Циркус

Term Main definition
Циркус

Ако видите циркус тоа значи дека ќе те измамат на работа, ако учествуваш во циркус значи јавен срам поради кој ќе ти го свртат грбот луѓето во кои си верувал.

Што значи да сонувате циркус?

Ако видите циркус на сон

Ако на сон видите циркус тоа предупредува на измама. Можно е да работите за луѓе кои се многу слаткоречиви и кои ќе ви понудат услови кои се подобри од оние на кои сте навикнати. Ќе го фалат секој ваш потег, а на грешки нема да обрнуваат никакво внимание. Ќе имате чусвтво дека нешто не е како што треба, но ќе ви годат пофалбите и нивната намера да ве унапредат.

Со текот на времето ќе сфатите дека некои нивни постапки се сомнителни, како и безусловната доверба која ви ја подаруваат.

Ако учествувате во циркус

Кога сонувате дека учествувате во циркус тоа имплицира дека ќе доживеете срамота. Некој ќе се обиде да ви наштети и луѓето од вашата средина ќе зборуваат лаги и непроверени трачеви. Тоа ќе предизвика бурна реакција кај најблиските пријатели кои ќе сакаат да ве заштитат, но лагата повторена илјада пати станува вистина.

Ако напуштате циркус на сон

Ако сонувате дека заминувате од циркус тоа значи дека ќе се вратите на старите рутини. Веројатно во претходниот период сте биле на одмор и уживале во различни активности и дружење со драги луѓе. Ви сакале да потрае, но бројните обврски ве чекаат.

Ако бегате од циркус

Ако бегате од циркус на сон тоа значи дека сте паднале под влијание на личност која со своите манипулации успеала да ве наговори да зборувате и правите нешто што сметате дека не е правилно. Можеби станува збор за постара личност од семејството која смета дека големото искуство во животот и дава за право да контролира туѓи животи.

Време е да се оттргнете од неговите/нејзините канџи и да почнете да мислите со своја глава. Доколку на сон видите дека други бегаат од циркус тоа имплицира дека нема да биде усвоен добронамерниот совет кој сте го дале на пријателот. Наместо да се лутите и да му ја набивате грешката на нос, потрудете се да му/и бидете поддршка во тешките моменти.

Ако се смеете во циркус

Кога сонувате дека гледате нешто смешно во циркус и притоа уживате можеби ќе ви се оствари некоја желба. Можеби ќе успеете да промените работа, па дури и место на живеење или да положите важен испит на факултет. Во секој случај, пред вас е еден убав период. Ако на сон видите дека други се смеат во циркус, тоа значи дека сте осамени.

Сте сфатиле дека и покрај големиот број на луѓе околу вас, немате со кого искрено за разговарате. Ве мачи фактот дека немате доволно доверба во никого, бидејќи лошите искуства ве научиле да бидете внимателни. Тоа довело да се „затворите“ пред другите луѓе. Веројатно сте свесни дека сами вие можете да си помогнете.

Ако плачете во циркус

Сон во кој плачете во циркус симболизира голема доза на емпатија која ја поседувате. По природа сте чувствителни и многу лесно може да ве растажи туѓо страдање. Честопати ги минимизирате своите проблеми пред другите. Поради тоа луѓето ве сакаат и ја искористуваат вашата добрина.

Што побргу сфатите дека не можете да влијаете на многу нешта, толку подобро за вас. Ако видите дека други плачат во циркус тоа значи дека пријателот ќе ве изненади со неудобни вести. Веројатно она што ќе го чуете нема да ви се допадне.

Ако се степате во циркус

Доколку на сон се тепате во циркус со акробат, магионичар или некој гледач, тоа имплицира дека залудно се обидувате да промените некоја личност. Со вашите постапки само создавате контра ефект и го загрозувате вашиот однос. Ако не ви одговара личност разделете се од неа.

Кога сонувате дека други луѓе се тепаат во циркус тоа значи дека ќе бидете „судија“ во спор помеѓу две лица кои еднакво ги сакате и ги почитувате. Од вас ќе бараат да заземете страна, па ќе ви биде потребна голема мудрост да кажете што мислите, а притоа да не повредите никого. Добро размислите за да донесете што поправилна одлука поради која нема да има потреба да се извинувате.

Ако се расправате во циркус

Ако сонувате дека се расправате во циркус тоа имплицира дека ќе влезете во расправа со тврдоглава личност. Сон во кој се расправате со кловн во циркус укажува на тоа дека некој ќе се обиде да ја злоупотреби вашата лековерност.

Доколку сонувате дека се расправате со магионичар во циркус тоа претставува предупредување да внимавате со кого се дружите или соработувате. Во блиска иднина некоја личност ќе се обиде да ве искористи за да постигне свои цели.

Ако сонувате дека ве нападнале животни во циркус

Ако сонувате дека ве нападнале или бркале коњи, лавови, слонови или други животни тоа значи дека би требале да се откажете од работата која не ви носи ниту пари ниту задоволство. Вашиот страв да излезете од кругот претставува кочница за напредок во животот. Време е да направите нешто за својот живот.

Доколку, пак, сонувате дека циркуски животни напаѓаат друг човек можно е дека ќе дојдете до судир со партнерот поради одлука која ја донел/ла против ваша волја. Сте постигнале договор околу наредниот голем чекор, но тој/таа одлучил да направи нешто со кое не сте се сложиле. Тоа ќе ве налути и разочара, но не би требале многу бурно да реагирате додека не ги дознаете причините поради тоа.

Циркуски шатор

Ако на сон видите циркуски шатор тоа имплицира дека поради моменталната работа или факултет сте ја занемариле креативноста. Вие сте личност која има многу таленти, но не можете да ги употребите во она што го работите. Можеби би требале да се посветите на некое хоби бидејќи тоа во иднина би можело да ви донесе голема заработка.

Кога сонувате дека палите или рушите циркуски шатор  тоа значи дека сте изморени и исцрпени од секојдневните обврски. Често немате време ниту да се наспиете, ниту да уживате во нештата кои ве исполнуваат. Понекогаш занемарувате и дружба со драги луѓе затоа што немате доволно енергија за тоа. Време е да си ги одредите приоритетите и подобро да си го организирате секојдневието. Така ќе успеете да ги завршите обврските, но и да се посветите на убавите нешта.

Ако некој друг пали циркуски шатор тоа претставува предупредување да престанете со своите амбиции да ги загрозувате другите луѓе. Тоа што сакате да бидете успешни е нормална и позитивна работа. Спорен е начинот на кој сакате да ја постигнете целта.

Значењето може да биде поедноставно. Ако сте биле во циркус пред скоро време тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за циркус

Циркус го сочинуваат група на изведувачи кои често менуваат место на живеење, а се состои од: кловнови, магионичари, жонглери и животни.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg