Божиќ

Term Main definition
Божиќ

Благосостојба во куќата, голема радост и вредни подароци.

Што значи да сонувате Божиќ?

Ако сонувате Божиќ

Ако сонувате Божиќ, тоа симболизира благосостојба. Во вашето семејство ќе владее  мир и хармонија што ќе ве направи горд и неизмерно среќен. Ќе имате разбирање и ќе сторите сè за да си помагате едни на други. Вашиот дом ќе биде вашата оаза на мирот и засолниште од многуте проблеми со кои ќе се соочите.

Колку и да сте нерасположени, штом ќе влезете дома, ќе заборавите на сè и ќе уживате во друштво на оние кои најмногу ги сакате.

Ако сонувате божиќна литургија/миса

Доколку сонувате дека присуствувате на божиќна литургија или миса во црква, тоа значи дека во блиска иднина би можеле да го смените местото на живеење, работата или партнерот. Во секој случај, тоа ќе биде голема промена, така што ќе ви треба малку време да се навикнете.

Кога станува збор за емотивниот живот, прекинувањето на долгогодишната врска ќе има ослободувачки ефект врз вашата психа, па ќе сфатите дека сте ја направиле вистинската работа.

Ако сонувате божиќна свеќа

Кога во сон ќе видите свеќа која инаку се пали на Божиќ, тоа подразбира дека сè уште не сте се запознале себеси. Ќе сфатите дека сте започнале да се однесувате многу позрело во некои ситуации отколку порано. Сè уште истражувате што ве интересира, а што не сте, какви луѓе ви одговараат и со кои не сакате никаков контакт и слично.

Иако зад вас стои „пообемно“ искуство, сепак, имате многу да научите за себе и за другите.

Ако сонувате божиќна пченица

Сонувањето дека гледате божиќна пченица значи дека пред вас е еден многу поволен период кога станува збор за креативни идеи и проекти. Ако вашата работа во моментов не бара ниту мала доза креативност, можеби ќе прифатите понуда да работите на проект независно од вашето моменталното работно место.

Ќе го покажете целиот талент што го имате, а многумина ќе ве советуваат да се вклучите повеќе и да го претворите своето хоби во профитабилен бизнис.

Ако сонувате божиќна погача

Ако во сон гледате или јадете погача, тоа значи дека би можеле да се збогатите во блиска иднина. Можеби ќе добиете наследство или поголема сума пари во игрите на среќа. Најмали се шансите да го добиете тоа богатство работејќи, но сепак ќе знаете да го цените секој денар. Конечно ќе можете слободно да дишете затоа што ќе ги вратите сите долгови и ќе ви остане доволно и за да уживате.

Ако сонувате божиќен појадок/ручек

Доколку сонувате свечен божиќен ручек со семејството и пријателите, можеби ќе ви недостига топлината на домот или ќе почувствувате носталгија за детството. Ако жена сонува божиќен појадок, тоа укажува на фактот дека таа многу се грижи за  најсаканите, а ако маж сонува за тоа, сонот подразбира дека треба да обрне внимание на своите незрели постапки.

Ако сонувате божиќни песни

Кога сонувате дека пеете божиќни песни, тоа значи дека проблемот што најмногу ве мачи во моментот ќе се реши сам од себе. Иако сега ви се чини неверојатно, нема да морате да направите апсолутно ништо за да се ослободите од големата мака. Среќата ќе ве погледне во клучен момент во вашиот живот.

Сонување како други пеат божиќни песни укажува на добри вести од странство. Можно е да добиете работа во некоја друга земја или некој од членовите на вашето семејство да ви каже дека се мажи/жени или чека дете. Во секој случај, вашиот следен чекор ќе биде да подготвите документи за патување.

Ако гледате божиќни подароци

Кога во сон ќе видите божиќен подарок, тоа укажува дека некого ќе израдувате. Долго ќе собирате пари за да ја исполните долгогодишната желба на драга личност. Сè ќе смислите за да ѝ подготвите незаборавни моменти и изненадување кое ќе го памети цел живот.

Ако купувате божиќен подарок

Ако во сон некому купувате божиќен подарок, тоа значи дека би можеле да добиете многу корисен совет од некој со искуство. Можеби ќе одлучите да започнете сопствен бизнис или да вложите пари во купување автомобил или стан. Иако ќе наидете на многу различни мислења, идеи и совети, еден особено ќе се истакне по својата конструктивност и иновативност.

Ако добиете подарок за Божиќ

Сонувањето дека добивате божиќен подарок значи дека ќе ги слушнете вестите што одамна сте ги посакувале. Можно е тоа да има врска со ваша или туѓа принова,  венчавање или сличен настан што ќе ве направи многу среќни.

Ако подарувате некому нешто за Божиќ

Доколку сонувате дека некому подарувате нешто за Божиќ, тоа укажува на фактот дека сте многу добронамерна личност која е подготвена во секој момент да помогне на оние на кои им е потребно. Вашиот начин на живот би добил целосна смисла доколку се придружите на некоја хуманитарна организација што им помага на други.

Ако сонувате божиќно дрвце

Ако во сон видите божиќно дрвце, тоа е знак дека ќе имате драг гостин. Ќе дојде да ве посети некој кого веќе долго време не сте го виделе, а порано сте биле многу блиски. Вашите чувства кон таа личност ќе останат исти и ниту времето, ниту далечината нема да влијаат на нив.

Ако украсувате божиќно дрвце

Ако сонувате дека украсувате божиќно дрвце, ви претстојат многу убави моменти со вашето семејство. Конечно ќе имате време да се соберете на исто место и да уживате во дружењето. Ќе сфатите дека сте многу среќна личност затоа што сте опкружени со оние што ги сакате и кои вас ве сакаат.

Ако купувате божиќно дрвце

Кога сонувате дека купувате божиќно дрвце, тоа значи дека е време да обрнете повеќе внимание на вашето семејство. Поради бројни обврски ги запоставивте и тие веќе започнаа да ви префрлаат. Факт е дека моравте многу да работите, но сега кога помина „бурата“, треба подобро да се организирате за да поминувате повеќе време со оние што ве сакаат.

Ако продавате божиќно дрвце

Ако, пак, во сон продавате божиќно дрвце, тоа подразбира дека со своите постапки ќе ја израдувате личноста која штотуку ја запознавте. Ќе стекне одличен прв впечаток за вас и ќе им каже на сите колку ви се восхитува. Ова ќе ве импонира  многу и би можело да биде корисно и во бизнисот со кој во моментов се занимавате.

Ако крадете божиќно дрвце

Сонот во кој крадете божиќно дрвце укажува на тоа дека ќе се засрамите во поголемо друштво. Можно поради неинформираност или незнаење ќе „истресете глупости“, што ќе предизвика потсмев кај повеќето од присутните. Тоа ќе ви послужи како поука во иднина да не се обидувате да зборувате за работи за кои не знаете ништо.

Ваквите соништа се придружени со чувства на среќа, радост, задоволство, еуфорија и поретко тага или носталгија. Соништата за Божиќ и обичаите што го придружуваат тој празник обично се поврзани со некои промени во животот, дури и кога тие промени не се јасно видливи.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна бил Божиќ, прекрасните обичаи што го придружуваат овој празник секако ви оставиле впечаток.

Дефиниција за Божиќ

Божиќ е еден од најрадосните христијански празници што го слави раѓањето на Исус Христос.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg