Церада

Term Main definition
Церада

Ако сте сонувале церада тоа значи здрав живот и успех во работата.

Што значи да сонувате церада?

Ако сонувате церада

Ако сонувате церада, тоа симболизира здравје. Во наредниот период ќе имате успех во работењето. Ќе се чувствувате добро и тоа ќе се одрази на вашето физичко и психичко здравје. Нема да ви биде тешко да прифатите каква било работа, па вашите шефови ќе добијат впчаток дека сте доверлива личност на која можат да и се ослонат.

Ако сонувате искината церада

Кога на сон ќе видите искината церада, тооа означува солзи. Можеби сè уште не сте го преболеле поранешниот партнер и не можете да се помирите со фактот дека помеѓу вас е готово. Ќе се обидете да дадете втора шанса на вашата врска или брак, но исходот ќе биде полош отколку што би можеле да замислите. Не се рекло напразно дека ниту фустан не треба да се подгрева, а не, пак, љубовта.

Ако поставувате церада

Ако сонувате дека поставувате церада имплицира дека цврсто сте решени да ги остварите вашите планови. Голем борец сте и кога ќе одлучите нешто, истрајни сте без оглед на сите пречки. Ќе се раководите според изреката дека патот од илјада милји започнува со еден чекор. Доколку планирате да создадете семејство, ќе се трудите да им пружите сè што е во ваша  моќ.

Ако кинете церада

Доколку на сон кинете церада укажува на недоразбирање со некој кого го сакате и го почитувате. Поради обострана тврдоглавост ќе влезете во сериозен конфликт. Меѓутоа, ако се потрудите на време да ја „спуштите топката“, аргументативно да ги изложите ставовите и да послушате што има да ви каже другата страна, ќе избегнете расправија од сериозни размери. Не дозволувајте да ве надвладеат негативни емоции и пред да кажете нешто лошо, обрнете внимание кому се обраќате.

Ако видите како други кинат церада на сон

Сон во кој некои други кинат церада значи дека некој ќе се обиде да ви наштети.  Многу уверливо ќе зборува невистини за вас и ќе ви треба многу време и нерви да ги демантирате невистините кои ги изговорил/ла. Доколку сфатите на време дека не е вредно за вашите нерви, можеби ќе се извлечете без „лузни“.

Ако се покриете со церада

Ако сонувате дека сте се покриле со церада тоа укажува дека се чувствувате незаштитено. Можеби сте изгубиле личност која многу ви значела. Веројатно станува збор за некого кој одлучил да се пресели во друга држава, па имате чувство дека сте го/ја изгубиле. Од друга страна, можеби сте осамени, бидеќи никој не е во состојба да ве разбере на вистински начин. Ако вие некого покривате со церада, тоа значи дека лице од спротивен пол ќе ви признае дека му се допаѓате. Веројатно сте забележале некоии знаци кои го издаваат, но сте одлучиле да ги игнорирате. Тој/таа во блиска иднина ќе се охрабри да ви пријде.

Доколку сонувате дека некој ве покрива со церада тоа значи дека ги криете чувствата кон некоја личност и се плашите да не ве откријат другите. Од страв да не бидете откриени, сте одлучиле да ги скриете чувствата кои ги чувствувате кон него/неа. Нема да издржите уште долго, бидејќи ситниците ќе ве издадат. Затоа е подобро да се охрабрите и да му/ ѝ пријдете, а во случај вашиот страв да се материјализира, барем сте се обиделе.

Кога сонувате дека некого покривате со церада тоа значи дека некој тажен настан од минатото не ви дозволува да уживате во животот. Сè уште размислувате за тоа и си дозволувате да се анализирате како и каде сте погрешиле. Со тоа уште повеќе се мачите. Обидете се да разговарате со некого кому му верувате или обратете се за помош на стручно лице.

Ако купувате церада

Ако сонувате дека купувате церада тоа имплицира дека ќе се ослободите од големи грижи. Постои нешто што ве мачи долго време и никако не успевате да се ослободите од тоа. Сега конечно ќе успеете во тоа и наредниот период искористете го да се одморите и уживајте, но немојте да заборавите да направите планови за во иднина, бидејќи сега е идеално време за тоа.

Ако продавате церада

Кога во сон продавате церада тоа значи дека ви пречи што завидни луѓе се обидуваат да го оспорат вашиот труд. Многу време и енергија сте вложиле за да уживате сега во тоа. Многумина не го разбираат тоа и ви велат дека сте се усреќиле на туѓа наивност. Обидете се да не ги слушате и фокусирајте се да бидете уште подобри за да ги остварите своите желби.

Ако подарувате церада

Сон во кој некому подарувате церада укажува на тоа дека ќе мора да лажете за да заштитите сакана личност. Тоа ќе ви падне тешко, бидејќи лагата ја мразите најмногу на свет, но ќе бидете свесни дека немате избор. Ако сонувате дека некој ви подарил церада значи дека некој ќе се обиде да ги преземе вашите заслуги. Можно е колега од работа себеси да си ги препише заслугите за успехот на вашиот заеднички проект, а притоа не вложил ништо за да се реализира вашата идеја. Ако не се одбраните, тој/таа ќе помисли дека може и во иднина да ве искористи за свои цели.

Бои на церади во сон

Толкувањето на овие соништа зависи од бојата и видот на церадата која сте ја виделе на сон. Така, на пример, црна церада симболизира штета, сина успех, а бела благосостојба. Ако на сон видите воена церада, т.е. церада со воени бои тоа значи дека ќе мора да се борите за сопствените цели. Проѕирна церада укажува на тоа дека ќе откриете нечија тајна, па ќе се двоумите дали да ја обелодените или не.

Ако на сон поставувате церада на автомобил или камионска приколка тоа значи дека ќе се покаете бидејќи сте изгубиле драгоцено време. Веројатно ќе одложувате извршување на некоја задача до последниот момент, па ќе сфатите дека сте погрешиле. Наместо да се жалите над својата судбина, треба правилно да си го организирате времето и на тој начин ќе си ги ускладите обврските и ќе заштедите време на уживање и забава.

Доколку, пак, сонувате церада за чамци можно е да се одлучите да промените факултет или работа со која се занимавате. Лицата кои размислуваат на преселба во странство би требало конечно да донесат одлука да го сторат тоа. Добро размислете и ако веќе сте одлучиле да тргнете на таа авантура немојте многу да се двоумите. Кога гледате церада на која се наоѓа реклама на некој прозвод, фирма или бренд можно е пред спиење да сте гледале некој промотивен спот на телевизија или реклама во весник или списание кое ви оставило впечаток.

Значењето може да биде поедноствно. Ако неодамна сте поставувале церада на приколка, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за церада

Церада е платно со кое се покрива приколка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg