Бенка (младеж)

Term Main definition
Бенка (младеж)

Бенка на лице или тело означува дека ќе чуете непријатни вести.

Што значи да сонувате бенка?

Кога во сонот имате бенка на лицето или телото, тоа подразбира дека ќе ве наклеветат. Можно е да доживеете непријатна ситуација на работа затоа што некој од вашите колеги, сакајќи да се воздигне, ќе гази по вас и ќе ги толкува настаните на начин што му/ѝ одговара најдобро. Секој ваш обид да објасните за што станува збор ќе изгледа како оправдување и негирање на очигледна вина.

Сонување дека сте раскрвавеле младеж е предупредување дека ќе бидете во опасност. Веројатно нема да се грижите за вашето здравје, што ќе ве доведе во ситуација да мора да решавате неколку проблеми одеднаш. Ќе мора сериозно да се посветите на себе и обврските, што отсекогаш сте ги сметале за важни, да ги ставите во втор план.

Ако во сон отстранувате младеж, тоа значи дека сте внимателни. Вашето мото е: „подобро да се спречи отколку да се лекува“, поради што веднаш реагирате кога ќе процените дека некој не е искрен со вас. Таквите врски, пријателства или деловни соработки вие ги сечете во корен и не дозволувате да ве повредат и да ви создаваат проблеми.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте раскрвавиле или сте отстраниле младеж, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за бенка

Младежите/ бенките се бенигни тркалезни промени со потемна боја кои се јавуваат на кожата и на слузниците.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg