Бик - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Бик

Term Main definition
Бик

Ќе се случи нешто значајно.

Што значи да сонувате бик?

Бикот во соништата како поим се јавувал многу почесто во минатото отколку денес.

Ова го објаснуваме со ретките средби на урбаните луѓе со овие животни, па затоа статистичките податоци велат дека луѓето во руралните краеви почесто се среќаваат со овој сон.

Ако видите бик во сон

Кога сонувате бик, тоа укажува на значаен настан во вашиот живот. Ќе донесете важна одлука за која долго сте размислувале, но сте ја одложувале. Тоа може да се однесува на нешто што ќе има големо влијание врз вашата кариера, на пр., избор на факултет, магистерски студии или друга работа или на вашиот емотивен живот, па можно е наскоро да бидете свршени или венчани.

Оваа година ќе биде ваша во секоја смисла и ќе претставува пресвртница во вашиот живот.

Ако допрете бик во сон

Ако во сон допрете бик, тоа симболизира веселба. Ќе бидете поканети на прослава на која ќе се радувате. Веројатно ќе ја прави член на семејството или близок пријател.

Веднаш штом ќе дознаете за прославата, ќе започнете да правите планови за тоа што ќе облечете, каков подарок ќе купите и како ќе помогнете при подготовките.

Ако убивате бик

Сонувањето дека убивате бик значи дека ќе изгубите пријател. Можно е да ве изневери личност во која сте имале доверба. Ќе дознаете од други дека таа зборувала лаги за вас и повеќе нема да сакате да останете во контакт со неа.

Колку и да сте биле свесни дека тоа е најдобрата одлука што можете да ја донесете, ќе ви биде жал што сето тоа заврши на таков грд начин. Ќе размислувате долго за таа личност и ќе се сеќавате на убавите моменти што сте ги поминале заедно.

Нема да ви биде јасно што можело да влијае за да се однесува така кон вас.

Ако сонувате дека други убиваат бик

Кога сонувате дека други убиваат бик, тоа значи дека ве мачи неправда. Сфативте дека некои ваши познаници успеаја да се збогатат преку ноќ. Дека тие се во можност да патуваат кога и каде сакаат и дека нивниот живот е многу полесен и поедноставен.

Од друга страна, вие успевате да си ги дозволите најосновните работи, а во моментот не можете ниту да фантазирате за некои работи.

Ако јавате бик

Доколку во сон јавате бик, тоа значи дека неволјите ќе ве одминат. Во претстојниот период ќе доживеете ситуации што ќе го тестираат вашиот карактер. Вашата ментална сила ќе дојде до израз и ќе одолеете на сите искушенија. Вие ќе сакате да се фокусирате на убавите настани во животот, додека нема да им придавате никакво значење на негативните работи и луѓе.

Ќе верувате дека секој човек е кројач на својата судбина и ќе се трудите сè да искроите според ваша мера. Алтернативно толкување кое важи во помал број случаи е дека наскоро на јаве ќе имате љубовни средби.

Ако сонувате дека некој друг јава бик

Ако сонувате дека некој друг јава бик, тоа укажува на пропуштена можност. Можно е неодамна да сте одбиете покана за состанок со личност која ќе ви одговара во секој поглед или сте одбиле промена на работното место затоа што се плашевте дека нема да се вклопите во новата средина.

Ако храните бик во сон

Непотребно поддржувате и храните нечија суета. Со таквото однесување, вие ја водите таа личност во погрешна насока и таа создава погрешна слика за себе. Можеби се плашите на таа личност да ѝ кажете директно критика или нешто што нема да ѝ одговара.

Ако сонувате дека некој друг храни бик

Кога сонувате дека некој друг храни бик, тоа значи дека имате многу високо мислење за себе и дека сте изгубиле многу пријатели поради тоа. Покрај вас останале само оние на кои сте им драги, без оглед на сè. Убаво е да имате самодоверба, но размислете дали вашето, понекогаш арогантно однесување има смисла. Со своите зборови ги повредивте луѓето и поради тоа „паднавте во очите“ на сивите пријатели.

Ако бегате од бик

Кога сонувате дека бик ве брка, тоа предупредува на неприлики. Ќе ризикувате многу и ќе се најдете во опасност. Веројатно ќе бидете вмешани во незаконски работи, што може да има лошо влијание и врз вашето семејство. Вие нема да размислувате за последиците од вашите постапки и ќе се каете за тоа кога ќе сфатите што другите морале да претрпат поради вас.

Ако сонувате дека некој друг бега од бик

Доколку сонувате дека некој друг бега од бик, можно е вашиот партнер или пријател да ве праша за совет и да не знаете што да му/ѝ одговорите. И покрај желбата да бидете искрени, ќе се плашите дека зборовите ќе го/ја повредат. Меѓутоа, тоа не би требало да ве мачи, бидејќи токму тој ве прашал/а да му/ѝ помогнете затоа што смета дека сте доверлива личност.

Ако впрегнувате бик да работи

Ако во сон впрегнувате бик на плуг, тоа ве предупредува дека ќе се посрамотите. Веројатно ќе бидете спречени да помогнете некому и тоа ќе се прочуе. За вас ќе има озборувања и многумина ќе се однесуваат како никогаш да не сте направиле ништо за нив. Ќе ви биде жал што луѓето толку брзо забораваат, но и покрај тоа, ќе се трудите да им излезете во пресрет кога е тоа во ваша можност.

Ако купувате бик

Сонувањето дека купувате бик значи дека сте презеле голема одговорност на себе. Ќе имате желба да направите нешто благородно, но за тоа ќе ви треба помош. Вашите можности, време и обврски нема да ви дозволат да посветите на ова толку време колку што сакате. Ќе мора да бидете пореални бидејќи за овој потфат нема да бидат доволни само добрите намери.

Ако сонувате дека продавате бик

Кога во сон продавате бик, тоа укажува дека ќе мора да се откажете од дел од вашето наследство. Можно е да бидете принудени да продадете нешто за да ја средите лошата финансиска состојба. Друга можност е да оставите сè на другите наследници со цел да го зачувате мирот и хармонијата во семејството.

Во никој случај нема да ви биде лесно да донесете таква одлука, но ќе бидете свесни дека тоа е потребно заради повисоки цели.

Ако јадете месо од бик

Добро здравје и долг живот. Можно е да се протолкува дека луѓето гледаат на вас како силна и страсна личност.

Ако гледате како бик полово општи со крава

Среќа и богатство. Некој деловен потфат ќе ви се исплати и ќе ви донесе профит. Добро време за деловни инвестиции.

Гледање борба со бикови (корида)

Ако видите во сон борба со бикови, т.е. корида тој сон означува дека ќе влезете во судир на мислења со ист пол, веројатно со личност блиска до вас. Кавгата, сепак, ќе биде привремена и нема да остави подлабока трага во вашиот однос.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе бик, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за бик

Бикот е возрасно машко говедо од семејството Бос. Исто така е еден од 12 хороскопски знаци.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg