Болен човек

Term Main definition
Болен човек

Посета: ќе ти се исполни желба, добивка, награда; ако те посетат кога си болен: ќе добиеш голема награда или признание.

Што значи да сонувате болен човек?

Ако сонувате дека посетувате болен човек во сон

Ако во сон сте посетиле болен човек, тоа е знак дека ќе ви се оствари желба. Можно е дека ќе бидете во врска со личност што ви се допаѓа веќе долго време. Иако чувствата се меѓусебни, никако не можевте да го пронајдете вистинскиот момент да започнете разговор на таа тема.

Сепак, тоа не ве обесхрабри бидејќи во љубовта сте многу трпеливи и подготвени да чекате колку што е потребно за да бидете со вистинската личност.

Ако некој ве посетува кога сте болен

Кога сонувате дека ве посетуваат кога сте болен, тоа подразбира дека ќе добиете признание. Вашиот труд и залагање ќе бидат забележани и соодветно на тоа ќе бидете наградени. Можно е да ве унапредат и повеќе да ги ценат вашите совети и мислења. Ќе уживате на новата позиција која ќе донесе со себе многу придобивки, но и обврски кои ќе мора да ги исполните во дадениот рок.

Ако негувате болен човек

Сонувањето дека негувате болен човек симболизира радост. Вашата способност да се жртвувате за семејството и пријателите честопати ќе дојде до израз и тие ќе умеат тоа да го ценат. Со вас ќе ги споделат најубавите настани и ќе се трудат да ве направат среќни и да ви вратат барем дел од љубовта што им ја давате.

Ако бдеете покрај болен човек

Доколку во сон бдеете покрај болен човек, тоа означува дека ќе се изборите да се запишете на посакуваниот факултет. Ќе поминувате ноќи над книга за да остварите доволен број поени и да го студирате она што вас ве интересира. Веројатно во иднина ќе се занимавате со тоа и ќе заработувате пристојни суми пари, и покрај предупредувањата од околината дека тоа не е исплатливо занимање.

Ако во сон лежите во болница

Кога сонувате дека лежите во болница, тоа асоцира на непредвидени трошоци. Вие или некој од вашето семејство ќе имате здравствен проблем што ќе бара да направите голем број анализи и да одите на прегледи кај повеќе лекари. Тоа ќе бара  парични средства што сте ги намениле за нешто друго, но тоа ќе го откажете затоа што здравјето ви е најважно.

Ако разговарате со болен човек

Ако во сон разговарате со болен човек, тоа значи дека ќе чуете одлични вести. Доколку сте планирате да продолжите да живеете во друг град или држава, можно е да добиете понуда за работа или вест дека ви е одобрена виза. Од друга страна, добри вести може да дојдат од некој член на подалечното семејство. Можно е да бидете поканети на свадба, крштевање или роденден и тоа многу ќе ве израдува.

Кога во вашиот сон некој друг разговара со болен човек, тоа значи дека драга  личност ќе ве изненади со убав подарок. Ќе го добиете она за што долго сте сонувале, а никако не сте можеле да си го дозволите тоа сами. Самиот подарок ќе биде помалку важен во однос на фактот дека во својот живот имате некој кој ве познава толку добро.

Ако се карате со болен човек

Доколку во сон се карате со болен човек, тоа подразбира дека сте многу тврдоглава личност. Се држите до своите ставови и мислења и ретко имате потреба да барате совет. Неколку пати сте се „изгореле“ поради тоа, но не се грижите за тоа затоа што сметате дека сега сте само поискусни. Сепак, мора да бидете свесни дека не сте најдобри во сè и дека понекогаш треба да се консултирате со некого во врска со  сериозни работи.

Ако сонувате дека некој друг се кара со болен човек, тоа значи дека ќе донесете одлука која од корен ќе го промени вашиот живот. Тоа ќе биде нешто за што долго време размислувавте затоа што ви требаше време да ја „измерите“ секоја можност. Добрата вест е дека сигурно нема да се покаете.

Ако се тепате со болен човек

Ваквиот сон укажува на несигурност и страв дека не ја работите доволно добро својата работа. Ако сте сè уште сте на факултет, би можеле да ве поколебаат  резултатите од тестот кој ќе покаже дека не сте се подготвиле како што треба. Доколку сте вработени, се плашите дека вашите колеги се покомпетентни да ја вршат работата која вам ви припаѓа.

Ќе мора многу да работите на самодовербата. Имајте предвид дека не е голем „грев“ да побарате помош од стручњак за да го пребродите тоа што побрзо.

Кога сонувате дека некој друг се тепа со болен човек, тоа укажува на помала финансиска загуба.

Ако се бакнувате со болен човек

Сон во кој бакнувате со болен човек го симболизира незадоволството во љубовните односи. Веројатно партнерот не ги задоволува вашите потреби или сте ја поставиле вашата „скала“ на очекувања премногу високо. Понекогаш изгледа како да не сте задоволни од сè што тој/таа го направил/а, а притоа ги занемарувате сопствените грешки.

Наместо да размислувате само за своите емоции, би требало барем понекогаш да размислите за тоа како тој/таа се чувствува.

Ако се заразите од болен човек

Ако сонувате дека болен човек ви пренел грип или некоја заразна болест, тоа значи дека сте се повлекле целосно во себе и дека не дозволувате на другите луѓе да ви се приближат. Можеби некој ве повредил, а можеби и вие едноставно сте влегле во таква фаза. Во секој случај, вашето однесување ги загрижува оние што ве сакаат.

Наместо да барате банални изговори, кажете искрено што ве мачи, можеби некој ќе може да ви помогне, а можеби и самиот разговор за тоа ќе направи промена во вашата глава.

Ако убивате болен човек

Доколку сонувате дека сте убиле болен човек, тоа укажува на грижа на совест заради нешто што сте го кажале или сте го направиле. Ако не сакате да ве прогонуваат и понатаму вакви слики во сон, едноставно признајте ја својата вина. Тоа е особина на зрели и одговорни луѓе, а не недостиг на храброст да се носите со проблемите.

Ако, пак, во вашиот сон некој друг убива болен човек, тоа значи дека ќе сведочите на голема неправда. Можно е дека ќе бидете присутни кога некој колега ќе добие отказ или кога некој друг ќе преземе заслуги за работа која сам не ја направил. Со оглед на тоа што сте многу праведна личност, ова ќе ви падне многу тешко. Сепак, мора да бидете свесни дека не можете да ја исправите баш секоја „крива Дрина“.

Ако сонувате болен човек на смртна постела

Кога сонувате болен човек на смртна постела, тоа значи дека пред вас е еден многу успешен период, кога станува збор за приватниот и деловниот живот. Што и да започнете сè ќе ви оди од раце. Добро ќе се согласувате со партнерот и членовите на семејството, а ќе уживате и во друштво на блиски пријатели. Можно е работодавачот конечно да сфати колку сте важен како член на неговиот тим и да одлучи да ве награди со покачување или краткорочна стимулација.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако сте се разболеле или некој во вашата околина е болен, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за болен човек

Болен човекк е лице кое страда од некоја болест и често мора да лежи во болница.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg