Циција

Term Main definition
Циција

Циција е симбол на непријатни вести, расправии во семејството, неуспех, каење и несреќен брак.

Што значи да сонувате циција?

Ако разговарате со циција на сон

Ако на сон разговарате со циција, тоа предупредува дека ќе чуете непријатни вести. Можеби планирате да започнете сопствен бизнис или да вложите пари во нешто што сметате дека ќе ви донесе брза заработка. Бидејќи немате услови тоа да го реализирате сами, ќе барате да ви позајмат луѓето или во банка ќе поднесете барање за кредит. Ќе бидете непријатно изненадени кога вашите молби ќе наидат на негативните одговори и ќе жалите поради приликите кои сте биле принудени да ги пропуштите.

Ако сонувате дека сте скржави                                 

Кога сонувате дека вие сте скржави, тоа симболизира каење. Доколку имате деца, ќе сфатите дека многу бргу растат и ќе ви биде жал поради многуте моменти кои сте ги пропуштиле од нивното детство. Отсекогаш сте се труделе материјално да ги обезбедите, но се почесто имате впечаток дека ним поважно им било вашето внимание и присуство од најнов телефон, облека и други материјални нешта.

Ако се расправате со циција

Ако сонувате дека се расправате со циција значи дека сте несреќни во врската или во бракот. Ни самите не сте свесни како сте дошле до оваа ситуација и како љубовта почнала да се претвора во навика. Ќе се трудите да го вратите филмот назад и да се присетите на настаните кои допринеле до тоа да се оддалечите од партнерот и вашиот однос да го сметате за обврска, а не за задоволство.

Ако  некој друг се расправа со скржавец

Доколку во ваш сон некој друг се расправа со скржавец тоа претставува предупредување дека ги занемарувате семејството и пријателите. Од времето кои им го посветувате, најважно ви е да се занимавате со покорисни работи. Колку и да ви е важна заработката на пари и да бидете успешни во она што го работите, не смеете да ги заборавите оние кои ве сакаат. Во спротивно би се довеле во ситуација своите успеси и неуспеси да немате со кого да ги споделите.

Ако се тепате со циција

Ако на сон се тепате со циција значи дека сте ладна и помалку себична личност. Своите интереси ги ставате пред туѓите. Не ви е важно што мислат другите за вас, бидејќи го постигнувате она што ќе го посакате. Веројатно не сте биле отсекогаш вакви, но сплет на околностите ве довел да се однесувате така. Можеби сте изгубиле драги луѓе и сте станале свесни дека можете да се потпрете исклучиво на себе и своите способности. Кога сонувате дека некој друг се тепа со циција тоа имплицира дека личноста која неодамна сте ја запознале ќе ви ги промени погледите на светот.

Ќе сфатите дека сте живееле во заблуда и материјалните нешта сте ги ставале пред другите вредности. Меѓутоа, постои реална шанса некој да ви укаже каде грешите и таа личност ќе ја засакате поради искреноста со која  ве заразила.

Ако убиете циција

Сон во кој убивате циција значи дека конечно ќе почнете да уживате во она што го имате. Во константната потрага по подобра работа, работно место и повисок статус во друштво, сте го занемариле она што ви е повредно, а тоа се семејството и пријателите. Сепак, нештата ќе почнат д се менуваат и ќе увидите дека ниту парите, ниту популарноста не го донесуваат мирот кој го чувствувате кога сте опкружени со луѓето кои ги сакате. Ако сонувате дека некој друг убива циција укажува дека со помош на пријатели ќе решите голем проблем.

Веројатно станува збор за добар совет кој ќе ви го даде некој кој потполно му верувате. Ќе го послушате и тоа ќе ви се исплати. Тоа ќе ви послужи како лекција пред да донесете важна одлука да слушнете што имаат да ви кажат луѓето што ве сакаат.

Ако украдете нешто од циција

Ако сонувате дека сте украле нешто од циција значи дека ќе бидете успешни во она што планирате да го правите. Без оглед дали се работи за работа или факултет, ќе си ги сакате своите обврски и ништо нема да ви биде тешко, а резултатите ќе почнат да се забележуваат. Луѓето кои планираат преселба во странство, поради работа или школување би можеле да слушнат добри вести.

Ако сонувате дека други мислат дека сте скржави

Овој вид на соништа претставува предупредување да поработите на вашето однесување. Вашата самоувереност прераснала во ароганција, па луѓето почнуваат се почесто да ве избегнуваат. Тоа што сте убедени дека имате пријатели би можело да ви се одбие од глава кога ќе сфатите зошто се покрај вас. Веројатно станува збор за некој интерес, затоа преиспитате си ги постапките. На долг рок, ароганцијата нема да ви го донесе она на што се надевате, туку само ќе произведе контраефект.

Ако сонувате дека ваш пријател станал циција

Ако сонувате дека пријателот ви станал циција значи дека би требале да престанете да се вљубувате во себични луѓе. Ова се однесува и на емотивниот и на пријателскиот однос. Упорно се дружите со луѓе кои ве искористуваат, а често ве омаловажуваат. Таа корист не мора да биде материјална, туку злоупотреба на вашата добрина и наивност. Не трошите време и емоции на луѓе кои не ве заслужуваат, само за да не бидете сами.

Ако сонувате дека родителите ви станале циции

Кога на сон ќе ги обвините родителите дека станале циции тоа имплицира грижа на совест бидејќи не сте им рекле колку сте благодарни за се што ви пружиле во животот. Здраво за готово ја земате жртвата која ја поднеле за да ве направат тоа што сте денеска. Запрашајте се дали тоа е во ред и зошто не сте им возвратиле на некој начин.

Ако сонувате дека децата ви станале циции

Доколку родителите сонуваат дека децата им станале циции тоа укажува на страв за нивната иднина. Станува збор за грижа која ја има секоја личност за своите деца и тоа е сосема нормално и оправдано. Важно е да знаете дека единственото што треба да им го пружате без резерва е љубов и внимание, се останато во некој момент во животот ќе го заборават.

Ако сонувате дека братот/сестрата станал/а циција

Сон во кој братот или сестрата станале циции е последица на некоја расправа која сте ја имале со братот или сестрата на јаве. Не мора да се работи за расправа, туку за некое недоразбирање или несогласување. Веројатно под тоа влијание сте заспале и значењето на овој сон нема темел во реални настани.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте имале контакт со лице кое го сметате за циција тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за циција

Циција (скржавец) е човек кој е скржав за пари.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg