Чибук - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Чибук

Term Main definition
Чибук

Ако пушите чибук на сон тоа ве предупредува на јаве се претворате во ситничар; ако го видите симболизира мир и задоволство во куќата.

Што значи да сонувате чибук?

Ако сонувате чибук

Ако на сон видите чибук, тоа симболизира мир и задоволство во куќата. Конечно нештата во вашата куќа тргнале на подобро почнувајќи од материјалната ситуација која значително се подобрила. Ќе можете да вложите пари во недвижнини и на тој начин да си ги обезбедите младите членови, додека постарите ќе планираат да заминат на село или на викендица која е наменета за нив.

Ако пушите чибук на сон

Кога сонувате дека пушите чибук тоа имплицира дека полека станувате ситничар. Ви пречат многу нешта, а ситниците имаат моќ да ве изнервираат. Можеби сте незадоволни од некој аспект од животот кој се одразува во комуникација со луѓето. Ќе забележите дека ве избегнуваат и дека повеќе не сте посакувани во друштво.

Ако некој друг пуши чибук

Доколку сонувате дека некој друг пуши чибук тоа значи дека често сте непромислени. Донесувате одлуки во афект, па после се каете за она што сте го направиле или кажале. По природа сте чувствителна личност и често реагирате бурно и кога не сте сигурни дека сте во право. Поради тоа веројатно сте изгубиле многу познаници. Би било добро пред да изреагирате бурно да размислите какви последици ве очекуваат.

Ако купувате чибук на сон

Ако сонувате дека купувате чибук тоа предупредува дека ќе имате промашена инвестиција. Ако планирате да започнете свој бизнис, нема внимателно да го истражите пазарот или нема да слушнете совети од многу искусни пријатели и членови на семејството. Вашата идеја ќе биде многу интересна и перспективна, но ќе нема одзив во средината во која се наоѓате.

Ако сонувате дека продавате чибук

Кога на сон продавате чибук значи дека ќе имате сериозни финансиски проблеми. Можеби трошоците го надминале вашиот буџет, па ќе мора да се задолжувате или да побарате дополнителна работа. Доколку сте на студии можеби ќе мора да ја паузирате годината поради недостаток на пари. За да не ви се случи тоа почнете да работите по неколку часа на ден. Така ќе заработите пари, а факултетот нема да страда.

Ако подарите чибук

Сон во кој подарувате чибук укажува дека ќе се обидете да наговорите друга личност да лаже за вас. Ќе се најдете во сериозна неволја, па ќе прашате членови на семејството или пријатели да ви помогнат. Со оглед на тоа дека многу луѓе не сакаат да лажат, ќе ви бидат потребни многу аргументи да го/ја убедите да го сторат тоа за вас. Не дозволувајте да ви премине во навика, бидејќи би можеле да останете без сојузници. Ако добиете чибук на подарок. Ако некој на сон ви подари чибук тоа имплицира дека ќе се најдете во друштво на луѓе чии ставови и начини на размислување никако не ви одговараат. Ќе се трудите да се вклопите, но едноставно нема да се чувствувате добро во тоа друштво. Ќе сфатите дека не припаѓате во нивниот свет и не сакате да бидете дел од нив.

Ако фрлите чибук

Доколку сонувате дека фрлате чибук значи дека наскоро ќе донесете одлука која од корен ќе ви го промени животот. Ќе сфатите колку грдата навика ви влијае врз квалитетот на животот и дека залудно се обидувате да одржите врска или пријателство за кое знаете дека нема иднина. Ќе се откажете од се што ви штети и ќе сфатите дека сте го направиле вистинскиот избор за себе.

Кога сонувате дека некој друг фрлил чибук тоа ја симболизира вашата потреба за поддршка или за заштита. Моментално се наоѓате во чувствителен период, а ви се чини дека немате со кого да разговарате. Чувствувате дека пријателите и семејството не можат да ве сфатат, туку само ве обвинуваат дека сте разгалени и детинести. Како и да е, од ова ќе се извлечете сами, но најважното е дека ќе научите многу нешта за себе.

Ако изгубите чибук

Ако сонувате дека сте изгубиле чибук значи дека се плашите од промена. Не сакате да ја напуштите вашата комфорна зона. Го работите само она во што сте добри и се дружите само со луѓе кои ги познавате. Немате волја да создавате нови пријателства, бидејќи тоа би значело дека ќе мора да се потрудите да ги запознаете луѓето пред да станат дел од вашиот живот. Со тоа си се ограничувате себеси и пропуштате прилика да се дружите со интересни луѓе и да научите нови интересни работи.

Ако во ваш сон некој друг изгубил чибук значи дека нечија критика многу ќе ве повреди. Со оглед на тоа дека станува збор за личност чие мислење многу го цените, тоа сериозно може да ви ја наруши самодовербата. Ќе мора да го сфатите како добронамерен коментар кој служи да се поправите, а не претставува повод да паднете во депресија.

Ако украдете чибук

Доколку сонувате дека сте украле чибук тоа имплицира дека работата со која моментално се занимавате не ве исполнува. Работите само затоа што морате и би биле најсреќни кога шефот би ви соопштил дека сте технолошки вишок. Тогаш не би се обвинувале за својот неуспех. И самите сте свесни дека таквиот однос кон работата е нездрав, дека лошо влијае врз вашето ментално здравје и дека недостатокот на мотивација може да ви наштети. Крајно време е да ја промените работата или занимањето за да не се претворите во личноста која до пладне се презира себеси, а од пладне го презира целиот свет.

Сон во кој некој друг ви краде чибук укажува на тоа дека премногу се нервирате околу погрешни нешта. Не можете да гледате информативни емисии затоа што сметате дека сите лажат, не читате весници бидејќи се преплавени со ликови кои не заслужуваат да бидат популарни, а повеќе не слушате ниту радио бидејќи нема квалитетна музика. Запрашајте се дали проблемот е до вас или до сите останати!

Ако правите чибук

Кога сонувате дека правите чибук можно е премногу време и труд да вложувате во некоја работа која нема да ви донесе ниту материјална ниту морална сатисфакција. Овој сон е предупредување да се откажете од тоа и да се посветите на некоја конструктивна задача.

Ако, пак, сонувате дека друг прави чибук тоа имплицира дека нечие знаење, интелигенција или способност ќе ве воодушеват. Ќе запознаете личност која со својата сила успеала да совлада многу пречки и да направи големи нешта во животот. Тоа ќе ви даде мотивација посилно да се борите за подобро утре.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте купиле или пушеле чибук тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чибук

Чибук е долго турско луле за тутун и често оди во комбинација со глинен сад украсен со драгоцени камења.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg