Цимет - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Цимет

Term Main definition
Цимет

Цимет на сон значи дека ќе добиете подарок или бакнеж од саканата личност.

Што значи да сонувате цимет?

Ако видите цимет на сон

Ако на сон видите цимет, тоа симболизира љубов. Можно е во наредниот период да бидете многу задоволни во врската или во бракот и тоа ќе се види по искрената насмевка која нема да ја вадите од лицето. Најубаво функционирате кога сте емотивно исполните бидејќи тогаш се ви оди од рака. Ќе се потрудите да ви потрае идилата и вие уште повеќе да го продлабочите вашиот однос.

Ако користите цимет на сон

Кога сонувате дека ставате цимет во пијалак, тоа укажува дека ќе го заведете партнерот/партнерката. За вас може да се каже дека имате вишок самодоверба и никогаш не се помирувате со „не“ како одговор на вашето додворување. Многу сте упорни па не се откажувате ниту тогаш кога изгледа дека нема никакви надежи. Од таа причина успевате да остварите се она што сте го замислиле после кое се чувствувате како вистински победник.

Ако мирисате цимет на сон

Ако сонувате дека мирисате цимет на сон тоа е предупредување да внимавате што сакате бидејќи тоа може да ви се исполни. Веројатно сакате да ви се приближи личност која веќе долго време ви го привлекува вниманието. Меѓутоа, ќе заборавите дека не е злато се што сјае и дека луѓето се може да се претстават какви што не се. Доколку бидете заедно ќе сфатите дека сте требале да вклучите и мозок, а не само срце.

Ако сонувате дека јадете цимет

Доколку сонувате дека јадете цимет тоа значи дека би требале да внимавате кому се доверувате. Некој може да ја злоупотреби вашата наивност или да ја искористи против вас. Водете сметка за тоа кому му ги кажувате плановите, стравовите или желбите.

Ако сонувате дека други јадат цимет

Ако во ваш сон некој друг јаде цимет можеби е откриете нечија тајна. Тоа нема да биде последица на вашата љубопитност, туку едноставно ќе се најдете на погрешно место и во погрешно време. Најдобро би било да го задржите тоа за себе бидејќи нема да имате никаква корист ако кажете на другите за тоа.

Ако сонувате дека купувате цимет

Овој сон укажува на тоа дека сте загрижени за сопственото или туѓото здравје. Можеби чекате резултати од некоја анализа или лекарски преглед и многу размислувате за тоа. Не дозволувајте стресот да ве „земе под свое“ бидејќи тоа нема да донесе ништо добро ниту вам ниту на вашите блиски.

Ако сонувате дека продавате цимет

Кога сонувате дека продавате цимет тоа значи дека веројатно конечно ќе увидите дека треба да бидете задоволни со она што го имате. На тоа ќе ве наведе нечија приказна. Ќе сфатите дека всушност сте среќни бидејќи имате луѓе кои ве сакаат и почитуваат и ќе престанете да им барате маани на саканите лица.

Ако подарувате некому цимет

Доколку на сон подарувате цимет можеби од вашиот живот ќе исфрлите личност која веќе некое време не ви одговара. Веројатно се работи за пријател од детството кој многу се променил и чие друштво повеќе не ви одговара. Во неговите/нејзините зборови ќе препознавате љубомора и завист и повеќе нема да го/ја гледате со „исти очи“. Колку и да ви звучи чудно, нема да се каете поради оваа одлука.

Ако некој ви подарил цимет

Ако сонувате дека некој ви подарил цимет тоа значи дека ве гризе совеста што сте премолчеле важна информација на саканата личност. Со намера да ја заштитите сте одлучиле да сокриете. Размислете дали тоа ви е правилна одлука или сте оделе по линија на помал отпор. Во секој случај, време е да преземете одговорност за своите постапки и да признаете кога ќе направите грешка.

Ако сонувате стебло од цимет

Ваквите соништа се ретки со оглед на тоа дека повеќето луѓе не можат да препознаат стебло од цимет бидејќи не е достапно на овие простори. Доколку сепак заклучите дека станува збор за стебло од цимет тоа значи дека конечно сте добиле прилика да отпатувате во некоја егзотична земја. Тоа ќе биде остварување на вашите долгогодишни мечтаења, затоа уживајте!

Ако сонувате циметов лист

Исто како и со стебло од цимет, циметовиот лист не е лесен за препознавање. Ако сте успеале да препознаете дека се работи за циметов лист очекувајте добри вести од странство. Ако чекате виза или интервју за работа во друга држава, наскоро ќе се израдувате.

Ако сонувате плод од цимет

Кога на сон видите зрнест долгнавест плод со кратки боцки можно е да станува збор за плод од цимет. Во тој случај ви претстои еден убав период. Ќе бидете задоволни и од емотивниот и од деловниот живот, а нема да ви недостасуваат ниту парите. Ќе успеете да ги санирате долговите, но и да си дозволите нешто за кое долго мечтаете.

Ако сонувате цвет од цимет

Цветови од цимет на сон укажуват на неудобност. Можно е да се посрамотите пред поголемо друштво. Ќе учествувате во разговор на тема за која не сте доволно информирани. Со намера да се покажете како компетентен соговорник ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните. Тогаш ќе сфатите дека понекогаш е поефикасно да молчите, отколку да зборувате по секоја цена.

Ако сонувате циметови стапчиња

Ако на сон видите циметово стапче очекувајте пријатно дружење со интересни луѓе. Ќе се најдете во ситуација да присуствувате на настан на кој не познавате никого.  Тоа ќе ви предизвика трема бидејќи нема да знаете како да се однесувате. Сепак, ќе произлезе дека одлично ќе се вклопите во друштвото и ќе се забавувате.

Чај од цимет

Кога сонувате дека правите чај од цимет можеби сте осамени или ви недостасува внимание. Ако се чувствувате така и покрај тоа што долго време имате партнер, можно е тој/таа да не ви обрнува доволно внимание или сте се оддалечиле. Поработете на својот однос, разговарајте отворено, бидејќи тој/таа можеби се чувствува исто, но не сака да ви го каже тоа.

Лицата кои подолго време немаат партнер овој сон е порака дека е време да го променат емотивниот статус. Ако, пак, сонувате дека пиете чај од цимет тоа е порака да не влегувате во конфликт со агресивни луѓе. Во близина имате лице кое не поднесува критика. Сигурно веќе сте биле во конфликт и заклучиле дека премногу е тврдоглав/а за да можете конструктивно да разговарате.

Ако не сакате оваа неудобна расправа да се претвори во вербален или физички конфликт, повлечете се на време. Пуштете го/ја да живее и мисли како сака.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе цимет, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за цимет

Цимет е зимзелено дрво од семејството ловор од кое се добива истоимениот зачин.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg