Билијард

Term Main definition
Билијард

Играње: ве очекува успех во работата; Гледање како други играат: голем напредок.

Што значи да сонувате билијард?

Ако сонувате дека други играат билијард, тоа симболизира напредок. Ве очекува период во кој ќе бидете задоволни од вашиот живот и на многу работи ќе гледате попозитивно отколку порано. Ќе престанете да се измачувате за пропуштените можности и ќе се трудите да го користите она што ви е понудено.

Таквиот став ќе направи да се чувствувате подобро и да напредувате на многу полиња.

Кога во сон играте билијард, тоа означува успех на работа. Во наредниот период ќе бидете подготвени да се борите за вашите идеи, иако тие бараат големи ризици. Тоа вам нема да ви биде проблем, затоа што ќе верувате во вашите способности да донесувате вистински одлуки.

Во почеток, шефовите исто така ќе се сомневаат, но кога ќе увидат колку придонесувате за имиџот на фирмата и за зголемување на обемот на работа, ќе ви дадат одврзани раце да го направите она што мислите дека е правилно.

Ќе се водите од интуиција и знаење кои ќе ви отворат многу врати и ќе ви овозможат да запознаете влијателни луѓе.

Сонување дека продавате билјард симболизира помирување. Честопати се судирате со луѓе за кои се грижите. Особено сте чувствителни ако ве повредат. Можно е  погрешно да сте ја сфатиле добрата намера на член на семејство или пријател кој ви посакува добро.

Со текот на времето ќе сфатите дека нема смисла да се замерувате поради глупости и ќе го разјасните недоразбирањето што сте го имале. Ова ќе го зајакне вашиот однос и ќе станете поблиски од порано.

Кога сонувате дека сте купиле билијард, тоа предупредува дека ќе слушнете неповолни вести. Фирмата во која работите веројатно ќе се соочи со тешка финансиска состојба, па директорот ќе биде принуден да отпушти голем број вработени.

Ќе ви биде многу тешко, но нема да имате многу време за очај. Ќе мора да смислите како понатаму и како да се снајдете сè додека не најдете нова работа.

Доколку сонувате дека сте победиле во билјард, тоа симболизира голем успех. Можно е работата што ја започнавте да донесе позитивен исход. Ако сте во приватен бизнис, веројатно ќе ви падне на ум иновативна и многу профитабилна идеја.

Кога сонувате дека сте изгубиле на билјард, тоа значи дека трудот нема да ви се исплати. Може да се однесува на љубовни или на деловни односи. Ќе сфатите дека вложивте многу време во нешто што немаше смисла.

Ако сонувате дека некој ви подарил билјард, тоа значи дека имате таен обожавател. Веќе некое време ѝ се допаѓате на личност која не смее да ви пријде. Причините можат да бидат различни, од тоа дека веќе имате партнер или тој/таа е зафатен.

Можно е дека сте забележале некои сигнали, но сте одлучиле да ги игнорирате. Ако и двајцата сте слободни, и ако заклучите дека и вам таа личност ви се допаѓа, покажете го тоа за да не ја пропуштите повторно можноста да бидете среќни.

Доколку во сон некому подарите билјард, можно е да добиете пари без многу труд и работа. Веројатно се во прашање игри на среќа или наследство. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе можете да уживате во луксузот до крајот на животот, затоа бидете внимателни како ги трошите парите.

Потрудете се да не се расфрлате, затоа што во спротивно би можеле да останете без сè.

Маса за билијард

Кога во сон ќе видите маса за билјард, тоа значи дека ќе имате проблеми со законот. Можно е да бидете казнети за паркирање, брзо возење или преминување улица надвор од пешачки премин. Ако чекате исход од некое судење, пресудата веројатно нема да ви се допадне. Ваквиот сон може да се однесува на измама во врска или предавство од близок пријател.

Ако на маса за билијард топчињата се распоредени во триаголник и подготвени за почеток на партијата, пред вас е еден многу поповолен период на деловен или љубовен план. Искористете го максимално затоа што нема да трае долго и не преземајте премногу ризици.

Доколку на масата нема топчиња, тоа значи дека ќе прифатите некоја ризична работа. Ќе бидете свесни дека ако нешто тргне наопаку, може да имате големи проблеми, но тоа нема да ве спречи да ја започнете реализацијата. Вашето мото „кој не ризикува, не профитира“ конечно ќе донесе резултати.

Сепак, мора да бидете свесни за опасноста во која се наоѓате и да размислите какви последици тоа би можело да има врз вас и вашите најблиски.

Топчиња за билијард

Кога сонувате за различни топчиња за билјард, тоа укажува на лоша комуникација со партнерот или некој член на семејството. Веќе подолго време сте во „напнати“ односи и мала „искра“ ќе биде доволна за „избувнете“.

Бидете внимателни затоа што би можеле да кажете нешто во афект што никако не смеете да го кажете. Ќе треба многу трпеливост да го решите тоа, но ќе излезете побогати за едно големо искуство.

Толкувањето зависи и од бојата на топчињата што ги гледате во сон.

Ако во сон ви се појавиле само жолти топчиња, тоа значи дека сте завидливи или љубоморни на близок пријател или член на семејството. Сфативте дека тој/таа има сè за што некогаш сте сонувале и сметате дека и вие заслужувате повеќе за да бидете среќни и успешни.

Бело-жолтите топчиња ја симболизираат радоста. Можно е да слушнете добра вест, дека ќе бидете поканети на свадба, крштевање или раѓање на дете.

Црвените топчиња укажуваат на успех во љубовта. Во наредниот период би можеле да запознаете личност за која ќе бидете сигурни дека е ваша сродна душа. Можно е да започнете нова љубовна врска.

Црвено-белите топчиња во сон значат морална дилема. Можеби ќе ви се допадне  личност која е зафатена. Ако сте биле во брак или во врска долго време, веројатно ќе започнете да размислувате за раскин или развод, со цел да започнете нешто со друга личност.

Ако во сон видите сини топчиња, потсвеста ви кажува дека копнеете по слобода во вистинска смисла на зборот. Сино-белите топчиња укажуваат на проблеми со парите.

Зелените топчиња во сон означуваат грижа за здравјето на некој близок, а зелено-белите предупредуваат на промена на животните навики.

Црното топче симболизира лоши вести, а белото симболизира добри вест.

Црно-белите топчиња се знак на нов почеток.

Стап за билијард

Стапот за билјард во сон симболизира проблеми со парите. Во последно време веројатно многу трошите на непотребни работи. Ги чaстевте другарите, купивте облека или работи што не ви беа потребни и на крајот се доведовте до тоа да не знаете како да преживеете до следната плата.

Ќе мора да се потрудите да го  „истуркате“ тој период, а не е исклучено да побарате помош од роднини или пријатели.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте играле билијард со вашите пријатели, сигурно сте ги сумирале впечатоците, што влијаело и на вашиот сон.

Дефиниција за билијард

Билјардот вклучува голем број на игри во кои се користи стап или так кој се користи за удирање на топчињата на масата за билјард.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg