намера да започнете сопствен бизнис, сега е вистинско време за тоа.

Сепак, не донесувате одлуки со срцето, туку со разумот и обидете се секогаш да имате покрај себе доверлив и верен советник и партнер.

Ако бегате од торнадо

Ако во сон бегате од торнадо, тоа значи дека ќе имате доволно сила да „се кренете од дното“. Ќе доживеете некој разорен потрес во вашиот живот. Можеби ќе ја изгубите работата, партнерот, големи пари и слично, но ќе излезете од тоа многу посилни. Отпрвин ќе се изгубите од шок. Ни самите нема да бидете свесни што ви се случило. Ќе ви треба некое време да си дојдете на себе, но ќе сфатите дека поговорката „што не те убива, те јакне“ не е фраза туку „жива“ вистина.

Ако бегате од лава

Кога во сон бегате од лава, тоа значи дека пред вас е мирен период. Конечно ќе дочекате сè да е по ваше. Нема да имате поголеми проблеми ниту на работа ниту дома. Ќе најдете време да уживате во друштво со луѓето што ги сакате. Тоа ќе ви помогне да ги „наполните батериите“ и подготвено да дочекате некои идни предизвици.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте побегнале од некого или сте гледале акционен филм, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за бегање

Бегање е обид за криење од други луѓе.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg