Бои за боење - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Бои за боење

Term Main definition
Бои за боење

Купување бои: нешто се одлучува во врска со тебе

Што значи ако сонувате бои за боење?

Ако сонувате црна боја, тоа симболизира болка. Во вашиот живот многу работи ќе одвиваат против вашите очекувања и со текот на времето ќе станете песимисти. Сè околу вас ќе ви изгледа бесмислено и нема да најдете причини за среќа и добро расположение. Чашата секогаш ќе ви биде полупразна. Исто така, можно е неодамна да сте имале смртен случај, па поради сте ја сонувале оваа боја.

Кога во сон ќе видите бела боја, тоа предупредува на грижи. Ќе се најдете во ситуација да не можете да го решите проблемот што ве оптоварил. Ќе имате чувство дека полудувате од неуспешните обиди да ги вратите работите во нормала, но колку и да се трудите, тоа нема да биде доволно.

Сонувањето црвена боја укажува на големи трошоци. Во наредниот период ќе потрошите многу пари за да ги задоволите вашите желби или желбите на вашиот партнер. Веројатно ќе ве привлече на прв поглед личност со која ќе сакате да го исполните секој каприц и да поминете со неа што повеќе незаборавни моменти. Ирационално ќе располагате со пари, па може да се случи да мора да позајмите или да започнете да работите повеќе.

Доколку во сон видите сина боја, тоа асоцира на црни претчувства. Честопати претчувствувате несреќа и ги предупредувате луѓето околу вас кога мислите дека се во опасност. На почеток ве исмеваа и не сакаа да ве послушаат, но набрзо се уверија дека сте во право. Така ќе биде и овој пат. Она од што се плашите најверојатно ќе се оствари.

Кога сонувате жолта боја, тоа е знак дека ќе ја остварите предвидената работа. Можно е да се обидете да започнете сопствен бизнис. Долго размислувавте за тоа и се трудевте да го испланирате секој чекор од тој потфат. Долгогодишното работно искуство, довербата на клиентите и големиот труд ќе ве издвојат од другите и ќе бидат сигурен рецепт за успех.

Ако во сон видите зелена боја, тоа најавува свадба или крштевање. Наскоро ќе присуствувате на забава или сами ќе направите една. Во секој случај, ве очекуваат  подготовки и планирање што ќе облечете, кој подарок ќе го изберете и многу ситници што ќе го разубават настанот.

Портокаловата боја во сон е симбол на добра енергија и ентузијазам. Честопати се поврзува со постигнатата рамнотежа во животот, како на деловен, така и на приватен план. Од друга страна, укажува и на идеализам и незрелост во некои клучни ситуации. Доколку во сон видите портокалова боја во блиска иднина можете да очекувате радосни моменти исполнети со топлина и нежност.

Кога во сон ќе видите розова боја, тоа симболизира секс, страстна желба и скриена страст. Ако е „да“ одговорот на прашањето дали ви се допаѓа личност која не ви е достапна, тогаш розовата боја се однесува на желбата да бидете заедно.

Доколку жена сонува розова боја, тоа значи дека е сакана, не нужно од страна на нејзиниот партнер, туку и од луѓето кои ја опкружуваат - пријатели, семејство или колеги на работа. Од друга страна, кога маж сонува розова боја, тоа симболизира грижа, безусловна љубов и разбирање за луѓето кои му значат многу во животот.

Ако во сон видите виолетова боја, тоа значи дека сте личност која има цврст став и уверувања од кои ретко отстапува. Луѓето поради тоа ве почитуваат, а ја ценат и карактеристиката што вие со задоволство прифаќате корисни совети и немате проблем да послушате туѓо мислење. Сепак, би требало да поработите на самодовербата.

Кафеавата боја во сон укажува дека е време да се „спуштите на земја“ и да преземете одговорност за своите постапки. Детската енергија што ја зрачите е симпатична и привлечна за спротивниот пол, но мора да бидете свесни дека понекогаш претерувате. Одложување обврски, пропуштање важни состаноци и давање ветувања што не можете да ги исполните, создаваат многу негативна слика за вас и, на долг рок, нема да ви донесат многу успех во животот.

Кога во сон ќе видите сива боја, тоа значи дека не е време за нови почетоци. Веројатно долго копнеете за промена на работното место, местото на живеење или нешто што ви е од животна важност. Сепак, ќе мора да се стрпите уште малку,  бидејќи пред вас е период полн со предизвици и најмалку што ви треба се дополнителни „турбуленции“. Ако сте западнале во монотонија, започнете да се занимавате со хоби, одете на прошетка и најдете некој поедноставен начин за забава и релаксација.

Сребрената боја во соништата ја симболизира правдата и моралната чистота. Воедно е симбол на заштита. Ако сте сонувале сребрена боја, тоа значи дека имате некој кој постојано внимава на вас и кој е подготвен да ви помогне кога и да биде потребно. Можно е да станува збор за член на семејство, партнер или близок пријател, но и за некоја личност која крие дека ѝ се допаѓате. Обрнете внимание и сигурно ќе сфатите за кого станува збор.

Златната боја укажува на богатство, напредок и одлучност. Ако видите златна боја во вашите соништа, тоа значи дека вашиот труд во иднина би можел да се исплати. Битно е да ја задржите мотивацијата, трпеливоста и ведриот дух. Ако изгубите нешто од тоа, ни успехот нема да ви донесе задоволство.

Доколку во сон видите мешавина од сребрена и златна боја, тоа симболизира сомнеж. Имате дилема што може да го промени вашиот живот засекогаш - на добро или на лошо. Во такви случаи, најдобро е да ја следите својата интуиција.

Сонувањето дека купувате боја означува дека нешто се одлучува во врска со вас. Доколку сте конкурирале за работа, претпоставениот ќе ја разгледа вашата биографија и другите препораки што сте им ги испратиле. Купувањето весели бои во сон значи дека одговорот на вашата пријава ќе биде потврден, додека темните бои укажуваат дека нема да ве примат.

Кога во сон мешате бои, тоа предупредува дека некој пријател ќе ве остави на цедило. Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека пријател нема да ви помогне околу  проблемот што ве мачи. Ќе ве заболи што ќе ви сврти грб и ќе се прави како ништо да не се случило. Вие нема да можете да го трпите тоа долго време, па ќе му кажете в лице сè што ви стои на душата.

Сонувањето дека боите нешто, значи дека ќе доживеете непријатно изненадување. Ќе сфатите дека партнерот не бил искрен со вас и ќе ја дознаете неговата мрачна тајна. Можно е да станува збор за измама или за нешто поврзано со неговото минато. Ќе ве повреди фактот што ве лажел толку долго и што сте биле со личност што не ја познавате. Ќе се најдете пред тешка одлука што ќе ја одреди иднината на вашата врска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg