Цариник

Term Main definition
Цариник

На сон царина или цариник предупредуваат на нервози, непријатности, непредвидени трошоци.

Што значи да сонувате царина или цариник?

Ако видите царина или цариник на сон

Ако на сон видите царина или цариник, тоа предупредува дека ќе доживеете непријатности. Можно е во наредниот период да ве очекуваат непредвидени трошоци кои ќе бидат причина за расправа со членовите на семејството или со колегите. Ќе се изнервирате бидејќи некој од нив нема да ве послуша и постапи како што сте го советувале, туку ќе работи по свое, а вие ќе ги сносите последиците.

Ако сонувате дека се расправате со цариник

Кога сонувате дека се расправате со цариник, тоа имплицира дека сакате да им пркосите на авторитетите. Често работите нешто што е спротивно од она што ќе ви го кажат само за да им докажете дека грешат и дека сте поспособни од нив. Уживате кога изнаоѓате подобро решение и тоа го сметате за ваша победа. Со тешкотија прифаќате дека сте погрешиле и мора постојано да го усовршувате вашето знаење. Сон во кој гледате дека други се расправаат со цариник укажува на тоа дека ќе морате да го одложите патувањето на кое сте се радувале. Конечно сте нашле време и пари да заминете некаде, но од објективни причини ќе мора да го одложите патот. Ќе бидете многу разочарани, но ќе сфатите дека немате избор, па ќе се помирите со судбината. Чекајте нова прилика и таа сигурно ќе се појави.

Ако се тепате со цариник

Доколку сонувате како се тепате со цариник тоа значи дека ќе ве погоди неправда. Некој на брутален начин ќе ви покаже дека сте му потребни само поради лични интереси и со тоа директно ќе ја загрози работата на која сте работеле долго и предано. За момент ќе помислите дека сиот труд е залуден, но вас, за среќа, тоа чувство нема долго да ви трае.

Ако на сон гледате како други се тепаат со цариник можеби ќе морате да бидете „судија“ во некој спор помеѓу две личности кои подеднакво ги сакате и ги почитувате. Ќе дојде до расправа помеѓу нив и вие ќе бидете принудени да изберете страна. Тоа ќе ви падне тешко, но ќе одлучите да бидете праведни. Ќе ги разгледате аргументите на двете страни и дипломатски ќе го соопштите својот суд на начин на кој никој нема да биде повреден.

Ако убиете цариник на сон

Ако сонувате дека сте убиле цариник тоа имплицира дека сакате да дојдете до успех без многу труд и работа. Во моментот ви се чини возможно да заработите пари и да добиете углед во друштво без да се мачите премногу. Верувате дека ќе дојдат вашите „пет минути“ и немате намера да правите резервен план. Добро би било да размислите добро за тоа и да ги разгледате опциите, бидејќи постојат реални шанси да не ви се оствари желбата.

Сон во кој гледате како некој друг убил цариник укажува на тоа дека некој ќе се обиде да ве оцрни во друштво. Ќе ве обвини дека сте површни и дека материјатните работи ви се најбитни од сè останато. Некое време ќе се обидете да го демантирате, но со време ќе сфатите дека нема потреба да ги трошите своите нерви и време на такво нешто.

Ако водите љубов со цариник

Доколку на сон водите љубов со цариник потсвеста ве предупредува дека е време да се помирите со некого. Можно е да сте се спречкале со партнерот, член на семејството или пријателот, да сте сфатиле дека не сте во право, но гордоста не ви дозволува да искажете извинување и желба ситуацијата да се поправи помеѓу вас. Ако навистина ви значи таа личност не дозволувајте инаетот да ве раздели.

Кога на сон гледате дека некој друг води љубов со цариник тоа значи дека сте допуштиле да ве спречат предрасуди кои ги имате да го проширите кругот на пријателите и познаниците. Понекогаш ви се чини дека сте потполно сами и дека немате никого на кого можете да се доверите. Причината поради тоа е вашата „зачауреност“ и тоа што дозволувате мал круг на луѓе да ви се приближат. Пуштете ги луѓето да ви покажат какви се и не судете ја книгата по кориците.

Ако се криете од цариник

Кога сонувате дека се криете од цариник тоа имплицира дека имате симпатија, но не сакате тоа да го дознае никој. Во вашето опкружување има личност која многу ви се допаѓа. Меѓутоа, стравот не ви дозволува да му пријдете. Освен тоа, се трудите да не ги покажете чувствата бидејќи би можеле да бидете повредени. Сепак, бидете сигурни дека другите можат да го видат она што вие се обидувате да го скриете. Сон во кој се обидувате да сокриете некого или нешто од цариник укажува на нечиста совест. Сте направиле нешто со што не се гордеете. Иако веројатно не станува збор за некој голем „грев“, до крајот на животот ќе се трудите постапката да не ја дознае никој.

Ако во вашиот сон некој друг се крие од цариник тоа претставува предупредување. Морате да бидете повнимателни кога избирате деловни соработници. Некој би можел да ве вовлече во нелегални зделки од кои тешко ќе можете да се извлечете. Без разлика на тоа колку ви се потребни парите, не дозволувајте да ви се случи такво нешто бидејќи покасно би можеле да зажалите.

Ако чекате на царина

Ако сонувате дека чекате на царина тоа укажува дека пред вас се многубројни пречки до целта. За повеќето нешта кои ги поседувате сте морале сами да се помачите и да си ги засукате ракавите. Ќе ви биде криво што другите добиваат сè на готово без нималку труд и тоа ќе го сметате за неправда. Со текот на времето ќе сфатите дека така е најдобро, бидејќи умеете да го цените она што сте стекнале.

Ако сонувате дека плаќате царина

Кога сонувате дека плаќате царина можеби нема да бидете задоволни со наградата за вложениот труд. Во последно време сте работеле многу напорно со надеж дека ќе ви се исплати трудот. Наградата е на повидок, но веројатно ќе се разочарате кога ќе ја добиете. Намалете ги очекувањата и уживајте во малите успеси за да не ви се повтори тоа.

Доколку на сон други плаќаат царина тоа значи дека во иднина ќе избегнете непријатност. Ќе направите грешка на работа, но истата ќе биде припишана на друг. Иако ќе ве гризе совеста дека не сте признале дека сте погрешиле, ќе бидете среќни бидејќи нема да ги сносите последиците за својата постапка. Колку и да ви донело моментално олеснување и задоволство, на долг рок, ќе ви биде жал што не сте се однесувале на професионален начин.

Значењето би можело да биде поедноставно. Ако неодамна сте патувале или биле на царина или требале да поминете на царина, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за царина

Царина е обврска на увозникот или извозникот, во моментот кога ја преминува државната граница, да плати одредена сума на државата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg