Болница - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Болница

Term Main definition
Болница

Доаѓање во болница: ќе се ослободиш од товар; гледање болница: те чека подобар живот; излегување од неа: опасноста ќе те одмине; полна со болни: многу луѓе ќе дознаат за вашиот успех.

Што значи да сонувате болница?

Ако дојдете во болница

Кога во сон ќе дојдете во болница, тоа подразбира дека ќе се ослободите од товарот. Секојдневните обврски ќе ви создаваат притисок и нема да можете добро да реагирате во стресни ситуации. Вашата продуктивност ќе се намали и итно ќе одлучите да отпатувате некаде каде што ќе можете да се опуштите и да се оддалечите од светот.

Доколку не сте во можност да го направите тоа, ќе започнете да се занимавате со хоби или некоја друга активност што ве релаксира. Тие моменти ќе ви бидат драгоцени и нема да дозволите никој и ништо да ве спречи да уживате во нив.

Ако во сон гледате болница

Ако во сон гледате болница, тоа значи дека ве очекува подобар живот. Во наредниот  период коцките убаво ќе се наместат и сè ќе си дојде на свое место. Ситуацијата на работа ќе се стабилизира, како и здравствениот проблем што ве мачеше. Ќе имате добра комуникација со партнерот и пријателите, а членовите на семејството ќе ви дадат поддршка.

Ако сонувате дека излегувате од болница

Сонувањето дека излегувате од болница укажува на тоа дека опасноста ќе ве одмине. Ќе се најдете во ситуација која лесно може да ви предизвика сериозни проблеми. Нема да бидете свесни за тоа и ќе постапувате непромислено. Ќе имате повеќе среќа отколку памет и тоа ќе ве сочува. Пријателите ќе ве критикуваат кога ќе слушнат што сте направиле и ќе ве советуваат да се држите настрана од тоа.

Ако сонувате болница полна со болни

Доколку сонувате болница полна со болни, тоа значи дека за вашиот успех ќе дознаат голем број луѓе. Вие ќе бидете доказ дека добар глас се слуша далеку. Вашиот труд и сè што сте постигнале ќе го привлечат вниманието на околината и сите ќе бидат среќни да слушнат за вашите достигнувања. Ќе бидете ценати во вашата професија и каде и да се појавите ќе ви укажуваат почит што го заслужувате.

Напуштена болница

Празна или напуштена болница значи дека се плашите од болест, но не сакате да одите на лекар. Многу често ви се случува да чувствувате загрижувачки симптоми и веднаш да помислите на „најлошото“. Вашето однесување е на работ на хипохондрија. Закажете преглед за да се ослободите од тие стравови.

Доколку сонувате дека сте се изгубиле во напуштена болница, тоа значи дека сте збунети од ситуацијата во која се наоѓате. Некои ваши планови пропаднаа, иако сметавте на успех. Сега ви е тешко да се приспособите на новонастанатата ситуација и упорно ги обвинувате другите за сопствениот неуспех. Ова е само доказ дека секогаш мора да имате план Б.

Психијатриска болница

Ако во сон видите болница за ментално болни пациенти, тоа значи дека многу често влегувате во судир со околината, затоа што ја набљудувате реалноста на сосема поинаков начин. Вие сметате дека само вашиот начин е исправен и затоа ви е тешко да ги прифатите сугестиите на луѓето кои ви посакуваат добро. Не дозволувајте суетата да управува со вас и конечно „помирете се со светот“.

Ако работите во болница

Кога сонувате дека работите во болница, тоа значи дека сте многу апатична личност која со задоволство им помага на другите. Не ви е тешко да ги занемарите сопствените потреби за доброто на саканите. Затоа многумина се навикнати да можат секогаш да сметаат на вас.

Сепак, понекогаш ви се чини дека не правите доволно и затоа не би било лошо да се ангажирате како волонтер во некоја хуманитарна организација.

Ако градите болница

Сонот во кој градите болница значи дека сте го започнале процесот на лекување. Во минатото некои луѓе многу ве повредиле и ве разочарале, а вие целосно ја изгубивте вербата во луѓето. Ова особено се однесува на вашиот љубовен живот.

Лошата врска или бракот ве натераа да верувате дека никогаш повеќе нема да се вљубите. Сепак, една личност би можела да го смени вашиот поглед на светот, само доколку му/ѝ дадете можност за тоа.

Ако уривате болница

Доколку во сон уривате болница, тоа значи дека конечно од својот живот ќе исфрлите луѓе кои не ви одговараат. Со години се дружите со луѓе кои имаат многу негативно мислење за сè. Времето кое го поминувате со нив на вас дејствува исцрпувачко и фрустрирачко. Сепак, на крајот, ќе „прекршите“ и ќе се дистанцирате од таквите луѓе. Тоа благотворно ќе дејствува на вас.

Ако во вашиот сон други уриваат болница, можно е некој да се обидува да ве испровоцира и со тоа да ви предизвика сериозни проблеми. Не дозволувајте да ве вплете во мрежа од интриги и лаги и обидете се да се држите над таа ситуација. Со тоа ќе си докаже на себе и на другите дека не сте наивна личност, па сè поретко ќе се соочувате со такви проблеми.

Ако палите болница

Кога сонувате дека вие палите болница, тоа значи дека ќе зажалите за некои свои  одлуки. По темелна анализа, ќе сфатите дека сте направиле непромислен потег. Ќе мора многу да се потрудите за последиците од сето тоа да бидат што е можно побезболни.

Ако во вашиот сон некој друг пали болница, тоа подразбира дека ќе слушнете непријатни информации за драга личност. Можно е да се работи за обични озборувања, но тие сознанија сепак ќе ве погодат. Ќе ви биде непријатно да разговарате со него/неа за тоа, бидејќи не сакате да стекне впечаток дека  се обидувате да му/ѝ се мешате во животот. Сè што ќе слушнете земете го „со резерва“ затоа што луѓето честопати преувеличуваат некои работи за да бидат што е можно „побомбастични“.

Кога во сон ќе видите запалена или изгорена болница, тоа значи дека ќе ви пропадне некој деловен проект. Причината за тоа се рефлектира во фактот дека не сте го истражувале доволно пазарот ниту сте посветиле внимание на сериозни анализи. Ако ништо друго, од ова ќе научите да бидете повнимателни и добро да го испланирате секој свој потег.

Болничка соба во сон

Ако во сон видите болничка соба, тоа укажува на неможноста да промените некои работи во својот живот. Не можете да прифатите дека е тоа така и упорно барате начин да ги земете „конците на судбината“ во свои раце. Тоа е добар знак, затоа што покажувате дека не сте се откажале од борбата. Нема да биде лесно, но со многу работа и трпеливост, би можеле да го добиете она што го сакате.

Болнички кревет

Болнички кревет во сон симболизира замор. Потсвеста ви порачува дека сте ги исцрпиле своето тело и ум и дека е крајно време да „застанете на топката“. Бидете сигурни дека за два дена во текот на кои ќе ги „наполните батериите“, светот нема да пропадне. Ако не посветите доволно време на себеси, би можеле и на јаве да се најдете во болнички кревет.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте биле во болница поради ваш проблем или сте посетиле некого, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за болница

Болницата е установа во која престојуваат пациенти заради нега и лекување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg